Техничка база
Скица со димензии на академската сцена

Факултетот располага со сцена-кутија, со гледалиште од 120 седишта. Димензиите на сцената се 8 х 10 метри. На сцената постои и подвижно платно кое овозможува проекција од сите видови проектори, графоскопи, епископи, слајд проектори и сл. Сцената и гледалиштето се озвучени со Долби сараунд, а кабината е опремена со засилувачи, магнетофони, касетофони, CD, DVD, радио, аудио миксета, видео миксета, компјутерска светлосна миксета, LCD проектор (видео бим), проектори 16 мм и 8 мм. Салата е осветлена со халогено светло, а сцената ја покриваат 20 рефлектори од по 1000 W распоредени на три нивоа (4 + 10 + 6).

Во рамките на факултетот постојат и четири помошни сцени со димензии 9 х 6 метри. Овие помошни сцени располагаат со работно светло (4 х 500 W), завеси и гардероби.

За одвивање на наставата се користат 4 училници, опремени со аудио-визуелни наставни средства.

Факултетот располага и со модерна лабораторија за аудиовизуелни уметнички и научни истражувања, со три високо-квалитетни Sony F800 XDCAM HD камкордери, еден Sony камкордер BETA SP; четири DV камкордери; четири S-VHS камкордери; четири 16 мм филмски камери; 25 KW теренско светло со пропратна опрема. Факултетот располага со шест Apple Mac Pro монтажни станици, опремени со Aja Kona 3G картички и Sony HD SDI монитори. Еден Sony HDCAM рекордер, два Sony XDCAM HD рекордери, два Sony DV/DVCAM/HDV рекордери, една монтажна единица BETACAM SP; две монтажни единици S-VHS; 16 и 35 мм филмска монтажа. Целокупната техника од камери, монтажи и видео рекордери е поврзана во систем од ТВ Студио со Sony HD SDI видео миксер и Tascam 24 канална дигитална аудио миксета.

Сите служби, како и сите катедри, се опремени со персонални компјутери кои на студентите им се достапни во секое време.