Аудио-визуелна лабораторија

Лабораторијата за дигитална аудио-визуелна продукција и постпродукција при Факултетот за драмски уметности во Скопје е во состојба да одговори на следниве потреби:

Лабораторија за дигитална аудио-визуелна продукција и постпродукција
  • Продукција и постпродукција на рекламни спотови и музички видеа (комплетна реализација и изработка - сценарио, режија, снимање, монтажа, графички и аудио дизајн).
  • Продукција и постпродукција на корпоративни видеа (профил на Компанија, производство и производни линии, саемски видео презентации и друг вид на аудиовизуелно претставување).
  • Продукција и постпродукција на документарни и играни проекти.
  • Продукција и постпродукција на серијали (играни и документарни форми).
  • Студиско снимање и постпродукциска обработка на тв емисии. Лабораторија за дигитална аудио-визуелна продукција и постпродукција
  • Теренско снимање на сите аудиовизуелни форми.
  • Снимање и обработка на звук.
  • 2Д и 3Д анимации.
  • Сompositing на видео и анимација.
  • Монтажа со графичка и звучна обработка на сите аудиовизуелни форми.
  • Преснимување на аудиовизуелни содржини од еден на друг формат (SD, HD, DVD…).
  • Green/blue screen - снимање и постпродукција.

На Факултетот за драмски уметности во Скопје работат професори и соработници кои ги покриваат сите области на предпродукциските, продукциските и постпродукциските фази на аудиовизуелните содржини.

Воедно, Факултетот има соработка и со високо квалитетни и професионални филмски и телевизиски дипломирани и реномирани автори во аудиовизелните области, а кои се водечки имиња во филмската, телевизиската и креативната индустрија.

Опремата и техниката во Лабораторијата за дигитална аудио-визуелна продукција и постпродукција може да одговори на сите потреби и барања на клиентот (HD преснимување, дигитализирање, трансфер во различни формати итн.).



Документи за преземање:

  • Уметнички трудови реализирани со Лабораторијата за дигитална аудио-визуелна продукција и постпродукција при УКИМ Факултет за драмски уметности - Скопје: PDF
  • Можности на Лабораторијата за дигитална аудио-визуелна продукција и постпродукција при Факултетот за драмски уметности во Скопје: PDF
  • Ценовник на услугите во Лабораторијата за дигитална аудио-визуелна продукција и постпродукција при Факултетот за драмски уметности во Скопје: PDF

* За да го преземете документот кликнете на иконата со соодветниот линк.