Факултетот за драмски уметности Скопје организира подготвителни курсеви по студиските програми за кои ќе се врши упис на студенти во учебната 2026/2027 година и тоа:
- Подготвителниот курс по Актерска игра и Театарска режија ќе се реализира од 28.05.2026 до 02.06.2026 год (секојдневна работа вклучувајќи и сабота и недела), а цената изнесува 9.000 денари.
Курсот ќе го одржат проф. м-р Зоја Бузалковска и нас. вон. проф. м-р Александар Степанулески.
- Подготвителниот курс по Драматургија ќе се реализира од 29.06.2026 г. до 03.07.2026 год, а цената изнесува 6.000 денари.
Курсот ќе го одржат проф. м-р Маја Стевановиќ и вон. проф. д-р Сашо Кокаланов.
Пријавувањето на кандидатите е на следната меил адреса: emilija.debarlieva@fdu.ukim.edu.mk
