Факултетот за драмски уметности во учебната 2026/27 ќе запише нова класа по Театарска и филмска драматургија.
Класата ќе ја водат проф. м-р Маја Стевановиќ и вон. проф. д-р Сашо Кокаланов.
ПРИЕМЕН ИСПИТ ПО ТЕАТАРСКА И ФИЛМСКА ДРАМАТУРГИЈА:
ПРВ КРУГ:
- Писмена работа на зададена тема;
- Тест од општа култура;
- Разговор со кандидатите по однос на зададената литература и одбрана на писмената работа.
* Оние кандидати кои ќе го положат првиот круг, одат во вториот круг.
ВТОР КРУГ:
- Работа на театарска или филмска сцена со зададени параметри и оформана приказна со почеток, средина и крај ;
- Завршен разговор и одбрана на приемната задача.
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЛИТЕРАТУРА И ФИЛМОГРАФИЈА:
Драми:
- Окованиот Прометеј – Ајсхил
- Ojдип Тиранинот – Софокле
- Бакхии – Еврипид
- Хамлет – Вилијам Шекспир
- Тартиф – Жан Батист Поклен Молиер
- Иванов – Антон Павлович Чехов
- Кралот Иби – Алфред Жари
- Госпоѓица Јулија – Аугуст Стриндберг
- Мајката Храброст и нејзините деца – Бертолд Брехт
- Фарса за храбриот Науме – Русомир Богдановски
- Диво месо – Горан Стефановски
- Буре Барут – Дејан Дуковски
- Таткото – Флоријан Зелер
Филмови:
- 12 гневни луѓе – Сидни Лумет
- Рашомон – Акира Куросава
- Седмиот печат – Ингмар Бергман
- Крадци на велосипеди – Виторио Де Сика
- Сталкер – Андреј Тарковски
- Кум – Френсис Форд Копола
- Паразит – Бонг Џун-хо
- Таткото – Флоријан Зелер
- Самоуништување – Ербил Алтанај
- Тетовирање – Столе Попов
