FDU Logo
1969 50 2019

Факултет за Драмски Уметности - Скопје

Faculty of Dramatic Arts - Skopje

ФДУ - Скопје

FDA - Skopje

Услови за запишување - Постдипломски студии

Факултетот за драмски уметности - Скопје врши упис на кандидати на постдипломски (мастер) студии (4+1) на следните студиски програми: Актерска игра, Драматургија, Театрологија, Театарска режија, Филмско и ТВ снимање, Филмска и ТВ режија, Филмско и ТВ сценарио, Филмска и ТВ монтажа и Продукција.

Условите и начинот на запишувањето на студиите се во согласност со одредбите на Законот за високо образование, Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на втор циклус студии на УКИМ во Скопје, како и со критериумите утврдени и објавени во Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на УКИМ во Скопје. Запишувањето на студии од втор циклус се врши врз основа на конкурс кој го објавува Универзитетот. Називот на конкурсот е: Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (во натамошниот текст: конкурс).

Постапката за донесување и објавување на конкурсот е утврдена со закон и со Правилник на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

Право за запишување на студиите од втор циклус имаат лица кои завршиле соодветни студиски програми за сценско-изведувачки уметности (како актерска игра, драматургија, театарска режија, современ танц и сл.) и кои ги исполнуваат основните критериуми:

  • завршен I циклус на студии усогласени со европскиот кредит-трансфер систем (во натамошниот текст: ЕКТС-кредити);
  • завршени додипломски студии по студиските програми пред воведувањето на европскиот кредит-трансфер систем, на кои им се признаваат 240 кредити;
  • завршени додипломски студии (прв циклус студии -240 ЕКТС) и да исполнуваат други услови предвидени со студиските програми за организирање втор циклус студии на Факултетот за драмски уметности;
  • завршени додипломски студии со просек над 8,0 или просечна оценка пониска од 8,0 доколку кандидатите имаат соодветно работно и/или истражувачко искуство од најмалку 2 години;
  • познавање на еден од светските јазици
    • доказ за познавање на светски јазик е сертификат од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ или меѓународен сертификат или диплома за претходно стекнато образование на соодветниот светски јазик.
  • Право на запишување на студиите од втор циклус имаат и странски државјани согласно со Закон и со Правилник на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

Кандидатот треба да достави:

  • Био-библиографија
  • Мотивационо писмо
  • Материјали и/или видео копии од учество во сценско-изведувачки и/или аудио-визуелни форми (според нивни избор), како и есеи, статии и други написи доколку и во тој облик се занимавале со областите кои ги опфаќаат студиите.

По разгледување на доставената документација со секој кандидат се спроведува индивидуално интервју врз основа на кое се носи одлука за прием.

За сите пријавени кандидати на втор циклус универзитетски студии кои не се од соодветно научно-уметничко подрачје, област или дисциплина, задолжително се врши проверка на компетенциите (знаење и умеење). Текот и содржината на проверката, за секоја Студиска програма подделно на втор циклус, се одредени со општи и посебни услови кои ги одредува Факултетот.

Условите и начинот на запишувањето на студиите се во согласност со одредбите на Законот за високо образование, Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на втор циклус студии на УКИМ во Скопје, како и со критериумите утврдени и објавени во Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на УКИМ во Скопје. Запишувањето на студии од втор циклус се врши врз основа на конкурс кој го објавува Универзитетот. Називот на конкурсот е: Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (во натамошниот текст: конкурс).

Постапката за донесување и објавување на конкурсот е утврдена со закон и со Правилник на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

Право за запишување на студиите од втор циклус имаат лица кои завршиле соодветни студиски програми и кои ги исполнуваат основните критериуми:

  • завршен I циклус на студии усогласени со европскиот кредит-трансфер систем (во натамошниот текст: ЕКТС-кредити);
  • завршени додипломски студии по студиските програми пред воведувањето на европскиот кредит-трансфер систем, на кои им се признаваат 240 кредити;
  • завршени додипломски студии (прв циклус студии -240 ЕКТС) и да исполнуваат други услови предвидени со студиските програми за организирање втор циклус студии на Факултетот за драмски уметности;
  • завршени додипломски студии со просек над 8,0 или просечна оценка пониска од 8,0 доколку кандидатите имаат најмалку две јавно изведени уметнички дела од целовечерен формат признаени во струката;
  • положен приемен испит;
  • Освен неопходните документи, пријавените кандидати треба да приложат и видео копии од претстави, филмови или видео-спотови (според нивни избор), како и есеи, статии и други написи доколку и во тој облик се занимавале со театар и филм.
  • познавање на еден од светските јазици.
    • Доказ за познавање на светски јазик е сертификат од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ или меѓународен сертификат или диплома за претходно стекнато образование на соодветниот светски јазик.
  • право на запишување на студиите од втор циклус имаат и странски државјани согласно со Закон и со Правилник на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.
  • за сите пријавени кандидати на втор циклус универзитетски студии кои не се од соодветна научна/уметничка област или дисциплина, задолжително се врши проверка на компетенциите (знаење и умеење). Текот и содржината на проверката, за секоја Студиска програма подделно на втор циклус, се одредени со општи и посебни услови кои ги одредува Факултетот.

Кандидатот треба да достави:

  • Био-библиографија
  • Мотивационо писмо
  • Оригинална драма за целовечерна претстава или оригинално сценарио за целовечерен филм каде што е единствен автор или оригинални сценарија за три епизоди за телевизиска серија каде што е единствен автор.

И се организира и интервју со кандидатот.

Условите и начинот на запишувањето на студиите се во согласност со одредбите на Законот за високо образование, Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на втор циклус студии на УКИМ во Скопје, како и со критериумите утврдени и објавени во Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на УКИМ во Скопје. Запишувањето на студии од втор циклус се врши врз основа на конкурс кој го објавува Универзитетот. Називот на конкурсот е: Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (во натамошниот текст: конкурс).

Постапката за донесување и објавување на конкурсот е утврдена со закон и со Правилник на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

Право за запишување на студиите од втор циклус имаат лица кои завршиле соодветни студиски програми и кои ги исполнуваат основните критериуми:

  • завршен I циклус на студии усогласени со европскиот кредит-трансфер систем (во натамошниот текст: ЕКТС-кредити);
  • завршени додипломски студии по студиските програми пред воведувањето на европскиот кредит-трансфер систем, на кои им се признаваат 240 кредити;
  • завршени додипломски студии (прв циклус студии - 240 ЕКТС) и да исполнуваат други услови предвидени со студиските програми за организирање втор циклус студии на Факултетот за драмски уметности;
  • завршени додипломски студии со просек над 8,0 или просечна оценка пониска од 8,0 доколку кандидатите имаат соодветно работно и/или истражувачко искуство од најмалку 2 години;
  • положен приемен испит;
  • покрај неопходните документи, пријавените кандидати треба да приложат и видео копии од претстави, филмови или видео-спотови (според нивни избор), како и есеи, статии и други написи доколку и во тој облик се занимавале со филм или театар.
  • познавање на еден од светските јазици.
  • право на запишување на студиите од втор циклус имаат и странски државјани согласно со Закон и со Правилник на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

За сите пријавени кандидати на втор циклус универзитетски студии кои не се од соодветно научно подрачје, област или дисциплина, задолжително се врши проверка на компетенциите (знаење и умеење). Текот и содржината на проверката се одредени со општи и посебни услови кои ги одредува Факултетот. Проверката на компетенциите се изведува пред посебна комисија. Комисијата својата одлука ја донесува со двотретинско мнозинство. Одлуката на комисијата е автономна и конечна.

Проверка на компетенциите на пријавените кандидати се врши преку практична реализација на задачи и тоа:

  • Кандидатите поднесуваат предлог-проект кој со менторска поддршка ќе го реализираат во текот на студиите [предлог-проектот е концепт (во обем од 510 страни) кој ги формулира основните креативни/продукциски аспекти].
  • Приемниот испит е од областа на основи на театарска, филмска и ТВ продукција, односно продукција на останати медиуми. Конкретната област се дефинира врз основа на изборот на насоката и смерот на студиите. Содржи писмен и усмен дел (на усмениот дел кандидатите го елаборираат и поднесениот предлог-проект).
  • Кандидатите со завршени 4-годишни додипломски студии на ФДУ - студиска програма Продукција се ослободуваат од полагање на приемен испит (исклучок е усмена одбрана на предложениот предлог-проект).

Условите и начинот на запишувањето на студиите се во согласност со одредбите на Законот за високо образование, Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на втор циклус студии на УКИМ во Скопје, како и со критериумите утврдени и објавени во Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на УКИМ во Скопје. Запишувањето на студии од втор циклус се врши врз основа на конкурс кој го објавува Универзитетот. Називот на конкурсот е: Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (во натамошниот текст: конкурс).

Постапката за донесување и објавување на конкурсот е утврдена со закон и со Правилник на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

Право за запишување на студиите од втор циклус имаат лица кои завршиле соодветни студиски програми (Театарска режија, Драматургија, Актерска игра) и кои ги исполнуваат основните критериуми:

  • завршен I циклус на студии усогласени со европскиот кредит-трансфер систем (во натамошниот текст: ЕКТС-кредити);
  • завршени додипломски студии по студиските програми пред воведувањето на европскиот кредит-трансфер систем, на кои им се признаваат 240 кредити;
  • завршени додипломски студии (прв циклус студии - 240 ЕКТС) и да исполнуваат други услови предвидени со студиските програми за организирање втор циклус студии на Факултетот за драмски уметности;
  • завршени додипломски студии со просек над 8,0 или просечна оценка пониска од 8,0 доколку кандидатите имаат соодветно работно и/или истражувачко искуство од најмалку 2 години;
  • положен приемен испит;
  • Освен неопходните документи, пријавените кандидати треба да приложат и видео копии од претстави (според нивни избор), како и есеи, статии и други написи доколку и во тој облик се занимавале со театарските уметности;
  • Право на запишување на студиите од втор циклус имаат и странски државјани согласно со Закон и со Правилник на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, доколку можат да следат настава на македонски јазик или со изнаоѓање модалитети за комбинирана настава со употреба на англискиот јазик. Овие услови се договараат со кандидатите во текот на интервјуто.

Сите кандидати треба да достават:

  • кратка биографија;
  • мотивационо писмo;
  • режисерска анализа на драмско дело;
  • „Моја театарска сезона“ (кандидатот предлага своја театарска сезона од три драми што би сакал/а да ги режира со кратко образложение за секоја од нив.

По разгледувањето на претходно наведените трудови, се организира и интервју со кандидатот.

Условите и начинот на запишувањето на студиите се во согласност со одредбите на Законот за високо образование, Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на втор циклус студии на УКИМ во Скопје, како и со критериумите утврдени и објавени во Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на УКИМ во Скопје. Запишувањето на студии од втор циклус се врши врз основа на конкурс кој го објавува Универзитетот. Називот на конкурсот е: Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (во натамошниот текст: конкурс).

Постапката за донесување и објавување на конкурсот е утврдена со закон и со Правилник на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

Право за запишување на студиите од втор циклус имаат лица кои завршиле соодветни студиски програми и кои ги исполнуваат основните критериуми:

  • завршен I циклус на студии усогласени со европскиот кредит-трансфер систем (во натамошниот текст: ЕКТС-кредити);
  • завршени додипломски студии по студиските програми пред воведувањето на европскиот кредит-трансфер систем, на кои им се признаваат 240 кредити;
  • завршени додипломски студии (прв циклус студии -240 ЕКТС) и да исполнуваат други услови предвидени со студиските програми за организирање втор циклус студии на Факултетот за драмски уметности;
  • завршени додипломски студии со просек над 8,0 или просечна оценка пониска од 8,0 доколку кандидатите имаат соодветно работно и/или истражувачко искуство од најмалку 2 години;
  • положен приемен испит;
  • Освен неопходните документи, пријавените кандидати треба да приложат и видео копии од претстави, филмови или видео-спотови (според нивни избор), како и есеи, статии и други написи доколку и во тој облик се занимавале со филм, театар и актерството.
  • познавање на еден од светските јазици.
    • Доказ за познавање на светски јазик е сертификат од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ или меѓународен сертификат или диплома за претходно стекнато образование на соодветниот светски јазик.
  • Право на запишување на студиите од втор циклус имаат и странски државјани согласно со Закон и со Правилник на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

За сите пријавени кандидати на втор циклус универзитетски студии кои не се од соодветно научно подрачје, поле, област или дисциплина, задолжително се врши проверка на компетенциите (знаење и умеење). Текот и содржината на проверката, за секоја Студиска програма подделно на втор циклус, се одредени со општи и посебни услови кои ги одредува Факултетот.

Кандидатот треба да достави

  • Био-библиографија
  • Мотивационо писмо
  • Есеј/анализа на претстава од тековниот репертоар (1000-1500 збора)

И се организира и интервју со кандидатот.

Условите и начинот на запишувањето на студиите се во согласност со одредбите на Законот за високо образование, Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на втор циклус студии на УКИМ во Скопје, како и со критериумите утврдени и објавени во Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на УКИМ во Скопје. Запишувањето на студии од втор циклус се врши врз основа на конкурс кој го објавува Универзитетот. Називот на конкурсот е: Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (во натамошниот текст: конкурс).

Постапката за донесување и објавување на конкурсот е утврдена со закон и со Правилник на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

Право за запишување на студиите од втор циклус имаат лица кои завршиле соодветни студиски програми и кои ги исполнуваат основните критериуми:

  • завршен I циклус на студии усогласени со европскиот кредит-трансфер систем (во натамошниот текст: ЕКТС-кредити);
  • завршени додипломски студии по студиските програми пред воведувањето на европскиот кредит-трансфер систем, на кои им се признаваат 240 кредити;
  • завршени додипломски студии (прв циклус студии -240 ЕКТС) и да исполнуваат други услови предвидени со студиските програми за организирање втор циклус студии на Факултетот за драмски уметности;
  • завршени додипломски студии со просек над 8,0 или просечна оценка пониска од 8,0 доколку кандидатите имаат најмалку две јавно изведени уметнички дела од целовечерен формат признаени во струката;
  • положен приемен испит;
  • Освен неопходните документи, пријавените кандидати треба да приложат и видео копии од претстави, филмови или видео-спотови (според нивни избор), како и есеи, статии и други написи доколку и во тој облик се занимавале со театар и филм.
  • познавање на еден од светските јазици.
    • Доказ за познавање на светски јазик е сертификат од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ или меѓународен сертификат или диплома за претходно стекнато образование на соодветниот светски јазик.
  • право на запишување на студиите од втор циклус имаат и странски државјани согласно со Закон и со Правилник на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

За сите пријавени кандидати на втор циклус универзитетски студии кои не се од соодветна научна/уметничка област или дисциплина, задолжително се врши проверка на компетенциите (знаење и умеење). Текот и содржината на проверката, за секоја Студиска програма подделно на втор циклус, се одредени со општи и посебни услови кои ги одредува Факултетот.

Проверка на компетенциите на пријавените кандидати се врши на следниов начин:

  1. Кандидатите поднесуваат монтирано аудиовизуелно дело кое кандидатот го монтирал или бил еден од авторите. Истото се приложува во ДВД формат (три копии);
  2. Напишана анализа за приложеното аудиовизуелно дело со акцент на применетите монтажни постапки (три примероци);
  3. Други уметнички и стручни работи за кои кандидатот смета дека го квалификуваат за вториот циклус на студиите по Филмска и тв монтажа
  4. Биографија со исцрпен опис на досегашната стручна и уметничка работа;
  5. Писмо за мотивација (не подолго од 1000 збора).

Приемниот испит се темели на индивидуален усмен разговор, во кој Комисијата ќе ги провери знаењата на кандидатот од областа на филмската и телевизиска монтажа и филмската теорија, но и да ги процени неговите способности за аудиовизуелна проценка, аналитичко размислување, структурално согледување на филмското дело, неговата професионална кариера, мотивитација, приложена аудиовизуелна работа и нејзина анализа.

Условите и начинот на запишувањето на студиите се во согласност со одредбите на Законот за високо образование, Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на втор циклус студии на УКИМ во Скопје, како и со критериумите утврдени и објавени во Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на УКИМ во Скопје. Запишувањето на студии од втор циклус се врши врз основа на конкурс кој го објавува Универзитетот. Називот на конкурсот е: Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (во натамошниот текст: конкурс).

Постапката за донесување и објавување на конкурсот е утврдена со закон и со Правилник на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

Право за запишување на студиите од втор циклус имаат лица кои завршиле соодветни студиски програми и кои ги исполнуваат основните критериуми:

  • завршен I циклус на студии усогласени со европскиот кредит-трансфер систем (во натамошниот текст: ЕКТС-кредити);
  • завршени додипломски студии по студиските програми пред воведувањето на европскиот кредит-трансфер систем, на кои им се признаваат 240 кредити;
  • завршени додипломски студии (прв циклус студии -240 ЕКТС) и да исполнуваат други услови предвидени со студиските програми за организирање втор циклус студии на Факултетот за драмски уметности;
  • завршени додипломски студии со просек над 8,0 или просечна оценка пониска од 8,0 доколку кандидатите имаат најмалку две јавно изведени уметнички дела од целовечерен формат признаени во струката;
  • положен приемен испит;
  • Освен неопходните документи, пријавените кандидати треба да приложат и видео копии од претстави, филмови или видео-спотови (според нивни избор), како и есеи, статии и други написи доколку и во тој облик се занимавале со театар и филм.
  • познавање на еден од светските јазици.
    • Доказ за познавање на светски јазик е сертификат од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ или меѓународен сертификат или диплома за претходно стекнато образование на соодветниот светски јазик.
  • право на запишување на студиите од втор циклус имаат и странски државјани согласно со Закон и со Правилник на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

За сите пријавени кандидати на втор циклус универзитетски студии кои не се од соодветна научна/уметничка област или дисциплина, задолжително се врши проверка на компетенциите (знаење и умеење). Текот и содржината на проверката, за секоја Студиска програма подделно на втор циклус, се одредени со општи и посебни услови кои ги одредува Факултетот.

Проверка на компетенциите на пријавените кандидати се врши на следниов начин:

  1. Кандидатите поднесуваат краток игран филм (до 15 мин. траење) кое кандидатот самиот го режирал. Истото се приложува во ДВД формат (три копии);
  2. Напишан синопсис, тритмент, сценарио, книга на снимање за приложениот краток филм со акцент на работа со глумци пред камера и визуелизирање на просторот (три примероци);
  3. Други уметнички и стручни работи за кои кандидатот смета дека го квалификуваат за вториот циклус на студиите по Филмска и тв режија (како на пр. документарен филм, музички спотови, реклами и сл.
  4. Биографија со исцрпен опис на досегашната стручна и уметничка работа;
  5. Писмо за мотивација (не подолго од 1000 збора).

Приемниот испит се темели на индивидуален усмен разговор, во кој Комисијата ќе ги провери знаењата на кандидатот од областа на филмската режија на игран и документарен филм, но и да ги процени неговите способности за аудиовизуелна проценка, аналитичко размислување, структурално согледување на филмското дело, неговата професионална кариера, мотивитација, приложениот краток игран филм.

Условите и начинот на запишувањето на студиите се во согласност со одредбите на Законот за високо образование, Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на втор циклус студии на УКИМ во Скопје, како и со критериумите утврдени и објавени во Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на УКИМ во Скопје. Запишувањето на студии од втор циклус се врши врз основа на конкурс кој го објавува Универзитетот. Називот на конкурсот е: Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (во натамошниот текст: конкурс).

Постапката за донесување и објавување на конкурсот е утврдена со закон и со Правилник на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

Право за запишување на студиите од втор циклус имаат лица кои завршиле соодветни студиски програми и кои ги исполнуваат основните критериуми:

  • завршен I циклус на студии усогласени со европскиот кредит-трансфер систем (во натамошниот текст: ЕКТС-кредити);
  • завршени додипломски студии по студиските програми пред воведувањето на европскиот кредит-трансфер систем, на кои им се признаваат 240 кредити;
  • завршени додипломски студии (прв циклус студии -240 ЕКТС) и да исполнуваат други услови предвидени со студиските програми за организирање втор циклус студии на Факултетот за драмски уметности;
  • завршени додипломски студии со просек над 8,0 или просечна оценка пониска од 8,0 доколку кандидатите имаат најмалку две јавно изведени уметнички дела од целовечерен формат признаени во струката;
  • положен приемен испит;
  • Освен неопходните документи, пријавените кандидати треба да приложат и видео копии од претстави, филмови или видео-спотови (според нивни избор), како и есеи, статии и други написи доколку и во тој облик се занимавале со театар и филм.
  • познавање на еден од светските јазици.
    • Доказ за познавање на светски јазик е сертификат од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ или меѓународен сертификат или диплома за претходно стекнато образование на соодветниот светски јазик.
  • право на запишување на студиите од втор циклус имаат и странски државјани согласно со Закон и со Правилник на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

За сите пријавени кандидати на втор циклус универзитетски студии кои не се од соодветна научна/уметничка област или дисциплина, задолжително се врши проверка на компетенциите (знаење и умеење). Текот и содржината на проверката, за секоја Студиска програма подделно на втор циклус, се одредени со општи и посебни услови кои ги одредува Факултетот.

Проверка на компетенциите на пријавените кандидати се врши на следниов начин:

  1. Кандидатите поднесуваат кратка аудиовизуелна форма (до 15 мин. траење) во кое кандидатот е Директор на фотографија или снимател или 10 авторски фотографии.
  2. Напишан синопсис, тритмент, сценарио, книга на снимање за приложениот аудиовизуелна форма (три примероци);
  3. Други уметнички и стручни работи за кои кандидатот смета дека го квалификуваат за вториот циклус на студиите по Филмско и тв снимање
  4. Биографија со исцрпен опис на досегашната стручна и уметничка работа;
  5. Писмо за мотивација (не подолго од 1000 збора).

Приемниот испит се темели на индивидуален устен разговор, во кој Комисијата ќе ги провери знаењата на кандидатот од областа на филмското и телевизиското снимање и фотографија како и да ги процени неговите способности за аудиовизуелна проценка, аналитичко размислување, структурално согледување на филмското дело, неговата професионална кариера, мотивитација и сл.

Условите и начинот на запишувањето на студиите се во согласност со одредбите на Законот за високо образование, Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на втор циклус студии на УКИМ во Скопје, како и со критериумите утврдени и објавени во Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на УКИМ во Скопје. Запишувањето на студии од втор циклус се врши врз основа на конкурс кој го објавува Универзитетот. Називот на конкурсот е: Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (во натамошниот текст: конкурс).

Постапката за донесување и објавување на конкурсот е утврдена со закон и со Правилник на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

Право за запишување на студиите од втор циклус имаат лица кои завршиле соодветни студиски програми и кои ги исполнуваат основните критериуми:

  • завршен I циклус на студии усогласени со европскиот кредит-трансфер систем (во натамошниот текст: ЕКТС-кредити);
  • завршени додипломски студии по студиските програми пред воведувањето на европскиот кредит-трансфер систем, на кои им се признаваат 240 кредити;
  • завршени додипломски студии (прв циклус студии -240 ЕКТС) и да исполнуваат други услови предвидени со студиските програми за организирање втор циклус студии на Факултетот за драмски уметности;
  • завршени додипломски студии со просек над 8,0 или просечна оценка понискаод 8,0 доколку кандидатите имаат две реализирани дела признаени во струката;
  • положен приемен испит;
  • Освен неопходните документи, пријавените кандидати треба да приложат и видео копии од претстави, филмови, серии или видео-спотови (според нивни избор), како и есеи, статии и други написи доколку и во тој облик се занимавале со филм, телевизија, театар и актерството.
  • познавање на еден од светските јазици.
    • Доказ за познавање на светски јазик е сертификат од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ или меѓународен сертификат или диплома за претходно стекнато образование на соодветниот светски јазик.
  • Право на запишување на студиите од втор циклус имаат и странски државјани согласно со Закон и со Правилник на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

 За сите пријавени кандидати на втор циклус универзитетски студии кои не се од соодветно научно подрачје, област или дисциплина, задолжително се врши проверка на компетенциите (знаење и умеење). Текот и содржината на проверката, за секоја Студиска програма подделно на втор циклус, се одредени со општи и посебни услови кои ги одредува Факултетот.

Кандидатот треба да достави

  • Био-библиографија
  • Мотивационо писмо
  • 2 сценарија за целовечерен филм или сценарија за цела сезона за ТВ серија.