FDU Logo
1969 50 2019

Факултет за Драмски Уметности - Скопје

Faculty of Dramatic Arts - Skopje

ФДУ - Скопје

FDA - Skopje


Услови за запишување - Докторски уметнички студии

Запишувањето на докторските студии се врши врз основа на конкурс кој го објавува Универзитетот. Називот на конкурсот е: Конкурс за запишување студенти на трет циклус студии - докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (во натамошниот текст: конкурс).

Условите и критериумите за запишување на студентите на студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ги пропишува Ректоратот на Универзитетот во согласност со законските прописи и препораките на Министерството за образование и наука.

Право за запишување на докторски студии имаат лица кои завршиле соодветни студиски програми и кои ги исполнуваат основните критериуми:

  • завршен II циклус на студии усогласени со европскиот кредит-трансфер систем (во натамошниот текст: ЕКТС-кредити);
  • завршени постдипломски студии по студиските програми пред воведувањето на европскиот кредит-трансфер систем, на кои им се признаваат 60 кредити од обука за истражување и едукација;
  • стекната стручна подготовка според студиски програми и остварени најмалку 300 ЕКТС-кредити;
  • остварен просечен успех од сите предмети од претходно завршеното високо образование, од најмалку 8,00;
  • познавање на еден од светските јазици. Доказ за познавање на светски јазик е сертификат од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ или меѓународен сертификат или диплома за претходно стекнато образование на соодветниот светски јазик.

За кандидатите кои не ги исполнуваат условите од алинеја 4 на овој член, во зависност од спецификите на научната област, советот на студиската програма може да утврди дополнителни критериуми за запишување.

Соодветноста на претходно завршените студии се утврдува од страна на советот на студиската програма за докторски студии. Советот на студиската програма, во зависност од спецификите на научната област, може да утврди дополнителни критериуми за запишување кои се составен дел на конкурсот.

Право на запишување на докторски студии имаат и странски државјани согласно со закон и со Правилник на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

Критериуми за рангирање на кандидатите:

  • Успехот стекнат на претходниот интегриран циклус односно претходните два циклуса;
  • Објавени, прикажани, поставени сценскоизведувачки и аудиовизуелни уметнички дела;
  • Учество на домашни и меѓународни сценскоизведувачки и аудиовизуелни фестивали и проекти;
  • Награди од домашни и меѓународни фестивали;
  • Учество во меѓународни проекти;
  • Интервју;
  • Мотивациско писмо;
  • Препораки и други специфични критериуми.