Академска Сцена - Почетна

Почитувани


Дали Вие чувстувате потреба за еден нов бран свежина во театарот и филмот? Дали имате недостаток на добар театар и филм во крвта? Дали на Вашето омилено божество скришно му носите пар пешкири и две-три шишња зејтин, молејќи го да Ви испрати достоен одговор на Вашето прашање, а притоа, Вашето прашање е „Кога ли ќе седнам да видам нешто ново, возбудливо на оние штиците што живот значат, на она магично сребрено платно?“ ?


Дами и господа, одговорот стигна. Јасен е, ем гласен. Одговорот тлее на ул. Руѓер Бошковиќ бб, под закрила на Факултетот за Драмски Уметности и тој е во точниот облик и форма на новата сезона на Академската Сцена. Ова е тоа што го чекавте, тоа за кое се збори, тоа кое се бара. Шанса Вие да бидете сведок на создавањето на нови веле-сили, нови бури во нашите театарски и филмски води. Шанса да присуствувате на создавањото на следните мајстори на драмскиот и филмскиот занает. Шанса за која просто немате добра причина зошто да ја пропуштите.



Со почит,
Академска Сцена.