Skip links
Додипломски студии

Актерска игра

шеф на студиска програма

вон. проф. ЛЕЛОВАЦ Кристина, д-р

следен уписен рок
во прва година студии: 2026

Студиската програма по Актерска игра е конципирана како четиригодишни академски студии (осум семестри), според Европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС). Основната цел на програмата е образованието и стручното усовршување на идни актери преку систематски развиена педагошка методологија базирана на најзначајните актерски школи на 20. век. Наставата се темели врз принципите на Станиславски и неговите следбеници, дополнета со пристапите на Бертолт Брехт, Јежи Гротовски, Питер Брук и други истакнати теоретичари и практичари од областа на актерската уметност. Наставниот процес подразбира индивидуализиран пристап во работата со секој студент, со цел да се препознаат, поттикнат и развијат неговите лични уметнички потенцијали.

Програмата опфаќа:
- Предавања и теоретски студии;
- Индивидуални и групни вежби;
- Работа на етиди, сцени и цели претстави;
- Континуирана практична работа во театарски контекст;
- Настапи пред публика, почнувајќи од трет семестар.

Од третата година, студентите имаат можност да учествуваат во професионални театарски, филмски и телевизиски проекти, согласно академскиот распоред и обврските предвидени со програмата. Завршените студенти се стекнуваат со звање Дипломиран актер и се квалификувани за професионално дејствување во јавниот и независниот сектор на изведувачките уметности.

Предмети
Актерска игра
Филмска, ТВ и радио игра
Сценски говор со техника на глас
Сценски движења и танци
Гимнастика и акробатика
Сценско мечување
Соло пеење
Македонски јазик и правоговор
Македонска драма и театар
Историја на светска драма и театар
Психологија и психопатологија
Историја на уметноста
Македонски јазик
Студенти запишани во 2025/2026

класата ја водат

ред. проф. КИРАНЏИСКА Сузана, д-р

со  вон. проф. ЛЕЛОВАЦ Кристина, м-р

Жиро Миа Елиза Мариа

Јакимовски Теодор

Јанкуловска Бојана

Младеновски Вања

Мургоска Марија

Настов Филип

Петкоска Сара

Стојанов Ристе

Цветановски Давид

Чипуровска Анастасија

 

класата ја води

доц. ИЛИЕВСКИ Ангелчо, м-р

Атанасовска Ангела

Атовски Дамјан

Димоски Давид

Јанчевска Марија

Крстеска Теона

Петровски Милан

Тошева Вера

Трајковска Анастасија

Цветковска Ангела

Костиќ Ева

класата ја водат

ред. проф. БУЗАЛКОВСКА Зоја, м-р

со  вон.проф.СТЕПАНУЛЕСКИ Александар, м-р

Билаловиќ Енис

Димеска Ирена

Јездиќ Иво

Мазнев Мартин

Митровска Анастасија

Пејковска Ангела

Стојчевска Ева

Штарго Лора

класата ја водат

ред. проф. АБАЗИ Рефет, м-р

со  вон. проф. РАМАДАНИ Хисмет, м-р

Идеал Ндрецај

Фетаи Еурон

Шерифи Виган

класата ја води

ред. проф. ЕЛЈЕСА Касо, м-р

Идриз Озан

Саидова Игбал

 

Бреслиска Марија

Ѓорѓиески Наум

Јелушиќ Мина

Талеска Марија

Паскоски Димитар

225

Дипломирани актери на ФДУ

Студиска програма

— Студиска програма - Актерска игра (2022)

Пристапница за Алумни клубот

на Факултетот за драмски уметности