Услови за запишување - Постдипломски студии

Втор циклус студии

Подетални информации и студиската програма за вториот циклус студии за 2011/12 година можете да најдете во овој pdf документ.


Доколку се пријават повеќе од 10 кандидати со завршени четиригодишни додипломски студии по Актерска игра со просек на оцените не помал од 8,0 од посебно стручните предмети Актерска игра, Сценски говор и Сценски движења и танци, ќе треба да се одржи приемен испит кој ќе се состои од:

  1. Есеј не пократок од 750 и не подолг од 1000 збора за мотивацијата на кандидатот да го продолжи своето школување;
  2. Интервју со кандидатот за неговата професионална кариера и за мотивитацијата изнесена во есејот;
  3. Подготвен монолог од античка трагедија по избор на кандидатот;
  4. Проверка на слухот и чувството за ритам.

Освен неопходните документи, пријавените кандидати треба да приложат и најмалку една портрет-фотографија, видео копии од претстави, филмови или видео-спотови (според нивни избор), како и есеи, статии и други написи доколку и во тој облик се занимавале со театарот и актерството.

Кандидатите при пријавување избираат една од двете главни насоки, на студиите:

  • Филмска, ТВ и продукција на останати аудиовизуелни/мултимедијални проекти
  • Театарска и продукција на останати сценски проекти

Кандидатите поднесуваат предлог-проект од наведените области (и смер) кој со менторска поддршка ќе го реализираат во текот на студиите.

Предлог-проектот е концепт (во обем од 5-10 страни) кој ги формулира основните креативни/продукциски аспекти.

Приемниот испит е од областа на основи на театарска, филмска и ТВ продукција, односно продукција на останати медиуми. Конкретната област се дефинира врз основа на изборот на насоката и смерот на студиите. Содржи писмен и усмен дел (на усмениот дел кандидатите го елаборираат и поднесениот предлог-проект).

Кандидатите со завршени 4-годишни додипломски студии на ФДУ - Оддел Продукција се ослободуваат од полагање на приемен испит (исклучок е усмена одбрана на предложениот предлог-проект).

Студенти со завршени 4-годишни додипломски студии на останати оддели на ФДУ со положен испит од предметот Основи на продукција и испити од останати уметнички предмети со најмал просек на оцени 8 (Ц).

  1. Две писмени препораки од професионалци во областа за која конкурираат
  2. Три кратки есеи:
    • Режисерска анализа на едно дело
    • Писмо за намери (зошто сакам да студирам)
    • Предложете своја театарска сезона од три дела / драми што би сакале да ги режирате со кратко образложение за секое
  3. Портрет фотографија
  4. Резиме/CV

Препораките се праќаат во затворен плик на адреса на ФДУ или директно на e-mail адресата на проф. Унковски: slobunko@yahoo.com

По приемот на пријавата, ФДУ, ако е потребно, ќе спроведе и директно интервјуирање, лично или преку skype.

Студентите кои завршиле додипломски студии по Филмска и ТВ режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје, стекнуваат право на упис без полагање на приемен испит. Ако правото на директен упис, врз основа на просекот од оценки го стекнале повеќе кандидати со ист просек од наведениот број со уписната квота, листа на првенство за директен упис се формира според оценките кои кандидатите со ист просек ги постигнале на следните предметни програми: Филмска и ТВ режија, Теорија на филм и Историја на филм. Сите останати кандидати што завршиле на останатите факултети, со собрани 240 кредити и просек минимум 8 потребно е да приложат :

  1. Аудиовизуелна работа која кандидатот ја режирал или бил еден од авторите. Истата се приложува во ДВД формат (најмалку три копии);
  2. Напишана анализа за приложената аудиовизуелна работа со акцент на применетите режисерски постапки (три примероци);
  3. Биографија;
  4. Мотивациско писмо (не подолго од 1000 збора)

Интервју со кандидатот за проценка на неговите способности за аудиовизуелна проценка, аналитичко размислување, структурално согледување на филмското дело, неговата професионална кариера, мотивитација, приложена аудиовизуелна работа и нејзина анализа;

Право на конкурирање имаат кандидати кои ги исполнуваат општите услови објавени во конкурсот во јавните гласила.

Основни услови за запишување се:

  • Завршен прв циклус на високо образование - додипломски студии (240 кредити)
  • Познавање на еден светски/странски јазик
  • Согласно со критериумите на постдипломски студии на Факултетот за драмски уметности, минимален успех на магистерски студии е просек 8. Право на упис имаат и кандидатите со просек понизок од 8, доколку имаат соодветно работно искуство во траење од најмалку 2 години или истражувачко искуство и објавени трудови од областа на театрологијата. За секој ваков случај одлука ќе донесе Советот на Факултетот.

Студенти со завршени 4-годишни додипломски студии (прв циклус студии - вкупно 240 ЕКТС кредити) на ФДУ (Оддел Драматургија) со најмал просек на оцени 8 поднесуваат:

  1. Уверение за завршени студии и за положени испити
  2. Биографија
  3. Образложение за избраниот модул

Сите останати кандидати што завршиле на останатите катедри на ФДУ, како и од други факултети, со собрани 240 кредити, со најмал просек на оцени 8 потребно е да приложат:


А. МОДУЛ ДРАМАТУРГИЈА

  1. Сопствена драма во обем од 35 до 50 страни.
  2. Уверение за завршени студии и за положени испити.
  3. Биографија.
  4. Есеј од 10 страници од областа на драматургијата.

    Кандидатот поминува и низ задолжителна:

  5. Работилница
  6. Разговор

Б. МОДУЛ ФИЛМСКО И ТВ СЦЕНАРИО

  1. Сопствено филмско или ТВ сценарио во обем од 35 до 90 страни.
  2. Уверение за завршени студии и за положени испити.
  3. Биографија.
  4. Есеј од 10 страници од областа на филмската драматургија.

    Кандидатот поминува и низ задолжителна:

  5. Работилница
  6. Разговор

Студентите кои завршиле додипломски студии по Филмско и ТВ снимање на Факултетот за драмски уметности во Скопје, стекнуваат право на упис без полагање на приемен испит. Ако правото на директен упис, врз основа на просекот од оценки го стекнале повеќе кандидати со ист просек од наведениот број со уписната квота, листа на првенство за директен упис се формира според оценките кои кандидатите со ист просек ги постигнале на следните предметни програми: Филмско и ТВ снимање, понатаму Теорија на филм, Историја на филм, Технологија на филмската слика и Технологија на електронската слика.

Сите останати кандидати Што завршиле на други студиски програми и факултети, со собрани 240 кредити и минимум просек 8 , потребно е да приложат:

  • Монтирана аудиовизуелна работа која кандидатот ја снимил или бил еден од авторите. Или Фотострип составен од најмалку 20 фотографии со формат 13 х 18 см во кој секоја фотографија ќе претставува кадар од замислениот филм. Темата е слободна. Истите се приложуваат во ДВД формат (три копии), а од Фотострипот и една хард позитив копија;
  • Напишана анализа за приложената аудиовизуелна работа или фотострипот со акцент на применетите снимателски постапки (три примероци);
  • Други уметнички и стручни работи за кои кандидатот смета дека го квалификуваат за вториот циклус на студии на модулот Филмско и електронско снимање на ФДУ.

Интервју со кандидатот за проценка на неговите способности за аудиовизуелна проценка, аналитичко размислување, структурално согледување на филмското дело, неговата професионална кариера, мотивитацијата, приложената аудиовизуелна работа или фотострип и нејзина анализа;

Задолжителни прилози за сите кандидати:

  • Диплома за завршен прв циклус студии со препис на оценките;
  • Биографија со исцрпен опис на досегашната стручна и уметничка работа;
  • Писмо за мотивација (не подолго од 1000 збора).

Во писмен облик да ги образложи причините заради кои сака да се запише на избраниот модул Филмско и електронско снимање. Во писмото за мотивација кандидатот може и поблиску да ги одреди облиците и содржината на уметничките проекти кои би сакал да ги реализира во текот на студиите, да го наведе и пописот од изборните предмети кои би сакал да ги запише, со појаснување на важноста на тие предмети за избраниот модул, да ја назначи можната тема на проектот - тезата за магистерската работа, како и свое видување на кариерата по завршетокот на постдипломските студии, и друго.

Студентите кои завршиле додипломски студии по Филмска и ТВ монтажа на Факултетот за драмски уметности во Скопје со просек 8, стекнуваат право на упис без полагање на приемен испит. Ако правото на директен упис, врз основа на просекот од оценки го стекнале повеќе кандидати со ист просек од наведениот број со уписната квота, листа на првенство за директен упис се формира според оценките кои кандидатите со ист просек ги постигнале на следните предметни програми: Филмска и ТВ монтажа, понатаму Теорија на филм, Историја на филм, Основи на Филмско и ТВ снимање

Сите останати кандидати што завршиле на други студиски програми и факултети, со собрани 240 кредити, потребно е да приложат:

  • Монтирана аудиовизуелна работа која кандидатот ја монтирал или бил еден од авторите. Истата се приложуваат во ДВД формат (три копии);
  • Напишана анализа за приложената аудиовизуелна работа со акцент на применетите монтажни постапки (три примероци);
  • Други уметнички и стручни работи за кои кандидатот смета дека го квалификуваат за вториот циклус на студии на модулот Монтажата како аудиовизуелно естетско поимање на ФДУ

Задолжителни прилози за сите кандидати:

  • Диплома за завршен прв циклус студии со препис на оценките;
  • Биографија со исцрпен опис на досегашната стручна и уметничка работа;
  • Писмо за мотивација (не подолго од 1000 збора).
  • Во писмен облик да ги објасни причините заради кои сака да се запише на избраниот модул „Монтажата како аудиовизуелно естетско поимање“. Во писмото за мотивација кандидатот може и поблиску да ги одреди облиците и содржината на уметничките проекти кои би сакал да ги реализира во текот на студиите, да го наведе и пописот од изборните предмети кои би сакал да ги запише, со појаснување на важноста на тие предмети за избраниот модул, да ја назначи можната тема на проектот - тезата за магистерската работа и друго.

Приемен испит:

Приемниот испит се темели на индивидуален усмен разговор, во кој Комисијата Ќе ги провери знаењата на кандидатот од областа на филмската и телевизиска монтажа и филмската теорија, но и да ги процени неговите способности за аудиовизуелна проценка, аналитичко размислување, структурално согледување на филмското дело, неговата професионална кариера, мотивитација, приложена аудиовизуелна работа и нејзина анализа.