Почитувани студенти,
Врз основа на член 114, а во врска со член 37 став 6 од Законост за високо образование, (Сл.весник број 82/2018) , член 65 од Статутот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје (Универзитетски гласник бр. 425/2019) како и член 44 од Статутот на Факултетот за драмски уметности – Скопје, во состав на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, (Универзитетски гласник бр.455/2019), на ден 28.11.2019 година , четврток, со почеток во 10.00 часот, на УКИМ Факултет за драмски уметности во Скопје, ќе се спроведат избори за 14 члена и за 1 (еден) претседател на факултетското студенстко собрание.
Членовите и претседателот на Факултетското студентското собрание се избираат на непосредни, фер и демократски избори со тајно гласање, со мандат од една година и со право за уште еден избор.
За повеќе информации прочитајте ги следните документи:
Соопштение и упатство за пријавување на кандидати за факултетско студентско собрание
Одлука за распишување избори за Факултетско студентско собрание