Skip links
Додипломски студии

Театарска режија

шеф на студиска програма

ред. проф.
БУЗАЛКОВСКА Зоја, м-р

следен уписен рок
во прва година студии: 2026

Студиската програма по Театарска режија претставува четиригодишни академски студии (осум семестри), структурирани според Европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС). Целта на програмата е да обезбеди сеопфатна уметничка, теоретска и техничка едукација на идни театарски режисери, преку индивидуализиран и продукциски ориентиран наставен процес.

Основниот пристап во наставата се заснова врз интеграција на практичната и менторската работа, при што студентите активно се вклучуваат во реализација на едукативни сценски проекти уште од почетните фази на студирањето. Студиите опфаќаат и детален преглед на театарската историја, драматургија и актерската методологија, со особен акцент на принципите на Станиславски и развојот на режисерската практика во 20. и 21. век.
Програмата се состои од:
- Специјализиран курс по театарска режија;
- Индивидуален план за развој на студентот во соработка со ментор;
- Предмети од областа на драмата, театарот, изведбата, сценскиот јазик и театарската естетика;
- Работа на сцени, едночинки и целовечерни претстави со студентски и професионални ансамбли;
- Асистирање во театарски институции и пракса во реални продукциски услови.

Секоја академска година овозможува продлабочување на уметничката автономија на студентот, со крајна цел развој на сопствен режисерски јазик. Акцентот се става на тимската работа, уметничката одговорност и критичкото размислување.
По успешно завршување на програмата, студентот се стекнува со звање Дипломиран театарски режисер, квалификуван за работа во театар и сродни уметнички проекти.

Предмети
Театарска режија
Актерска игра
Сценографија
Костимографија
Применета музика
Сценски движења и танци
Сценско мечување
Основи на драматургијата
Историја на филмот
Историја на светска драма и театар
Македонска драма и театар
Историја на уметноста
Психологија и психопатологија
Естетика
Македонски јазик
Студенти запишани во 2025/2026

класата ја води

ред. проф. БУЗАЛКОВСКА Зоја, м-р

 

Василковска Бојана

Ставревска Моника

47

Дипломирани театарски
режисери на ФДУ

Студиска програма

— Студиска програма - Актерска игра (2022)

Пристапница за Алумни клубот

на Факултетот за драмски уметности