Skip links

ПОВЕЛБА на Република Северна Македонија

Со Одлука на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на Факултетот за драмски уметности му е доделено високото признание ПОВЕЛБА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА по повод 50-годишното постоење и за суштински и траен придонес во развојот на театарската и филмската уметност, како и на драмското творештво преку педагошка дејност и преку автономна и автохтона театарска и филмска едукација. На свеченото доделување што се одржа на 25 март 2022 г., деканката Мими Таневска-Србиновска, во своето обраќање се заблагодари од името на Факултетот за драмски уметности за ова високо признание.

Пристапница за Алумни клубот

на Факултетот за драмски уметности