Skip links

Центарот за кариера на ФДУ има за цел да ги подготви студентите при преминот од академскиот живот до професионални ангажмани, да ги поврзе со работодавачите и да им понуди поддршка во стекнување на знаења и вештини кои се потребни во современиот професионален свет. Тоа ќе го постигнеме со тоа што:

  • на студентите ќе им овозможиме пристап до најновите информации за важните потреби, работодавачи и можности за понатамошно образование, како и информации за можностите за вработување и извршување на практична настава;

  • ќе им помогнеме на студентите конструктивно да размислуваат за дадените можности;

  • позитивно и проактивно ќе обезбедиме информации, водство и поддршка за изнаоѓање институции и компании за исполнување на практичната настава, стажирање и/или вработување и други општи и поединечни барања;

  • ќе организираме работилници, кратки курсеви, разговори и претставување на работодавачите со што ќе им помогнеме на студентите подобро да го разберат бизнис светот и да ги совладаат вештините неопходни за организирање и успешно водење на сопствена кариера;

  • ќе соработуваме со сродни и други факултети од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и ќе ги поттикнуваме континуираните партнерства со останатите академски заедници во РСМ и надвор од неа;

  • обезбедуваме информации за можностите за вработување и извршување на практична настава.

— Центар за кариера (информации)

Пристапница за Алумни клубот

на Факултетот за драмски уметности