FDU Logo
1969 50 2019

Факултет за Драмски Уметности - Скопје

Faculty of Dramatic Arts - Skopje

ФДУ - Скопје

FDA - Skopje


Студии

Факултетот за драмски уметности - Скопје, е уметнички факултет и научно-наставна институција од подрачјето на драмските уметности, во кој се изведуваат универзитетски студии од областа на театарот, филмот и телевизијата низ уметничко и научно творештво, продукција и јавно прикажување на уметничките остварувања, како и издавање на книги и публикации.

Прв циклус студии - Додипломски студии

Универзитетските студии по Актерска игра, Театарска и филмска драматургија, Театарска режија, Продукција, Филмска и ТВ режија, Филмско и ТВ снимање и Филмска и ТВ монтажа, траат осум семестри или четири години, според ЕКТС.

повеќе...

Втор циклус студии - Постдипломски студии

На факултетот се изведуваат постдипломски (мастер) студии на следните студиски програми Актерска игра, Драматургија, Театрологија, Театарска режија, Филмско и ТВ снимање, Филмска и ТВ режија, Филмско и ТВ сценарио, Филмска и ТВ монтажа и Продукција.

повеќе...

Трет циклус студии - Докторски уметнички студии

Студиските програми од трет циклус докторски уметнички студии на Факултетот за драмски уметности во Скопје, се организира во согласност со Законот за високото образование на Република Северна Македонија и Правилникот за трет циклус студии на УКУМ, како тригодишни студиски програми кои содржат вкупно 180 ЕКТС кредити. Насловот на акредитираната студиска програма е Сценскоизведувачки и аудиовизуелни уметности.

Раководител на Третиот циклус - Докторски уметнички студии на ФДУ - Скопје е проф. д-р Ана Стојаноска.

повеќе...