Алумни клуб на ФДУ

Алумни филозофијата за поврзување на Факултетите со неговите дипломирани студенти е од особено значење за просперитетот и развојот на многу високообразовни институции во светот. Последниве десет години, алумни филозофијата е препознатлива и во многу европски земји, откако е утврдено дека алумни заедницата е исклучително важна карика помеѓу факултетите и нивните некогашни студенти, а денес етаблирани граѓани со високи уметнички дострели и на високи и одговорни функции во општеството.

Вашето членство во алумни клубот на Факултетот за драмски уметности во Скопје е од особено значење за проширување на активностите со кои ќе успееме да го подигнеме дигнитетот и значењето на професиите: драмски актери, драматурзи, сценаристи, продуценти, театарски и филмски режисери, театролози, филмски и ТВ сниматели и монтажери и ќе придонесеме за уште поголем развој на факултетот.

Главна цел на алумни клубот е да се обиде да ги вмрежи поединците кои со својот углед и работа можат да му помогнат на Факултетот за драмски уметности во Скопје, за да продолжи развојот на добрите односи со сите Вас кои поттикнувате позитивни иницијативи. Воедно, односите со алумните ќе изградат солидна база за понатамошни активности и стратегија, ќе создадат база на податоци и осмислување на програми за заедничко остварување на поставените цели.


Основните идеи на Алумни клубот се:

  • поврзување - брза и достапна размена на информации;
  • берза на работа, совети и идеи кои ќе можат да ги разменуваат алумнистите.

Мисија и цели на алумни клубот се:

  1. Професионално и општествено поврзување на дипломираните и редовните студенти од земјата и надвор од неа, наставниот и соработнички кадар на ФДУ-Скопје.
  2. Подигнување на дигнитетот, значењето и имиџот на драмските актери, драматурзи, сценаристи, продуценти, театарски и филмски режисери, театролози, филмски и ТВ сниматели и монтажери.
  3. Промовирање, лобирање и зајакнување на јавната поддршка (приватна и државна) на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
  4. Ангажирање на АЛУМНИ членовите за специјални предавања пред студентите на ФДУ.
  5. Осовременување, консултации и усогласување на студиските програми со потребите и барањата на сценскоизведувачките, аудиовизуелни и останати институции.
  6. Одржување на традицијата на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Според Член 6 од ПРАВИЛНИКОТ за АЛУМНИ КЛУБОТ на Факултетот за драмски уметности, Член на Алумни клубот на ФДУ е секое лице кое успешно ја завршило било која одобрена студиска програма, спроведена од Факултетот за драмски уметности во Скопје или секое вработено и пензионирано лице на Факултетот за драмски уметности во Скопје.


Online апликација Драги Aлумни и пријатели на Факултетот за драмски уметности во Скопје, пополнете ја online ПРИСТАПНИЦАТА со која практично станувате член на Алумни клубот на ФДУ.

Доколку сакате пристапницата да ја испратите покасно, од вашиот e-mail или пак во печатена форма, истата можете да ја преземете од линковите за преземање и да ја испратите на адресата од Факултетот за драмски уметности - Скопје (наведена во насловот на документот).


Информации за актуелните настани поврзани со активностите на Алумни клубот на Факултетот за драмски уметности можете да најдете на страната со известувања за членовите на Алумни клубот.



Документи за преземање:

  • Обраќање од деканот на Факултетот за драмски уметности: PDF
  • Правилник за Алумни клубот на Факултетот за драмски уметности: PDF
  • Пристапница за Алумни клубот на Факултетот за драмски уметности: PDF MS Word

* За да го преземете документот кликнете на иконата со соодветниот линк.

ПРИСТАПНИЦА
за Алумни клубот на
УКИМ Факултет за драмски уметности - Скопје
*
*
*
*
*
*
*
*
*
*
Полињата означени со * се задолжителни!