Билатералниот проект Македонско-словенечки театарски врски (од 1990 до денес) се развиваше во две години (2017-2018) и беше изработен од страна на Факултетот за драмски уметности, Скопје и Академијата за театар, радио, филм и телевизија, Љубљана. Проектот беше поддржан од страна на Словенечката агенција за истражување и македонското Министерство за образование и наука. Главната цел на проектот беше одредување, запишување и проценување на заедничката соработка меѓу театарските уметници од двете земји. Истражувањето ги обедини сите полиња на изведбените уметности (драма, опера и балет/танц-театар), вкучувајќи посети од страна на индивидуалци и ансамбли.
Најчести професионални групи меѓу македонските театарски уметници кои редовно или повремено работеле во словенечните театри се: меѓу гостите, првите три професии се: автор на музика, режисер и оперски пејач, додека меѓу резидентите, две најчести професии себалетски играч/танчер и драматург. Во случајот на словенечки театарски уметници кои соработувале со македонските театри трите топ-професии меѓу гостите се драмски автор, режисер и танчер, но не можевме да детектираме ниту еден словенечки резидент во Македонија.
Два фестивали кои заслужуваат потенцирање во смисла на претставување на македонската театарска продуција во Словенија и обратно: словенечкиот фестивал Екс Понто (15 претстави) и македонскиот фестивал МОТ - Млад Отворен Театар (40 претстави).