FDU Logo

Факултет за драмски уметности - Скопје

Архивирање и дигитализирање на факултетската меморија

ФДУ - Скопје

Архивирање и дигитализирање на факултетската меморија


За проектот

Научно-истражувачки проект

Архивирање и дигитализирање на факултетската меморија

Факултетот за драмски уметности – Скопје во 2019 година прославува 50 години од своето постоење. Во овие педесет години, факултетот успешно работи и создава креативен потенцијал што придонесува за афирмација на македонската наука и култура. Во овие педесет години, огромен број на театарски и филмски уметници се профилирале и се едуцирале и се стекнале со можност да ја креираат културната сцена во земјава и надвор. За таа цел сметаме дека е важно да се архивираат и да се дигитализираат театарските и филмските податоци што се дел од факултетската меморија. На оваа интернет страница – база на податоци на факултетското минато се внесени сите студенти, професори, соработнички и технички кадар, исто како и студентските и дипломските испити (претстави, филмови, текстови), во сите три циклуси. Факултетот од своите почетоци ги снима и ги запишува студентските претстави и испити (претстави, филмови, драмски текстови, сценарија). Во факултетската меморија треба да се спомене и Студентскиот фестивал „Скомрахи“, на кој учествуваат академии и факултети за драмски уметности од регионот и пошироко. Сите овие историски релевантни податоци и сведоштва за работата на Факултетот за драмски уметности – Скопје, во време кога е нагласена грижата за културното наследство (посебно за нематеријалното) и во време кога се прави дигитализација и конзервација на истото тоа наследство, сè повеќе од потребни. За таа цел е конципиран и проектиран овој годишен проект (со можност истиот да се надградува секоја година). Проектот е финансиран од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.