Сведоштва

Прочитајте дел од освртите кон делата на ФДУ, што другите мислат и кажале за нас и нашите постигнати резултати.


„Потребен ни е, конечно, лет“ - Гоце Смилевски во „Граѓански весник“ за Академската сцена при ФДУ.

Прочитајте ја целата статија од следниот линк.


FIST 06, Фестивал за меѓународен студентски театар во Белград, 2010 - две престижни награди (награда од публика и награда од жири) за најдобар перформанс за политичко кабаре „ОРКЕСТАР ББ“.

Прочитајте дел од критиките за политичко кабаре „ОРКЕСТАР ББ“ од следниов линк.


УРБАН ФЕСТ 2012 - Ниш - Меѓународен студентски фестивал за театар - Награда „Цар Константин“ за најдобра главна машка улога на Стефан Вујисиќ, студент во I година на ФДУ Скопје, за улога во претставата „Досије Дигма“.

На следните линкови можете да ги погледните Известувањето на жири комисијата и Дипломата.


„Театарска лабораторија на третиот милениум“ - Ивана Вуиќ во белградска „Политика“ за учеството на ФДУ на Фестивалот за студентски театар во Нови Сад (28.11 - 02.12.2013) со претставата „Галеб“ од А. П. Чехов.

Прочитајте ја целата статија од следниот линк.


Студентски филмови на Скопскиот филмски фестивал 2014 - Млада, бунтовна и креативна генерација на ФДУ со голема страст го разоткрива филмскиот занает

Прочитајте ја целата статија од следниот линк.


„Македонска актерска авангарда“ - Доц. Д-р Христо Петрески во битолскиот информативен неделник „Јавност“.

Прочитајте ја целата статија од следниот линк.


28 Филмски фестивал Херцег Нови - ГРАН ПРИ награда за краткометражниот игран филм „Враќање“ во рамките на студентската филмска програма

Краткометражниот игран филм „Враќање“ во режија на Дина Дума, на филмскиот фестивал во Херцег Нови е добитник на првата награда во рамките на студентската филмска програма. Прочитајте ја целата статија од следниот линк.


CINEPLEXX - Проекција на дипломски филмови - 2014

„АУДИЦИЈА“

Режија: Лавинија Софрониевска, Директор на фотографија: Дарио Секуловски
Сценарио: Горјан Милошевски, Монтажа: Мартин Иванов
Играат: Милан Тоциновски, Игор Ангелов, Јордан Симонов, Јаков Ангелов, Ивана Павлаковиќ

„ШЕКСПИРОВА 9/1“

Режија и монтажа: Владимир Митревски, Директор на фотографија: Дејан Димески
Сценарио: Димитрија Доксевски, Владимир Митревски
Играат: Димитрија Доксевски, Кристина Леловац, Емил Рубен, Лазар Манасков

„ВРАЌАЊЕ“

Режија: Дина Дума, Директор на фотографија: Наум Доксевски
Сценарио: Александар Русјаков, Дина Дума, Монтажа: Мартин Иванов
Играат: Ивана Павлаковиќ, Кристина Леловац, Димитрија Доксевски, Ивица Димитријевиќ

Филмовите се реализирани со поддршка на Агенцијата за филм на Р.Македонија.


3th Delhi Shorts International Film Festival (2014) - наградата за најдобра монтажа на документарен филм

Краткометражниот документарен филм „(Вон)земјанинот Ли“, на Сашко Мицевски ја доби наградата за најдобра монтажа на документарен филм на фестивалот Delhi Shorts International Film Festival во Индија. Филмот е дипломска работа на Сашко Мицевски кој е режисер и монтажер на филмот, директор на фотографија е Наум Доксевски, а извршен продуцент е Илија Циривири.

3th Delhi Shorts International Film Festival

Осми КРАФ фестивал во Крагуевац (2014) - две награди за филмот „Шекспирова 9/1“

На осмото издание на фестивалот КРАФ (Kragujevački Festival Antiratnog i Angažovanog Filma) во Крагуевац, Србија, краткиот игран филм „Шекспирова 9/1“ во режија на Владимир Митревски, студент на Факултетот за драмски уметности од Скопје, освои две награди: прва награда од жирито на фестивалот за најдобар студентски филм и признание од публиката за најдобар филм.


EASTWEEK Workshop во рамки на Trieste Film Festival (2014) - единствената награда за тритментот за долгометражниот игран филм „Midnight Train“

Тритментот за долгометражниот игран филм „MIDNIGHT TRAIN“ на Ана Јакимска, студент на катедрата за филмска и ТВ режија во класата на вон. проф. д-р Антонио Митриќески, работено под менторство на вон. проф. д-р Сашко Насев, е добитник на единствената награда на Филмскиот фестивал во Трст, Италија на работилницата EASTWEEK во конкуренција од десет пријавени проекти од различни европски земји. Наградата беше доделена од проф. д-р Павел Јех, Декан на филмската академија во Прага (ФАМУ).

Прочитајте ја целата статија од следниот линк.


Театарски маргини (25.03.2016) - Тодор Кузманов за Академска сцена

Осврт на Тодор Кузманов за Академската сцена при ФДУ и испитната претстава на студентите од прва година во класата на вон. проф. м-р Мими Таневска - Србиновска во емисијата Театарски маргини (од 25.03.2016).