Skip links
black circle on transparent big

ПРИЕМЕН ИСПИТ ПО ТЕАТАРСКА РЕЖИЈА 2026

И оваа година, Факултетот за драмски уметности ќе отвори мешовита класа по Актерска игра и Театарска режија.

Класата ќе ја води проф. м-р Зоја Бузалковска и нас.вон.проф. м-р Александар Степанулески

ПРИЕМЕН ИСПИТ ПО ТЕАТАРСКА РЕЖИЈА

ПРВ КРУГ:

  • Писмена работа на зададена тема;
  • Тест од општа култура;
  • Монолог по сопствен избор;
  • Зададена стихотворба и стихотворба по сопствен избор;
  • Проверка на чувството за ритам и слух;
  • Разговор со кандидатите по однос на зададената литература и одбрана на писмената работа.

* Оние кандидати кои ќе го положат првиот круг, одат во вториот круг.

ВТОР КРУГ:

  • Вежби за креативност, имагинација и други задачи поврзани со областа за која се конкурира;
  • Работа на истиот или на новозададен монолог;
  • Практична работа на етиди (вежби) по зададени теми, ситуации или ликови;
  • Завршна презентација на најмалку една вежба со одбрана.

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЛИТЕРАТУРА:

Драми:

  • Ајсхил – „Орестија“ (трилогија)
  • В. Шекспир – „Ричард III“
  • А. П. Чехов – „Три сестри“
  • Г. Стефановски – „Лет во место“
  • Д. Дуковски – „Балканот не е мртов“

* Кандидатите треба да имаат широки познавања од македонската и светската драмска и прозна литература.

Теорија:

  • К. С. Станиславски – „Самоизградба на актерот“ (СИСТЕМ)
  • Х. Клајн – „Основни проблеми на режијата“
  • Mitchell – “Director’s Craft”
  • П. Брук – „Празен простор“
  • З. Бузалковска – „Разговори со УНКОвски“

* Кандидатите треба да бидат подготвени за разговор во врска со 5 (пет) македонски театарски претстави кои ги гледале во последните 4 (четири) години.

Пристапница за Алумни клубот

на Факултетот за драмски уметности