И оваа година, Факултетот за драмски уметности ќе отвори мешовита класа по Актерска игра и Театарска режија.
Класата ќе ја води проф. м-р Зоја Бузалковска и нас.вон.проф. м-р Александар Степанулески
ПРИЕМЕН ИСПИТ ПО ТЕАТАРСКА РЕЖИЈА
ПРВ КРУГ:
- Писмена работа на зададена тема;
- Тест од општа култура;
- Монолог по сопствен избор;
- Зададена стихотворба и стихотворба по сопствен избор;
- Проверка на чувството за ритам и слух;
- Разговор со кандидатите по однос на зададената литература и одбрана на писмената работа.
* Оние кандидати кои ќе го положат првиот круг, одат во вториот круг.
ВТОР КРУГ:
- Вежби за креативност, имагинација и други задачи поврзани со областа за која се конкурира;
- Работа на истиот или на новозададен монолог;
- Практична работа на етиди (вежби) по зададени теми, ситуации или ликови;
- Завршна презентација на најмалку една вежба со одбрана.
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЛИТЕРАТУРА:
Драми:
- Ајсхил – „Орестија“ (трилогија)
- В. Шекспир – „Ричард III“
- А. П. Чехов – „Три сестри“
- Г. Стефановски – „Лет во место“
- Д. Дуковски – „Балканот не е мртов“
* Кандидатите треба да имаат широки познавања од македонската и светската драмска и прозна литература.
Теорија:
- К. С. Станиславски – „Самоизградба на актерот“ (СИСТЕМ)
- Х. Клајн – „Основни проблеми на режијата“
- Mitchell – “Director’s Craft”
- П. Брук – „Празен простор“
- З. Бузалковска – „Разговори со УНКОвски“
* Кандидатите треба да бидат подготвени за разговор во врска со 5 (пет) македонски театарски претстави кои ги гледале во последните 4 (четири) години.
