Билатералниот проект Македонско-словенечки театарски врски (од 1990 до денес) се развиваше во две години (2017-2018) и беше изработен од страна на Факултетот за драмски уметности, Скопје и Академијата за театар, радио, филм и телевизија, Љубљана. Проектот беше поддржан од страна на Словенечката агенција за истражување и македонското Министерство за образование и наука. Главната цел на проектот беше одредување, запишување и проценување на заедничката соработка меѓу театарските уметници од двете земји. Истражувањето ги обедини сите полиња на изведбените уметности (драма, опера и балет/танц-театар), вкучувајќи посети од страна на индивидуалци и ансамби. Рецепцијата, критиката и важните уметнички достигнувања остварени од овие уметници и уметнички институции, беа исто така проучени од страна на македонските и словенечките истражувачи вклучени во проектот. Членови на македонскиот тим беа: Христина Цветаноска, Сашо Димоски, Драгана Милошевски Попова, Ана Стојаноска (водител на тимот) и Соња Здравкова Џепароска; членови на словенечкиот тим беа: Зала Добовшек, Алдо Милохниќ (водител на тимот), Маја Шорли и Гашпер Троха. Конечните резултати од проектот беа презентирани на конференција организирана од страна на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на 5.11.2018 година.