FDU Logo
1969 50 2019

Факултет за Драмски Уметности - Скопје

Faculty of Dramatic Arts - Skopje

ФДУ - Скопје

FDA - Skopje


Сведоштва

Прочитајте дел од освртите кон делата на ФДУ, што другите мислат и кажале за нас и нашите постигнати резултати.

Прва награда на меѓународниот “One-Minute Play” натпревар за студенти

Стефан Миленков, студент во прва година на катедрата за Театарска и филмска драматургија (ФДУ-Скопје), со текстот „Отвори врата!“ ја освои првата награда на меѓународниот “One-Minute Play” натпревар за студенти, што се одржа на Академијата за Театар, Радио, Филм и Телевизија, при Универзитетот во Љубљана, Словенија.

„Медена земја“ - три награди на Санденс

Документар­ниот филм „Медена земја“ на режисерите и Тамара Котевска (дипломиран филмски и тв режисер на ФДУ) и Љубомир Стефанов освои три награди на најголемиот американски фестивал на независен филм Санденс, меѓу кои и Главната награда од жирито во програмата Светски филм за документарци, Специјалната награда од жирито за влијание за промена за Котевска и Стефанов како и Специјална награда за камера за Фејми Даут (дипломиран филмски и тв снимател на ФДУ) и Самир Љума. Продуцент на филмот е Атанас Георгиев (дипломиран филмски и тв монтажер на ФДУ). Факултетот за драмски уметности во Скопје им честита на авторите и на сите учесници.

Брилијантна студентска изведба - Тодор Кузманов

( „ММЕ кој прв почна“ од Дејан Дуковски; продукција: ФДУ - студенти по актерска игра од Трета година од класата на проф. М-р Мими Таневска Србиновска и дем. Ангелчо Илиевски; ноември 2018 г.)

СКОМРАХИ – 2018 г. (средби на студенти и наставници од високите школи за театарска и филмска уметност) ги отвори Факултетот за драмски уметности, значи, домаќинот на оваа студентска манифестација со претставата „ММЕ кој прв почна...“ од Дејан Дуковски. На свеченото отворање на фестивалот, авторот на текстот искажа интересна синтагма која во целост може да се однесува на прекрасната и блескава сценска реализиација што ни ја приредија студенти по актерска игра, а имено, дека на пиесата одлично сега би и прилегал насловот „Алал вера кој прв почна“.

Освртот можете да го прочитате од следниот линк.

Блескава сценска креација - Тодор Кузманов за претставата „Ревизор“

Осврт на Тодор Кузманов за испитната претстава „Ревизор“ од Гогољ во изведба на студентите по актерска игра (четврти семестар) од класата на проф. м-р Мими Таневска и дем. Ангелчо Илиевски, во емисијата „Културен мозаик“ на Радио Скопје, април 2018.

Освртот можете да го прочитате од следниот линк.

Театарски маргини (25.03.2016) - Тодор Кузманов за Академска сцена

Осврт на Тодор Кузманов за Академската сцена при ФДУ и испитната претстава на студентите од прва година во класата на вон. проф. м-р Мими Таневска - Србиновска во емисијата Театарски маргини (од 25.03.2016).

EASTWEEK Workshop во рамки на Trieste Film Festival (2014) - единствената награда за тритментот за долгомет­ражниот игран филм „Midnight Train“

Тритментот за долгомет­ражниот игран филм „MIDNIGHT TRAIN“ на Ана Јакимска, студент на катедрата за филмска и ТВ режија во класата на вон. проф. д-р Антонио Митриќески, работено под менторство на вон. проф. д-р Сашко Насев, е добитник на единствената награда на Филмскиот фестивал во Трст, Италија на работилницата EASTWEEK во конкуренција од десет пријавени проекти од различни европски земји. Наградата беше доделена од проф. д-р Павел Јех, Декан на филмската академија во Прага (ФАМУ).

Прочитајте ја целата статија од следниот линк.

Осми КРАФ фестивал во Крагуевац (2014) - две награди за филмот „Шекспирова 9/1“

На осмото издание на фестивалот КРАФ (Kragujevački Festival Antiratnog i Angažovanog Filma) во Крагуевац, Србија, краткиот игран филм „Шекспирова 9/1“ во режија на Владимир Митревски, студент на Факултетот за драмски уметности од Скопје, освои две награди: прва награда од жирито на фестивалот за најдобар студентски филм и признание од публиката за најдобар филм.

3th Delhi Shorts International Film Festival (2014) - награда за најдобра монтажа на документарен филм

Краткомет­ражниот документарен филм „(Вон)зем­ја­нинот Ли“, на Сашко Мицевски ја доби наградата за најдобра монтажа на документарен филм на фестивалот Delhi Shorts International Film Festival во Индија. Филмот е дипломска работа на Сашко Мицевски кој е режисер и монтажер на филмот, директор на фотографија е Наум Доксевски, а извршен продуцент е Илија Циривири.

3th Delhi Shorts International Film Festival

CINEPLEXX - Проекција на дипломски филмови - 2014

„АУДИЦИЈА“

Режија: Лавинија Софрониевска, Директор на фотографија: Дарио Секуловски
Сценарио: Горјан Милошевски, Монтажа: Мартин Иванов
Играат: Милан Тоциновски, Игор Ангелов, Јордан Симонов, Јаков Ангелов, Ивана Павлаковиќ

„ШЕКСПИР­ОВА 9/1“

Режија и монтажа: Владимир Митревски, Директор на фотографија: Дејан Димески
Сценарио: Димитрија Доксевски, Владимир Митревски
Играат: Димитрија Доксевски, Кристина Леловац, Емил Рубен, Лазар Манасков

„ВРАЌАЊЕ“

Режија: Дина Дума, Директор на фотографија: Наум Доксевски
Сценарио: Александар Русјаков, Дина Дума, Монтажа: Мартин Иванов
Играат: Ивана Павлаковиќ, Кристина Леловац, Димитрија Доксевски, Ивица Димитријевиќ

Филмовите се реализирани со поддршка на Агенцијата за филм на Р.Македонија.

28 Филмски фестивал Херцег Нови - ГРАН ПРИ награда за краткомет­ражниот игран филм „Враќање“ во рамките на студентската филмска програма

Краткомет­ражниот игран филм „Враќање“ во режија на Дина Дума, на филмскиот фестивал во Херцег Нови е добитник на првата награда во рамките на студентската филмска програма. Прочитајте ја целата статија од следниот линк.

„Македонска актерска авангарда“ - Доц. Д-р Христо Петрески во битолскиот информативен неделник „Јавност“.

Прочитајте ја целата статија од следниот линк.

Студентски филмови на Скопскиот филмски фестивал 2014 - Млада, бунтовна и креативна генерација на ФДУ со голема страст го разоткрива филмскиот занает

Прочитајте ја целата статија од следниот линк.

„Театарска лабораторија на третиот милениум“ - Ивана Вуиќ во белградска „Политика“ за учеството на ФДУ на Фестивалот за студентски театар во Нови Сад (28.11 - 02.12.2013) со претставата „Галеб“ од А. П. Чехов.

Прочитајте ја целата статија од следниот линк.

УРБАН ФЕСТ 2012 - Ниш - Меѓународен студентски фестивал за театар - Награда „Цар Константин“ за најдобра главна машка улога на Стефан Вујисиќ, студент во I година на ФДУ Скопје, за улога во претставата „Досије Дигма“.

На следните линкови можете да ги погледните Известувањето на жири комисијата и Дипломата.

FIST 06, Фестивал за меѓународен студентски театар во Белград, 2010 - две престижни награди (награда од публика и награда од жири) за најдобар перформанс за политичко кабаре „ОРКЕСТАР ББ“.

Прочитајте дел од критиките за политичко кабаре „ОРКЕСТАР ББ“ од следниов линк.

„Потребен ни е, конечно, лет“ - Гоце Смилевски во „Граѓански весник“ за Академската сцена при ФДУ.

Прочитајте ја целата статија од следниот линк.