На ден 31.8.2026 година (понеделник ) со почеток во 11:00 часот на УКИМ Факултет за драмски уметности – Скопје кандидатот Артин Селмани јавно ќе го брани магистерскиот труд „Драматург во пред-продукција, продукција и пост-продукција: лично искуство и сугестии“. Од Деканатот
Стипендиите се доделуваат на редовни студенти кои се запишани на прв циклус студии на сите факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во академската 2026-2027 година, кои постигнале исклучителни резултати и успех во претходниот циклус на образование, имаат достигнувања и мотивација за личен и професионален развој, но немаат доволно материјални средства за продолжување на сопственото образование. Информации и електронско аплицирање
Факултетот за драмски уметности во учебната 2026/27 ќе запише нова класа по театарска и филмска драматургија. Информациите за првиот и вториот дел од приемниот испит ќе ги најдете овде