Билатералниот проект Македонско-словенечки театарски врски (од 1990 до денес) се развиваше во две години (2017-2018) и беше изработен од страна на Факултетот за драмски уметности, Скопје и Академијата за театар, радио, филм и телевизија, Љубљана. Проектот беше поддржан од страна на Словенечката агенција за истражување и македонското Министерство за образование и наука. Главната цел на проектот беше одредување, запишување и проценување на заедничката соработка меѓу театарските уметници од двете земји. Истражувањето ги обедини сите полиња на изведбените уметности (драма, опера и балет/танц-театар), вкучувајќи посети од страна на индивидуалци и ансамби. Рецепцијата, критиката и важните уметнички достигнувања остварени од овие уметници и уметнички институции, беа исто така проучени од страна на македонските и словенечките истражувачи вклучени во проектот. Членови на македонскиот тим беа: Христина Цветаноска, Сашо Димоски, Драгана Милошевски Попова, Ана Стојаноска (водител на тимот) и Соња Здравкова Џепароска; членови на словенечкиот тим беа: Зала Добовшек, Алдо Милохниќ (водител на тимот), Маја Шорли и Гашпер Троха. Конечните резултати од проектот беа презентирани на конференција организирана од страна на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на 5.11.2018 година.
Македонија и Словенија речиси седумдесет години беа дел од иста држава: поаѓајќи од Кралството Југославија (меѓу двете светски војни) па сè до Социјалистичката Федреративна Република Југославија (1945-1991). Соработката во областа на културата и културолошката размена меѓу Словенија и Македонија во изминатите 25 години изградена е од релативно богати културолошки врски, воспоставени во претходните декади. Македонските и словенечките театри имаат своја сопствена историја на континуирани врски; врски кои се изградени врз сличните и блиски театарски традиции и постојаната желба за соработка. За време на институционализацијата на националите театри во заедничката држава, особено во времето пред и по Втората светска војна, тоа подразбираше наменско поврзување меѓу театарските центри од сите градови од поранешната заедничка држава. Во понатамошниот период овие врски беа одржувани благодарејќи на патувачките театри како и на визијата и посветеноста на неколку театарски ентузијасти. Во последните децении на минатиот век, врската меѓу Македонија и Словенија во театарска смисла беше градена главно низ заеднички учества на различни фестивали и посети од страна на респектабилни уметници од двете земји.
Заради различните ограничувања (во смисла на време, финасии и човечки ресурси) нашето истражување може да биде само пилот-проект кој ќе постави темел за идните, посложени и подетални истражувања на темата. Една од најупотребливите алатки за идните истражувачи на македонско-словенечките театарски врски, развиена во рамки на овој проект, е дигитална датабаза која содржи информации за театарските уметници, изведувачи и институции кои учествувале во билатералната соработка во изминатите 25 години. Иако собравме различни податоци од различните извори (како што е Словенечкиот театарски годишник кој го издава Словенечкиот театарски институт, првите верзии од македонската театарска датабаза одржувана од страна на Факултетот за драмски уметности, Скопје, архиви и театарски документи, поверливи интернет-извори и тн.) дадовме сѐ од себе за да ја изградиме целосната слика за оваа билатерална соработка и едновремено сме свесни дека оваа датабаза е сѐ уште нецелосна и треба да биде подобрена. Затоа, би биле благодарни за исправките и/или додавките на податоци од страна на секоја од институциите или поедниците кои можат да допринесат во истражувањето.
Собраните податоци од проектот беа обработени според неколку методолошки принципи поставени од страна на истражувачките групи. Главната поделба беше поставена меѓу гостувачки изведби и посети/гостувања (или соработки) на поединечни уметници. Гостувачките изведби, натаму, беа поделени во две поткатегории: прво, изведби од едната земја поканети од страна на театри во другата земја како честа практика на гостувања, и второ – изведби од едната земја кои биле во рамки на театарски фестивали во другата земја. Билатералната соработка меѓу поединци-уметници исто така беше поделена на две поткатегории: прво, уметници на краток (или наменски) престој, најчесто со цел учество во респективни театарски продукции или соработници на претставата, музиката и сл (оваа група ја нарекуваме гости) и второ, уметници кои доаѓаат од едната земја во другата и остануваат на одреден подолг период (повеќе години, ги нарекуваме резиденти). Овие поделби по категории и поткатегории беа важни методолошки алатки не само при собирањето податоци, туку и при анализа на собраните податоци.
Иако можеби е нецелосна во сегашната состојба во која проектот се наоѓа, датабазата ни овозможува да ја извлечеме барем прелиминарната статистика. Најважното откритие при квантитативниот дел од истражувањето е фактот дека македонско-словенечката театарска размена е значително асиметрична во сите категории и поткатегории: театарската размена најчесто патува од Словенија до Македонија, додека поединечните театарски уметници предоминантно патуваат од Македонија до Словенија. Мошне е очигледно ако ги споредиме податоците во датабазата: во периодот на кој се однесува истражувањето (1990-2015), 69 словенечки продукции учествувале на различните театарски фестивали во Македонија, додека само 33 македонски продукции зеле учество на словенечите театарски фестивали (како додавка, 13 македонски продукции биле поканети од страна на словенечките театри со цел да настапат како гости изведувачи на нивните сцени). Од друга страна, македонските уметници оствариле 227 поединечни соработки (105 како гости и 122 како резиденти) или просек од 8,4 соработки по сезона, додека нивните словенечки колеги учествувале во македонски продукции само 52 пати (сите како гости) или просек од 1.8 соработка по сезона.
Најчести професионални групи меѓу македонските театарски уметници кои редовно или повремено работеле во словенечните театари се: меѓу гостите, првите три професии се: автор на музика, режисер и оперски пејач, додека меѓу резидентите, две најчести професии се балетски играч/танчер и драматург. Во случајот на словенечки театарски уметници кои соработувале со македонските театри трите топ-професии меѓу гостите се драмски автор, режисер и танчер, но не можевме да детектираме ниту еден словенечки резидент во Македонија.
Два фестивали кои заслужуваат потенцирање во смисла на претставување на македонската театарска продуција во Словенија и обратно: словенечкиот фестивал Екс Понто и македонскиот фестивал МОТ - Млад Отворен Театар. Во речиси дводецениското постоење на Екс Понто, пред словенечката публика биле претставени различни жанрови, уметници, теми и формати од македонскиот театар. Основан во 1975, МОТ е водечки македонски фестивал профилиран кон експерименталните театарски форми и сценски лаборатории. Особен феномен е постојаното присуство на СМГ – Словенско младинско гледалишче на МОТ; во набљудуваниот период, МОТ бил домаќин на 25 продукции на СМГ. Овој импресивен број на гостувања е квантитативен индикатор на значајното влијание на словенечкиот театар во македонската театарска продукција.
Во периодот на своето постоење, Југославија овозможуваше не само материјална поддршка за професионалните театарски институции, туку и ја стимулираше културолошката соработка меѓу републиките на федерацијата. Особено невербалните форми на уметничкото изразување, како што се балетот и танцот, беа соодветни комуникатори во мултинационалната и мултилингвалната држава, каква што беше Социјалистичка Југославија. Но, процесот на распаѓањето на Југославија и формирањето новите независни држави Македонија и Словенија, предизвика значајни промени особено во полето на танцот и операта. Главната одлика на овие промени, од една страна, беше брзото ослабување на соработката меѓу националните балетски и оперски институции, а од другата страна – пораст на соработката меѓу невладините организации влкучени во создавањето, промоцијата и размената на современите танцови продукции. Договорот за соработка во образованието, културата и науката меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Словенија, потпишан во 1993, обезбеди законска позадина за натамошни нормативни акти за регулирање на конкретни начини и форми на соработка во културата. Степенот на интелектуална соработка во овие билатерални договори е скромен и неамбициозен, особено во полето на танцот како размената на фолклорните групи е загарантирана, додека размените во балетот и современите танцови изведби воопшто не се ни споменуваат.
Текстови од македонски драмски писатели ретко се поставуваат на реперотарите на словенечите театри, каков што е и обратниот случај. Размената на драмски текстови речиси исчезнува: во периодот од 1990 до 2015 само шест текстови од македонски автори биле поставени на сцена во словенечките театари, додека седум словенечки во македонските. Ова е најверојатно резултат на промената курсот на културалните политики на Словенија и Македонија, вртејќи се од блискиот историски и географски интерес кон ЕУ, САД и тн.
Билатералниот истражувачки проект Македонско-словенечки театрски врски (од 1990 до денес) ни дава можност да ги истражиме театарските јазли меѓу Македонија и Словенија во минатите декади, како и влијанието врз социјалниот, економски и политички ориентир на соработката на ниво на театарски практики. Голем број реномирани режисери, кореографи, изведувачи, композитори, сценографи и костимографи, како и цели ансамбли од Македонија ја посетиле Словенија и обратно. Нашите текстови, развивани низ билатералниот истражувачки проект и објавени во заедничкото издание на Амфитеатар и Арс Академика се фокусирани на теориското разгледување на овие активности, на анализа на заедничката рецепција, влијание врз рапертоари, начини на изведба, поетики и естетики на театарските практики, како и потенцијални соработки кои можат да следат во двете насоки. Се надеваме дека нашето истражување ќе придонесе кон подобро разбирање на процесите на размена од минатото и ќе стимулира посилна соработка меѓу македонските и словенечките театарски уметници и институции во иднината.
Алдо Милохиќ и Ана Стојаноска