Ars Academica

Списанието Ars Academica е научно списание што го објавуваат заеднички Факултетот за драмски уметности и Факултетот за музичка уметност – Скопје. Идејата е на едно место да се промовира научната мисла на професорите и соработничкиот кадар на факултетите, засилени со научните трудови на нашите уредници од меѓународниот уредувачки одбор. Сакавме, освен печатената форма на изданието, чиј прв број финансиски го помогна и Министерството за култура на Република Македонија, да го имаме и во поширокиот медиумски простор - интернетскиот, за нашите студенти, но и колегите од другите факултети, како и читателската публика, да имаат увид во нашата идеја – изведбените уметности во Република Македонија и нивните научни дисциплини, да имаат свое место за презентација. Идејата е да се направи научно списание од врвен формат кое ќе ја презентира научната мисла од светот на перформативните уметности. За таа цел ја користиме и можноста нашето списание да го промовираме и на нашите официјални интернет страници.



Преземете ги претходните броеви:

  • Ars Academica - бр.4 PDF
  • Ars Academica - бр.3 PDF
  • Ars Academica - бр.2 PDF
  • Ars Academica - бр.1 PDF

* За да го преземете документот кликнете на иконата со соодветниот линк.