Факултет за Драмски Уметности - Скопје
Faculty of Dramatic Arts - Skopje
ФДУ - Скопје
FDA - Skopje
Соопштенија
Прелиминарна листа на кандидати за запишување на трет циклус студии - докторски студии во првиот уписен рок во академската 2024/2025 година.
Прелиминарна листа на кандидати на конкурсот за трет циклус студии 2024/25На Факултетот за драмски уметности, вo ВТОРИОТ уписен рок во учебната 2024/2025 година ќе се запишуваат студенти на студиската програма за:
За повеќе информации за условите за запишување посетете ја страната Услови за запишување - Додипломски студии.
Целата содржина на соопштението можете да ја прочитате во документот од следниот линк.
Конечни ранг листи за прием на студенти на прв циклус студии во првиот уписен рок за учебната 2024/25 г.
Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ KА131 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје распишува конкурс за доделување стипендии за индивидуална мобилност за студенти на високообразовните институции во програмските држави:
Планот по кој ќе се спроведуваат приемените испити на Факултетот за драмски уметности во септемврискиот уписен рок можете да го преземете од следниот линк.
Во име на ректорката проф. д-р Биљана Ангелова, Ве информираме дека се продолжува рокот за доставување на апликациите по Отворениот повик за доделување 40 (четириесет) стипендии за студенти кои ќе се запишат на прв циклус студии на факултетите во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во учебната 2024/2025 година. Целта е да се излезе во пресрет на заинтересираните идни студенти за обезбедување на потребната документација (диплома за положена државна матура и др).
Наместо до 20 август 2024 година, Повикот ќе биде отворен до 30 август 2024 година, петок (23:59).
Повеќе информации за аплицирање и за потребната документација се достапни на линковите:
https://e-scholarship.macedonia2025.com/#/home и
https://macedonia2025.com/otvoren-povik-za-dodeluvanje-40-stipendii-studenti.
Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2024/2025 година, е објавен на страната на универзитетот и можете да го најдете на следниов линк.
Конкурсот за запишување студенти на трет циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во академската 2024/25 е објавен на страната на универзитетот и можете да го најдете на следниов линк.
Конкурс за запишување студенти на трет циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во академската 2024/25 годинаЛиста на ментори на конкурсот за запишување студенти на трет циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во академската 2024/25 година
На Факултетот за драмски уметности, вo ПРВИОТ уписен рок во учебната 2024/2025 година ќе се запишуваат студенти на студиските програми за:
За повеќе информации за условите за запишување посетете ја страната Услови за запишување - Додипломски студии.
Целата содржина на соопштението можете да ја прочитате во документот од следниот линк.
Почитувани,
Заради термините за полагање на државната матура, термините за почеток на подготвителните курсеви по Филмска и ТВ камера и Филмска и ТВ монтажа СЕ ПОМЕСТУВААТ, ПА НАМЕСТО НА 05.06.2024, КУРСЕВИТЕ ЌЕ ЗАПОЧНАТ НА 10.06.2024 ГОДИНА.
Останатите информации околу подготвителните курсеви може да се добијат на:
телефон: (02) 306 11 88
e-mail: emilija.debarlieva@fdu.ukim.edu.mk
Подготвителниот курс по Филмска и ТВ монтажа е наменет, пред сé за кандидатите кои имаат желба да се запишат на Факултетот за драмски уметности во Скопје на катедрата за Филмска и ТВ монтажа.
Основна цел на курсот е да ги подготови учесниците на курсот за основите на Филмската и телевизиска монтажа, преку соодветни и редуцирани теориски содржини и практични примери од соодветната област.
Курсот ќе претставува симулација на приемниот испит со сите негови специфики и карактеристики..
ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ И ПРИЈАВУВАЊЕ:
Факултет за драмски уметности Скопје
ул. Руѓер Бошковиќ 22
телефон: (02) 306 11 88
e-mail: emilija.debarlieva@fdu.ukim.edu.mk.
Подготвителниот курс по Филмско и ТВ снимање е наменет пред сé за кандидатите кои имаат желба да се запишат на Факултетот за драмски уметности во Скопје на катедрата за Филмско и ТВ снимање.
Основна цел на курсот е да ги подготови учесниците на курсот за изработка на снимателските фото и видео задачи како и решавање на специфичните снимателски проблеми кои може да се јават при реализација на истите.
Курсот ќе претставува симулација на приемниот испит со сите негови специфики и карактеристики.
ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ И ПРИЈАВУВАЊЕ:
Факултет за драмски уметности Скопје
ул. Руѓер Бошковиќ 22
телефон: (02) 306 11 88
e-mail: emilija.debarlieva@fdu.ukim.edu.mk.
Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, Институтот за македонска литература – Скопје и Факултетот за драмски уметности – Скопје организираат
Меѓународна научна конференција
МИТ И ДРАМА:
современи толкувања
Конференцијата ќе се одржи на 29 – 30 ноември 2024 година во Скопје, во соорганизација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, УКИМ, Скопје, Институтот за македонска литература, УКИМ, Скопје и Факултетот за драмски уметности, УКИМ, Скопје.
Меѓународна научна конференција МИТ И ДРАМА: современи толкувања
International Conference on MYTH AND DRAMA: Contemporary Interpretations
Colloque international MYTHE ET DRAME: Interprétations contemporaines
Конкурсот за запишување студенти на трет циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во академската 2023/24 е објавен на страната на универзитетот и можете да го најдете на следниот линк.
Вториот уписен рок за пријавување на кандидатите е од 11.12 до 22.12.2023.
Факултетот за драмски уметности - Скопје организира подготвителен курс за подготовка и изработка на пријава за магистерски труд.
Подготвителниот курс ќе го води проф. д-р Небојша Вилиќ, а ќе се одржи од 05.12 до 09.12.2023 година.
За точниот термин на одржување на курсот заинтересираните студенти ќе бидат дополнително информирани на електронските адреси.
За студентите од втор циклус, кои студирале по студиска програма каде предметот Методологија на истражувањето во уметност не бил дел од предметната програма, курсот е бесплатен.
За сите останати, кои имаат потреба од ваков вид дополнителна едукација, цената на курсот е 6.000 денари.
Драги матуранти, наши идни студенти!
ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, на 1 декември 2023 во периодот од 10-12 часот и 12-14 часот, со физичко присуство на секој од факултетите.
Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера.
Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности...
Прошетајте низ факултетите на УКИМ, запознајте се со нивните физички капацитети, амфитеатри, лаборатории...
Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!
Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје!
Се гледаме на 1 декември!!!
Деветтиот број на меѓународното списание за изведувачки уметности „Арс Академика“ е објавен на следниов линк.
Промоцијата на списанието е на 7.11.2023г. на Факултетот за драмски уметности – Скопје во 13:00 ч. Пред промоцијата ќе биде покажана и дел од изложбата од истражувањето „На извориштето на македонскиот институционален театар, Македонски народен театар 1913-1941г.“
Годинешните меѓународни средби на студентите на академиите и факултетите за драмски уметности, СКОМРАХИ, ќе се одржат во периодот од 1ви до 5ти ноември.
Програмата за СКОМРАХИ 2023 можете да ја преземете од следниот линк.
Потсетување на редовните квалификувани студенти за подигнување на наменска ко-брендирана Visa картичка на МОН - Министерството за образование и наука и Шпаркасе Банка АД Скопје за субвенциониран студентски оброк, за академската 2023/2024 година.
Користењето на наменската картичка започнува веќе од месец октомври 2023 година. Секој изминат ден со неподигната картичка значи изгубен оброк.
Потсетувањето е за сите квалификувани редовни студенти, кои аплицирале за картичка за субвенциониран студентски оброк за академската 2023/2024 година, притоа ги исполниле условите за истото, биле контактирани, им има пристигнато смс порака од Шпаркасе Банка со точна локација и временски интервал, но кои сѐ уште не успеале да ги подигнат своите картички.
Потсетување за сите квалификувани студенти за подигнување на наменските картички
Rikujtesë për të gjithë studentët që i plotësojnë kushtet, që të marrin kartat e posaçme
Фотографии:
Деканатот на Факултетот за драмски уметност објавува оглас за избор на демонстратори по следните предметни програми:
Целата содржина на огласот можете да ја прочитате во документот од следниот линк.
На Факултетот за драмски уметности, вo ТРЕТИОТ уписен рок во учебната 2023/2024 година ќе се запишуваат студенти на студиските програми за:
За повеќе информации за условите за запишување посетете ја страната Услови за запишување - Додипломски студии.
Целата содржина на соопштението можете да ја прочитате во документот од следниот линк.
На Факултетот за драмски уметности, вo ВТОРИОТ уписен рок во учебната 2023/2024 година ќе се запишуваат студенти на студиските програми за:
За повеќе информации за условите за запишување посетете ја страната Услови за запишување - Додипломски студии.
Целата содржина на соопштението можете да ја прочитате во документот од следниот линк.
Факултетот за драмски уметности при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје со задоволство отвораат заеднички јавен повик за сите заинтересирани кандидати за усовршување на сценаристичкиот занает. Работилницата ќе ја водат две успешни сценаристки од САД, Џесика Вотсон и Кристина Ву.
Работилницата за сценаристи е предвидена како интензивна, петдневна програма, која има за цел да им помогне на учесниците да ја развијат на најдобар можен начин својата приказна во сценарио. Програмата ќе ги продлабочи знаењата на сценаристите во создавањето и во раскажувањето привлечни приказни и ќе ги усоврши нивните наративни инстинкти, работејќи во мали групи на развој на нивните поединечни идеи.
Петнаесетте избрани кандидати ќе се среќаваат секој ден од понеделник - 18 септември, до петок - 22 септември, од 10:00 до 16:00 часот на Факултетот за драмски уметности, за да работат под менторство на двете врвни сценаристки.
Работилницата ќе се одвива на англиски јазик без превод, затоа е потребно солидно познавање на англискиот јазик.
Заинтересираните кандидати, најдоцна до петок, 25 август 2023 година, треба да ги достават следните два документи на електронската адреса на доцент Сашо Кокаланов, sasho.kokalanov@fdu.ukim.edu.mk:Повикот е отворен и на него може да се јават актуелни и дипломирани студенти на ФДУ и на УКИМ, како и на сите сродни факултети во земјава, од сите циклуси, но и професионалци со или без големо сценаристичко искуство.
Учеството на секој од пријавените кандидати ќе биде потврдено до 1 септември.
Факултетот за драмски уметности - Скопје организира подготвителен курс по Актерска игра за упис во учебната 2023/2024 година.
Учесниците на курсот ќе имаат можност да добијат претстава за елементарните теориски и практични сознанија од областа на наведените студиски програми, со што ќе стекнат корисни сознанија за успешна подготовка и реализација на приемниот испит.
Курсевите ќе претставуваат симулација на приемниот испит со сите негови специфики и карактеристики.
Подготвителните курсеви ќе се одржат во период од 21.08.2023 до 25.08.2023 година.
Точниот термин на почетокот на подготвителниот курс ќе биде определен дополнително и сите учесници ќе бидат известени навреме.
Цената на подготвителниот курс изнесува 6.000 денари.
ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ И ПРИЈАВУВАЊЕ:
Факултет за драмски уметности Скопје
ул. Руѓер Бошковиќ 22
телефон: (02) 3061 188
e-mail: emilija.debarlieva@fdu.ukim.edu.mk.
На Факултетот за драмски уметности, вo ПРВИОТ уписен рок во учебната 2023/2024 година ќе се запишуваат студенти на студиските програми за:
За повеќе информации за условите за запишување посетете ја страната Услови за запишување - Додипломски студии.
Целата содржина на соопштението можете да ја прочитате во документот од следниот линк.
Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ KА131 на Европската комисија, Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” распишува конкурси за доделување стипендии за наставен кадар за престој на високообразовните институции во ЕУ.
Конкурс ERASMUS+ за доделување стипендии за наставен кадар за престој на високообразовните институции во ЕУВо рамки на програмата ЕРАЗМУС+ KА103 на Европската комисија, Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” распишува конкурси за доделување стипендии за студенти за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.
Конкурс ERASMUS+ за доделување стипендии за студенти за студиски престој на високообразовните институции во ЕУНа 16.05.2023 година (вторник) со почеток во 13.00 часот на Факултетот за драмски уметности во Скопје, кандидатот м-р Илија Циривири, ќе го брани докторскиот труд со наслов: „Конкурентска предност : Глобализација на дигиталниот филмски израз“.
Изборната комисија за спроведување на изборите на Факултетско студентско собрание, како и избирачкиот одбор именуван од Изборната комисија, донесе решение за првични резултати од спроведените избори.
Решение за првични резултати од спроведените избори за претседател и членови во Факултетско студентско собраниеИзборната комисија за спроведување на избори на Факултетско студентско собрание донесе одлука за утврдување на кандидати за претседател и членови во факултетското собрание.
Одлука за утврдување на кандидати за претседател и членови во Факултетско студентско собраниеСогласно одредбите од Статутот на Факултетот и од Статутот на Факултетското студентско собрание, Деканот на Факултетот за драмски уметности во Скопје донесе одлука за продолжување на рокот за поднесување на кандидатури за избор на претседател и членови на ФСС.
Одлука за продолжување на рокот за поднесување на кандидатури за избор на претседател и членови на Факултетско студентско собраниеФакултетот за драмски уметности го слави творештвото на нашиот и ваш, единствен Горан Стефановски, со мултимедијална програма под наслов „Тетовирани импресии“. Настаните од програмата ќе се одржат од 27 март до 27 април, во организација на Факултетот, и со учество на соработници, колеги и новите „наследници“ на Горан - студентите кои ги продолжуваат неговите приказни. Ќе потсетат на творештвото кое претставува бескрајна инспирација за минатите, сегашните и идните генерации на Факултетот.
Влезот за сите настани е слободен. Деталите за секој настан ќе бидат дополнително објавени – следете нé и приклучете се. Се радуваме на секое ваше присуство.
Согласно одредбите од Статутот на Факултетот и од Статутот на Факултетското студентско собрание, Деканот на Факултетот за драмски уметности во Скопје донесе одлука за распишување на редовни избори за ФСС.
Одлуката и упатството за кандидирање членови и престседател на ФСС ги има на следните линкови:
Одлука за распишување избори за Факултетско студентско собраниеНа Факултетот за драмски уметности, вo ВТОРИОТ уписен рок за ВТОР циклус на студии во учебната 2022/2023 година ќе се запишуваат вкупно 50 студенти.
Целата содржина на соопштението можете да ја прочитате во документот од следниот линк.
Прелиминарна листа на пријавени кандидати по конкурсот за 2022/2023 година на трет циклус - докторски студии на студиската програма Сценскоизведувачки и аудиовизуелни уметности во втор уписен рок.
Прелиминарна листа на кандидати на конкурсот за трет циклус студии втор уписен рок 2022/23Драги матуранти, наши идни студенти!
ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, на 02 декември 2022 во два термина, во 10:00 часот и во 12:00 часот, со физичко присуство на секој од факултетите!
Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера.
Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности.
Прошетајте низ факултетите на УКИМ, запознајте се со нивните физички капацитети, предавални, лаборатории...
Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!
Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје!
Се гледаме на 02 декември.
Годинешните меѓународни средби на студентите на академиите и факултетите за драмски уметности, СКОМРАХИ, ќе се одржат во периодот од 1ви до 5ти ноември.
Програмата за СКОМРАХИ 2022 можете да ја преземете од следниот линк.
Конечна листа на примени кандидати во првиот уписен рок во академската 2022/2023 година на трет циклус - докторски студии на студиската програма Сценскоизведувачки и аудиовизуелни уметности.
Конечна листа на примени кандидати во првиот уписен рок за трет циклус студии 2022/23Прелиминарна листа на пријавени кандидати по конкурсот за 2022/2023 година на трет циклус - докторски студии на студиската програма Сценскоизведувачки и аудиовизуелни уметности.
Прелиминарна листа на кандидати на конкурсот за трет циклус студии 2022/23Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ KА131 на Европската комисија, Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за наставен кадар за престој на високообразовните институции во ЕУ.
Се информираат студентите дека најдоцна до 6.10.2022 година можат да поднесат пријави согласно интерниот оглас за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2022/2023 година.
E-mail адреса на која се поднесуваат пријавите: cvetanka.janevska@fdu.ukim.edu.mk
На Факултетот за драмски уметности, вo ВТОРИОТ уписен рок во учебната 2022/2023 година ќе се запишуваат студенти на студиските програми за:
За повеќе информации за условите за запишување посетете ја страната Услови за запишување - Додипломски студии.
Целата содржина на соопштението можете да ја прочитате во документот од следниот линк.
Конечни ранг листи од конкурсот за прв циклус студии 2022/23 во првиот уписен рок:
На 30.09.2022 година, м-р Кристина Леловац ќе го брани докторскиот труд „ПОЕТИКАТА НА ТЕАТАРСКИОТ РЕЖИСЕР И ПЕДАГОГ ВЛАДИМИР МИЛЧИН“, објавен во Универзитетски билтен 1625/2022.
Распоредот на приемните испити за кандидатите на прв циклус студии во студиските програми по Актерска игра и Театарска режија во првиот уписен рок во учебната 2022/23 година, можете да го преземете од следниот линк:
Распоред на приемни испити во прв уписен рок 2022/23.На Факултетот за драмски уметности, вo ПРВИОТ уписен рок во учебната 2021/2022 година ќе се запишуваат студенти на студиските програми за:
За повеќе информации за условите за запишување посетете ја страната Услови за запишување - Додипломски студии.
Целата содржина на соопштението можете да ја прочитате во документот од следниот линк.
Драги матуранти, наши идни студенти,
ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, на 19 август 2022 во периодот 10-12 часот и 12-14 часот, со физичко присуство на секој од факултетите.
Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера.
Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности.
Прошетајте низ факултетите на УКИМ, запознајте се со нивните физички капацитети, амфитеатри, лаборатории...
Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!
Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје!
Се гледаме на 19 август!!!
Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2022/23 е објавен на страната на универзитетот и можете да го најдете на следниов линк.
Нa 24.6.2022 година, во дневниот весник „Нова Македонија“ е објавен конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во учебната 2022/2023 година.
Исто така, конкурсот е објавен на страната на универзитетот и можете да го најдете на следниов линк.
Нa 24.6.2022 година, во дневниот весник „Нова Македонија“ е објавен конкурсот за запишување студенти на трет циклус студии - докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во академската 2022/2023 година.
Исто така, конкурсот е објавен на страната на универзитетот и можете да го најдете на следниов линк.
Факултетот за драмски уметности - Скопје организира подготвителни курсеви по Актерска игра, Театарска режија и Театарска и филмска драматургија, студиски програми на кои ќе се вршат уписи во учебната 2022/2023 година.
Подготвителните курсеви ќе се одржат во период од 22.06.2022 до 29.06.2022 година на Факултетот за драмски уметности.
Точните термини за подготвителните курсеви ќе бидат определени дополнително и сите учесници ќе бидат известени навреме.
ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ И ПРИЈАВУВАЊЕ:
Факултет за драмски уметности Скопје
ул. Руѓер Бошковиќ 22
телефон: (02) 3061 188
e-mail: emilijadebarlieva@hotmail.com
Учесниците на курсот ќе имаат можност да добијат претстава за елементарните теориски и практични сознанија од областа на наведените студиски програми, со што ќе стекнат корисни сознанија за успешна подготовка и реализација на приемниот испит.
Курсевите ќе претставуваат симулација на приемниот испит со сите негови специфики и карактеристики.
Изборната комисија за спроведување на избори на Факултетско студентско собрание донесе одлука за утврдување на кандидати за претседател и членови во факултетското собрание.
Одлука за утврдување на кандидати за претседател и членови во Факултетско студентско собраниеСо Одлука на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на Факултетот за драмски уметности му е доделено високото признание ПОВЕЛБА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА по повод 50-годишното постоење и за суштински и траен придонес во развојот на театарската и филмската уметност, како и на драмското творештво преку педагошка дејност и преку автономна и автохтона театарска и филмска едукација.
На свеченото доделување што се одржа на 25 март 2022 г., деканката Мими Таневска-Србиновска, во своето обраќање се заблагодари од името на Факултетот за драмски уметности за ова високо признание.
Фотографии:
Деканот на Факултетот за драмски уметности во Скопје, согласно одредбите од Статутот на Факултетот и од Статутот на Факултетското студентско собрание, донесе одлука за повторно распишување на избори за ФСС.
Одлука за повторно распишување избори за Факултетско студентско собраниеДеканот на Факултетот за драмски уметности во Скопје, согласно одредбите од Статутот на Факултетот и од Статутот на Факултетското студентско собрание, донесе одлука за распишување на редовни избори за ФСС.
Одлуката и упатството за кандидирање членови и престседател на ФСС ги има на следните линкови:
Одлука за распишување избори за Факултетско студентско собраниеКонечна листа на примени кандидати по конкурсот за 2021/2022 година на трет циклус - докторски студии на студиската програма Сценскоизведувачки и аудиовизуелни уметности во втор уписен рок.
Конечна листа на кандидати на конкурсот за трет циклус студии втор уписен рок 2021/22Прелиминарна листа на пријавени кандидати по конкурсот за 2021/2022 година на трет циклус - докторски студии на студиската програма Сценскоизведувачки и аудиовизуелни уметности во втор уписен рок.
Прелиминарна листа на кандидати на конкурсот за трет циклус студии втор уписен рок 2021/22Конечна ранг листа за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписницата за прв циклус студии за учебната 2021/2022 година.
Конечна ранг листа за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родителРанг листа за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписницата за прв циклус студии за учебната 2021/2022 година.
Ранг листа за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родителПрелиминарна листа на пријавени кандидати по конкурсот за 2021/2022 година на трет циклус - докторски студии на студиската програма Сценскоизведувачки и аудиовизуелни уметности.
Прелиминарна листа на кандидати на конкурсот за трет циклус студии 2021/22На ден 12.10.2021 година (вторник) со почеток во 12:00 часот со посредство на платформа за online видео комуникација MS Teams, кандидатот Дарио Секуловски ќе го брани магистерскиот труд под наслов „Смислата на кадарот во визуелната филмска нарација на филмот “Andromeda Galaxy”“.
Од Деканатот
Конкурс за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2021/2022 година.
Конкурс за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родителРаспоред за приемниот испит во вториот уписен рок на прв циклус студии во 2021/22:
Распоред за приемниот испит за Продукција.Информации за конкурсот за запишување студенти на трет циклус студии – докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје во академската 2021/22 година:
Соопштението е објавено на страната на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” и можете да го посетите од следниот линк.
На Факултетот за драмски уметности, вo ВТОРИОТ уписен рок во учебната 2021/2022 година на студиската програма Продукција (8 семестри) ќе се запишуваат 5 студенти со кофинансирање со надоместок од 400 EUR.
Целата содржина на соопштението можете да ја прочитате во документот од следниот линк.
Финални ранг листи од конкурсот за прв циклус студии 2021/22 во првиот уписен рок.
Проверката на знаења и умеења за сите пријавени кандидати за упис на Факултетот за драмски уметности во учебната 2021/2022 година, ќе започне во понеделник, 30.08.2021 година во 10.00 часот.
Сите кандидати да бидат на Факултетот во 09.30 часот, заради навремено распоредување и со себе да носат:
Со почит,
ФДУ.
Почитувани,
во рамки на Отворен ден на УКИМ, Факултетот за драмски уметности - Скопје на 19 Август (четврток) од 10 - 12ч. на платформата за Онлајн комуникација Micosoft Teams ќе одржи ОНЛАЈН презентација на студиските програми Продукција и Актерска игра на кој ќе се примаат нови студенти, како и разговор и одговор на прашања во врска со приемните испити.
teams.microsoft.com
Поздрав,
ФДУ.
На Факултетот за драмски уметности, вo ПРВИОТ уписен рок во учебната 2021/2022 година ќе се запишуваат студенти на студиските програми за:
За повеќе информации за условите за запишување посетете ја страната Услови за запишување - Додипломски студии.
Целата содржина на соопштението можете да ја прочитате во документот од следниот линк.
Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2021/22 е објавен на страната на универзитетот и можете да го најдете на следниов линк.
Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2021/22 е објавен на страната на универзитетот и можете да го најдете на следниов линк.
Конкурсот за запишување студенти на трет циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во академската 2021/22 е објавен на страната на универзитетот и можете да го најдете на следниов линк.
На ден 09.12.2020 година (среда) со почеток во 12:00 часот со посредство на платформа за online видео комуникација кандидатот Ѓорче Ставрески ќе го брани магистерскиот труд под наслов „Ограничувањата како двигател на успехот кај дебитантскиот игран филм "Исцелител"“.
ОД ДЕКАНАТОТ
Деканот на Факултетот за драмски уметности во Скопје, согласно одредбите од Статутот на Факултетот и од Статутот на Факултетското студентско собрание, донесе одлука за распишување на редовни избори за ФСС.
Заради пандемијата со Ковид 19, и запазување на мерките за заштита, годинава изборите на претставници во ФСС ќе се одвиваат електронски.
Одлуката и упатството за кандидирање членови и престседател на ФСС ги има на следните линкови:
Одлука за распишување избори за Факултетско студентско собраниеПочитувани,
Ве известуваме дека на 10.11.2020 година (вторник), со почеток во 13 часот, Факултетот за драмски уметности ќе одржи Комеморативна седница по повод смртта на нашиот драг и многу почитуван професор, актер, продуцент и долгогодишен декан на ФДУ, проф. Данчо Чеврески. Комеморативната седница ќе се одржи на отворено, со почитување на протоколите за одржување јавни настани во услови на пандемија.
Факултет за драмски уметности Скопје
Промоцијата на списанието “Ars Academica” е во петок на 6.11.2020г. во 17:00 на ФДУ.
“Ars Academica” е меѓународно научно списание за изведувачки уметности. Се објавува двојазично - на македонски и на англиски јазик. Сите текстови се рецензирани од реномирани рецензенти. Овој број од списанието е достапен само во електронска форма.
Почитувани,
Ве информираме дека на УКИМ Факултет за драмски уметности Скопје во тек е пријавувањето за упис на втор циклус студии за учебната 2020/2021 година и трае до 15.10.2020 година (четврток).
Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтетресиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронкста пријава од IKNOW – системот.
Документите за пријавување треба да се доставуваат на следната електронска адреса: upisi-fdu@ukim.edu.mk.
Во предмет (Subjekt) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.
Конкурсот е обајавен на www.ukim.edu.mk и www.fdu.ukim.edu.mk.
Почитувани,
Ве информираме дека на веб страната на УКИМ на 11.09.2020 год. се поставени две електронски адреси на кои треба да се доставуваат документите за пријавување од страна на кандидатите за запишување на трет циклус докторски студии, скенирани во pdf форма (согласно објавениот Конкурс за трет циклус студии).
Документите за пријавување треба да се доставуваат на следните електронски адреси:
odd.nauka@ukim.edu.mk
skola_za_ds@ukim.edu.mk
Пријавите од секој кандидат ќе бидат испечатени и заверени со архивски број во Ректоратот на УКИМ, а потоа сите документи ќе бидат препратени до соодветната студиска програма (раководителот и администрацијата на таа студиска програма) по електронски пат.
Планот за приемни испити на прв циклус студии во првиот уписен рок можете да го погледнете од следиот документ.
План за приемни испити на прв циклус студии на ФДУ во учебната 2020/21 - Прв уписен рок.На Факултетот за драмски уметности, вo ПРВИОТ уписен рок во учебната 2020/2021 година ќе се запишуваат студенти на студиските програми за:
Целата содржина на соопштението можете да ја прочитате во документот од следниот линк.
Нa 10.7.2020 година, во дневниот весник „Нова Македонија“ е објавен Конкурсот за запишување студенти на трет циклус - докторски студии, на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во академската 2020/2021 година.
Исто така, Конкурсот е објавен и на веб страната на УКИМ и можете да го најдете на следниов линк.
На ден 16.07.2020 година (четврток) со почеток во 12.00 часот, кандидатот Љатив Хасоли ќе го брани магистерскиот труд под наслов „Монтажната структура во Езенштајновата архитектура“.
Одбраната ќе се реализира со примена на eлектронска комуникација.
ОД ДЕКАНАТОТ
На 1.7.2020 година, во дневниот весник „Нова Македонија“ е објавен Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на УКИМ во учебната 2020/21.
Конкурсот можете да го најдете и на следниов линк.
На 25.6.2020 година, во дневниот весник „Нова Македонија“ е објавен Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на УКИМ во учебната 2020/21.
Конкурсот можете да го најдете и на следниов линк.
Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ K103 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.
Подготвителните курсеви по Филмска и ТВ монтажа и Филмско и ТВ снимање се презакажани за 06.07.2020.
За повеќе информации прочитајте ги следните документи:
Подготвителен курс по Филмска и ТВ монтажаПочитувани,
имајки ги во предвид последните случувања со влошување на состојбата со ширењето на Ковид 19, а и според ограничувањата кои ќе следат (највертојатно), СИТЕ договорени часови/средби со студентите со физичко присуство се ставаат ВО МИРУВАЊЕ ВЕДНАШ до следната објава.
Благодариме на разбирањето.
Продекан за настава
Вонр.проф. м-р Горан Трпчевски
Факултетот за драмски уметности - Скопје организира подготвителни курсеви по Филмска и ТВ монтажа и Филмско и ТВ снимање.
Курсевите ќе претставуваат симулација на приемниот испит со сите негови специфики и карактеристики.
Бројот на учесници е ограничен на 5 лица во група заради пандемијата од Ковид-19.
За повеќе информации прочитајте ги следните документи:
Подготвителен курс по Филмска и ТВ монтажаДелегација од Факултетот за драмски уметности, по повод државниот празник 24 мај - „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, положи свежо цвеќе пред споменикот на светите браќа, Кирил и Методиј, во кампусот на УКИМ.
Нека ни е честит 24 мај, патрониот празник на нашиот Универзитет!
Фотографии:
Одлука за начинот на реализација на дејностите на Факултетот за драмски уметности во Скопје за време на вонредна состојба согласно мерките на надлежните органи во Република Северна Македонија.
Согласно препораките и одлуките на Министерството за образование и наука и Владата на Република Северна Македонија донесена е одлука да се имплементира далечинска настава на сите предметни програми.
За повеќе информации прочитајте ги следните документи:
Одлука за OnLine наставаОдлука за избор на претставници на Факултетското студентско собрание на Факултетот за драмски уметности – Скопје во Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје.
Одлука за избор на Заменик студентски правобранител на Факултетот за драмски уметности – Скопје.
На ден 10.03.2020 година (вторник) со почеток во 11:00 часот на УКИМ Факултет за драмски уметности – Скопје кандидатот Димитар Сеизов јавно ќе го брани магистерскиот труд „Функциите на изразните средства на звукот во филмот “Пусто турско“ “.
Факултетското студентско собрание на Факултетот за драмски уметности - Скопје, на ден 20.01.2020 година, понеделник, распишува конкурс за заменик студентски правобранител.
На 24.02.2020 година со почеток во 10.00 часот, на Факултетот за драмски уметности Скопје, кандидатот м-р Беким Селе, ќе го брани докторскиот труд со наслов „Примената на симболите на режисерот Иса Ќосја во документарниот филм Траги“.
Решение за првични резултати од спроведените избори за претседател и членови на факултетското студенстко собрание на Факултетот за драмски уметности – Скопје, одржани на 28.11.2019.
На ден 02.12.2019 година (понеделник) со почеток во 10:00 часот на УКИМ Факултет за драмски уметности – Скопје кандидатот Ангелчо Илиевски јавно ќе го брани магистерскиот труд „Двоен актерски пристап при градење и изведба на лик, по системите на Станиславски и Мејерхољд“.
На 1 ноември 2019 год. Факултетот за Драмски Уметности – Скопје одбележа 50 години од основањето.
Одбележувањето на јубилејот започна со поздравен говор на деканот на Факултетот за Драмски Уметности – Скопје, проф. м-р Лазар Секуловски, и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски, а потоа на сцената во Македонскиот народен театар беше изведен „Живот за еден сон“ - перформанс во кој учествуваа голем број на сегашни и поранешни студенти на ФДУ.
Во рамки на одбележувањето ќе се одржи и годинешната манифестација СКОМРАХИ.
Фотографии:
Промоцијата на списанието “Ars Academica” е во недела на 3.11.2019г. во 18:00 на ФДУ.
“Ars Academica” е меѓународно научно списание за изведувачки уметности. Седмиот број што го промоцираме е на тема “Помеѓу традицијата и современоста”. Се објавува двојазично - на македонски и на англиски јазик. Сите текстови се рецензирани од реномирани рецензенти. Списанието е достапно онлајн и во печатена форма. На промоцијата ќе проговориме за важноста на списанија од ваков формат и ќе го презентираме новиот број.
Почитувани студенти,
Врз основа на член 114, а во врска со член 37 став 6 од Законост за високо образование, (Сл.весник број 82/2018) , член 65 од Статутот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје (Универзитетски гласник бр. 425/2019) како и член 44 од Статутот на Факултетот за драмски уметности – Скопје, во состав на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, (Универзитетски гласник бр.455/2019), на ден 28.11.2019 година , четврток, со почеток во 10.00 часот, на УКИМ Факултет за драмски уметности во Скопје, ќе се спроведат избори за 14 члена и за 1 (еден) претседател на факултетското студенстко собрание.
Членовите и претседателот на Факултетското студентското собрание се избираат на непосредни, фер и демократски избори со тајно гласање, со мандат од една година и со право за уште еден избор.
За повеќе информации прочитајте ги следните документи:
Конечна листа на пријавени кандидати по конкурсот за 2019/2020 година на трет циклус - докторски студии на студиската програма Сценскоизведувачки и аудиовизуелни уметности.
Прелиминарна листа на пријавени кандидати по конкурсот за 2019/2020 година на трет циклус - докторски студии на студиската програма Сценскоизведувачки и аудиовизуелни уметности.
Конкурс за запишување студенти на трет циклус - докторски уметнички студии на студиските програми на УКИМ Факултет за драмски уметности во академската 2019/2020 година.
Конкурс за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на УКИМ Факултет за драмски уметности во Скопје во учебната 2019/2020 година.
Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на УКИМ Факултет за драмски уметности во учебната 2019/2020 година.
Стефан Миленков, студент во прва година на катедрата за Театарска и филмска драматургија (ФДУ-Скопје), со текстот „Отвори врата!“ ја освои првата награда на меѓународниот “One-Minute Play” натпревар за студенти, што се одржа на Академијата за Театар, Радио, Филм и Телевизија, при Универзитетот во Љубљана, Словенија.
Факултетот за драмски уметности организира подготвителен курс по актерска игра. Курсот вклучува индивидуална работа со секој од кандидатите, како и колективна работа преку определени (избрани за оваа намена) вежби.
Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ K103 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти и наставен кадар за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.
Хајнц Херманс (Heinz Hermanns), директор на Берлинскиот фестивал за кратки филмови „Интерфилм“ и Алета вон Фитингхоф (Aletta von Vietinghoff), позната филмска монтажерка од Берлин ќе имаат предавања и ќе одржат работилници на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на 06.05.2019 година (понеделник) и 08.05.2019 година (среда) со почеток во 11 часот.
Во согласност со одлуката на Наставно научниот и уметнички совет на УКИМ Факултет за драмски уметности Скопје, бр 0202-196/3 од 16.04.2019 година, соопштуваме дека:
на ден 06.05.2019 година во 11 часот, во просториите на Факултетот за драмски уметности, ќе биде одржана јавна одбрана на докторската дисертација на кандидатот м-р Сашо Димоски со наслов: „Ресемантизацијата на митемите во постдрамските форми на театарот (Електра: случаи)“.
Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје доделува 5(пет) стипендии на студенти запишани на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Право да конкурираат имаат студентите кои го имаат завршено најмалку вториот семестар и кои ги положиле сите предвидени предмети со студиската програма од запишувањето на студиите, заклучно со септемврискиот испитен рок во 2019 година, во редовните рокови, без презапишување на семестар.
Висината на стипендијата изнесува 6.000 денари месечно.
Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ KА 103 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти за реализирање летна студентска пракса/стажирање во програмски земји-учеснички во програмата Еразмус+.
Информација за слободни места за запишување во вториот уписен рок на втор циклус студии на студиските програми на УКИМ Факултет за драмски уметности во учебната 2018/2019 година.
На 6.12.2018г. во просториите на Словенечкиот театарски институт СЛОГИ во Љубљана, се одржа промоцијата на заедничкиот број на македонското списание ARS ACADEMICA (што заеднички го објавуваат ФДУ и ФМУ) и словенечкото AMFITEATAR (издание на АГФРТ и СЛОГИ). Научните списанија од Македонија и Словенија имаат меѓународен уредувачки одбор и се рецензирани според стандардите на современата театролошка наука. Заедничкиот број на списанијата, заедно со дигиталната интернет база, објавена како подстраница на интернет станицата на ФДУ и Научната конференција одржана во ноември 2018 година на ФДУ се резултатите од Билатералниот научен проект „Македонско – словенечки театарски врски“. Списанието има 280 страници и е поделено на: Уводник, Тематски блок (што содржи четири капитални научни студии коавторски напишано од македонските и словенечките истражувачи на проектот), Интервјуа (со словенечкиот танчар и кореограф Дејан Срхој и македонскиот театарски режисер Слободан Унковски), независни студии и рецензија на книга. Списанието е објавено тројазично на македонски, словенечки и англиски јазик.
Фотографии:
Факултетот за драмски уметности организира курс по филмско сценарио и филмска драматургија.
Ментор: Димитар Банов M.F.A. (Masters of Fine Arts) FAMU (Department of Screenwriting), Prague, Czech Republic.
Почеток: 15.01.2019 година, 11h (ФДУ)
Програмата на курсот можете да ја преземете од следниот линк.
На Загребскиот филмски фестивал, наградата за најдобар студентски проект на Pitching Forum: Industry Youth ја добија Борјан Стојков, студент на катедрата за Филмска и тв режија (ФДУ, Скопје) и Душан Ефремов, студент на катедрата за Продукција (ФДУ, Скопје) за филмот „Како научив да играм шах“.
На 5.11.2018г. во 10.00 на Факултетот за драмски уметности – Скопје, ќе се одржи Билатерална научна конференција „Македонско – словенечки театарски врски (од 1990 до денес)“, на која ќе бидат презентирани резултатите од билатералниот двогодишен научен проект и ќе биде промовирана веб страницата за проектот.
Годинешните меѓународни средби на студентите на академиите и факултетите за драмски уметности, СКОМРАХИ, ќе се одржат во периодот од 1ви до 5ти ноември.
Програмата за СКОМРАХИ 2018 можете да ја преземете од следниот линк.
Книгата „Театар: предизвик, студии и есеи“ од проф.д-р Ана Стојаноска е објавена како електронска книга/учебник во рамките на издавачката дејност на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ од Скопје и е достапен на следниот линк:
Од следниот линк може да го преземете распоредот на часови во зимскиот семестар за студентите во прв циклус на студии во учебната 2018/19.
Универзитетски календар на активности и неработни денови во учебната 2018/19 година.
Трет конкурс за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на УКИМ Факултет за драмски уметности во Скопје во учебната 2018/2019 година.
Информација за слободни места за запишување во вториот уписен рок во учебната 2018/19 година.
На УКИМ Факултет за драмски уметности во Скопје, во вториот рок може да се запишат студенти на студискaта програма за Театарска и филмска драматургија.
Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на УКИМ Факултет за драмски уметности во учебната 2018/2019 година.
Конкурс за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на УКИМ Факултет за драмски уметности во Скопје во учебната 2018/2019 година.
Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ K103 на Европската комисија, Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти и наставен кадар за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.
Факултетот за драмски уметности организира подготвителен курс по актерска игра. Курсот вклучува индивидуална работа со секој од кандидатите, како и колективна работа преку определени (избрани за оваа намена) вежби.
Водител на курсот: проф. м-р Зоја Бузалковска и насл. доц. м-р Александар Степанулески, професори по Актерска игра на ФДУ.
Еднодневната работилница треба да им помогне на кандидатите полесно и посигурно да го совладаат зададениот материјал за приемниот испит како и да ги упати во некои основни правила во театарската режија.
Водител на курсот: проф. м-р Златко Славенски, професор по Театарска режија на ФДУ.
Факултетот за драмски уметности (ФДУ) при УКИМ, на ден 30.05.2018 година во 11.00 часот ги кани сите заинтересирани кандидати за упис да присуствуваат на настанот кој ќе се организира, а на кој ќе имаат можност поблиску да се запознаат со можностите за студирање, студиските програми, пристапот во изучување на драмските уметности и спецификите на самото студирање.
Оваа година Отворениот ден ќе ги потенцира студиите по Актерска игра, Театарска режија и Театарска и филмска драматургија, за кои ќе се објави конкурс за упис на студенти во учебната 2018/19 година. На отворениот ден ќе овозможиме интерактивна дискусија околу студиите со професорите, запознавање со спецификите на приемниот испит и со работата на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Отворен ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје.
Информирајте се за можностите за студирање на најстариот и најдобро рангираниот универзитет во Македонија, со европски признати дипломи и избор на повеќе од 200 студиски програми.
Kампус на технички факултети (МФС, ФЕИТ, ФИНКИ, ТМФ), 5 мај 2018, од 10 до 17 часот.
Фотографии:
Од 25 до 29.4.2018г. во рамките на Еразмус+ програмата, на Факултетот за драмски уметности - Скопје, гостуваше театрологот професор д-р Мирослава Кортенска од Југозападниот Универзитет „Неофит Рилски“, Благоевград, Бугарија.
Проф. д-р Мирослава Кортенска е театарски критичар, театролог и културолог од Бугарија. Истражувач и проследувач на театарот и културолошките процеси на ХХ век, авторка на десет книги.
Професорката Кортенска одржа предавања за современиот светски и бугарски театар што ги проследија студентите на додипломските студии на нашиот факултет. Инспиративните предавања беа придружени со ексклузивен едукативен фото и видео материјал од некои од најзначајните претстави на Питер Брук, Харолд Пинтер, Ежен Јонеско, Еуџенио Барба и Боб Вилсон.
Трите главни предавања беа насловени како: Новиот „Хамлет“ е црн – за последниот прочит на Питер Брук на Шекспировата трагедија; „Носорозите“ на Јонеско во режија на Боб Вилсон, во Романија и Харолд Пинтер во Бугарија.
Фотографии:
Испитната претстава „Ревизор“ од Н. В. Гогољ на студентите од Факултетот за драмски уметности во Скопје е победник на 11-от меѓународен фестивал на факултетите и академиите за драмски уметности „Диониз“, кој се одржа во Ѓаково, Р. Хрватска.
Испитната претстава е работена во втора година под менторство на проф. м-р Мими Таневска Србиновска и помагателот во наставата Ангелчо Илиевски.
На фестивалот, што го организираше Уметничката академија од Осиек, учествуваа и студенти од академии од Хрватска (Загреб, Сплит), Австрија, Германија и Романија.
Фестивалот се организира од 2008 година. Неговите иницијатори сакаат да го афирмираат театарот, а заговараат инвентивност, комуникативност и отвореност на театарскиот чин.
Целта на фестивалот е театарот да излезе од затворениот академски простор, поврзување на регионот со други европски региони, како и можност на младите луѓе да се запознаат со работата на другите академии, но и да се презентираат пред јавноста.
Call for international students – MLADINSKO SHOWCASE (5–8 april 2018)
We are happy to welcome 10 international students (theatre and performance studies, dramaturgy, directing, etc.) to a showcase weekend at the MLADINSKO Theatre, Ljubljana, Slovenia. Participants will have opportunity to see the most acclaimed performances from the Mladinsko’s recent production, take part in talks, workshops and parties in the theatre club. The MLADINSKO Theatre will provide accommodation (April 5–9), including breakfast and theatre tickets. In some cases, we can assist with you travel expenses.
The programme is organised in collaboration with Ljubljana’s Academy of Theatre, Radio, Film and Television (AGRFT). Sebastijan Horvat, theatre director, professor at the AGRFT, Ljubljana, and Ana Vujanović, theorist of performing arts, lecturer at SNDO – School for New Dance Development in Amsterdam, will head a series of talks, meetings with artists, etc.
Please fill the application form and send it to katarina.kosir@mladinsko- gl.si before 28 February 2018. The results will be published by 5 March 2018.
Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ KА 103 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти за реализирање летна студентска пракса/стажирање во програмски земји-учеснички во програмата Еразмус+.
Времетраење на мобилноста за студенти: минимум 2, максимум 3 месеци (јуни, јули и август 2018 година).
Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на УКИМ Факултет за драмски уметности во учебната 2017/2018 година, втор уписен рок.
Годинешните меѓународни средби на студентите на академиите и факултетите за драмски уметности, СКОМРАХИ, ќе се одржат во периодот од 3ти до 8ми ноември.
Програмата за СКОМРАХИ 2017 можете да ја преземете од следниот линк.
Непополнети места за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на УКИМ Факултет за драмски уметности во Скопје во учебната 2017/2018 година во трет уписен рок.
Службено лице за посредување за информации од јавен каратктер: РОЗА ИВАНОВСКА (roza.ivanovska@yahoo.com)
На 15.08.2017 (вторник) и 16.08.2017 (среда) со почеток во 17ч. ќе се одржат финалните информативни средби со заинтересираните кандидати за запишување на отсекот Драмски актери со познавање на македонски јазик, во учебната 2017/2018.
Средбите ќе ги водат проф. д-р. Сузана Киранџиска и доц. м-р. Кристина Леловац и на истите кандидатите ќе имаат можност да поминат низ актерски вежби и импровизации, како и да се консултираат околу последните подготовки за примениот испит.
Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти и наставен кадар за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.
Излезе од печат четвртиот број на списанието Ars Academica.
Списанието Ars Academica е научно списание што го објавуваат заеднички Факултетот за драмски уметности и Факултетот за музичка уметност – Скопје.
Конкурс за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на УКИМ Факултет за драмски уметности во Скопје во учебната 2017/2018 година.
Документарниот филм „STUDaNTS“ на Тамара Котевска, дипломиран студент на катедрата за филмска и тв режија во класата на проф. д-р Антонио Митриќески е добитник на наградата Best BALKAN Film во официјалната конкуренција на Интернационалниот фестивал за документарен филм во Тирана.
Филмот е дипломски филм во продукција на Факултетот за драмски уметности во Скопје, сценариото и режијата се на Тамара Котевска, монтажата е на Сандра Ѓоргиева и Андреј Ристески, извршен продуцент е Ирина Лазарова, сите студенти на Факултетот за драмски уметности.
Тамара Котевска го има снимано филмот како студент, во текот на „Work&travel“ програмата во Масачусец, САД, во кој протагонисти се уште и Марија Гелмановска и Ирина Цонеска.
Филмот „STUDaNTS“ го компарира животот на студентите кои преку Work & Travel програмата одат во САД и мравките кои мигрираат во поголемо гнездо, а оваа компарација е доловена преку автентична нарација превземена од 10-на документарци за мравки и преиграна со гласот на Мартин Манев.
Следната информативна средба со заинтересираните кандидати за запишување на катедрата за Драмски актери, во учебната 2017/2018 ќе се одржи на 07.06. (среда) во 17ч.
Средбата ќе ја води проф. д-р. Сузана Киранџиска и на истата кандидатите ќе имаат можност да поминат низ актерски вежби и импровизации, како и да се консултираат околу подготовките за примениот испит.
На 31.05. (среда) и 01.06. (четврток) од 17ч. до 20ч. на Факултетот за драмски уметности ќе се одржи информативна средба со заинтересираните кандидати за запишување на катедрата за Драмски актери, во учебната 2017/2018.
Средбата ќе ја води проф. д-р. Сузана Киранџиска и на истата кандидатите ќе имаат можност да поминат низ актерски вежби и импровизации, како и да се консултираат околу подготовките за примениот испит.
Факултетот за драмски уметности при УКИМ, на ден 18.04.2017 година во 17 часот ги кани сите заинтересирани кандидати за упис да присуствуваат на настанот кој ќе се организира, а на кој ќе имаат можност поблиску да се запознаат со можностите за студирање, студиските програми, пристапот во изучување на драмските уметности и спецификите на самото студирање.
Оваа година Отворентиот ден ќе ги потенцира студиите по Актерска игра и Филмска/ТВ и театарска продукција, за кои ќе се објави конкурс за упис на студенти во учебната 2017/18 година. На отворентиот ден ќе овозможиме интерактивна дискусија со матурантите околу студиите, активно учество на час по Актерска игра и презентација на кратки студентски филмови во продукција на ФДУ.
Факултетот за драмски уметности во Скопје, традиционално, и оваа година ќе го одбележи Светскиот ден на театарот, 27 Март.
Прославата ќе биде отворена во 12 часот со шпански перформанс на студентите од катедрaта за Актерска игра под менторство на проф. Кренаре Невзати, а ќе продолжи со читање на светската и македонската порака по повод Светскиот ден на театарот. Потоа ќе започне маратон од студентски испитни претстави, музички изведби, ликовни, архитетктонски и фотографски изложби.
Факултетот за драмски уметности организира курс по филмско сценарио и филмска драматургија, со 12 интерактивни предавања.
Водител на курсот е Димитар Банов M.F.A. (Masters of Fine Arts) (Department of Screenwriting), Prague, Czech Republic.
Курсот започнува на 06.02.2017 година, во 15h на ФДУ.
Годинешните студентски средби СКОМРАХИ ќе се одржат во периодот од 4ти до 8ми ноември.
Програмата за СКОМРАХИ 2016 можете да ја погледнете на следниот линк.
На 28 септември и на 1 и 2 октомври, како дел од регионалниот проект ПРАВДА, студентите од Факултетот за драмски уметности во Скопје, заедно со студентите од Академиите и Факултетите за драмски уметности од Загреб, Љубљана, Белград, Нови Сад, Сараево и Цетиње ќе настапат на интернационалните театарски фестивали МОТ во Скопје, БИТЕФ во Белград и МЕСС во Сараево.
Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на УКИМ Факултет за драмски уметности во учебната 2016/2017 година.
Конкурс за запишување студенти на трет циклус - докторски студии на студиските програми на УКИМ Факултет за драмски уметности во академската 2016/2017 година.
Информација за слободни места за запишување во вториот уписен рок во учебната 2016/17 година.
На УКИМ ФАКУЛТЕТ ЗА ДРАМСКИ УМЕТНОСТИ во Скопје, во вториот рок може да се запишат студенти на студискaта програма за ФИЛМСКА И ТВ МОНТАЖА.
Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти и наставен кадар за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.
Конкурс за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на УКИМ Факултет за драмски уметности во Скопје во учебната 2016/17 година.
Факултетот за драмски уметности организира подготвителен курс по Филмска и тв монтажа, од 11ти април до 5ти мај 2016 година.
Целта на курсот е да им помогне на кандидатите полесно и посигурно да го совладаат материјалот за приемен испит.
Водител на курсот е проф. м-р Лазар Секуловски, професор по Филмска и тв монтажа на ФДУ - Скопје.
Курсот започнува на 11.04.2016 година, во 17h на ФДУ.
Број на учесници - максимум 10 во група.
Факултетот за драмски уметности организира подготвителен курс по Филмско и ТВ снимање, од 11ти април до 5ти мај 2016 година.
Целта на курсот е да им помогне на кандидатите полесно и посигурно да го совладаат материјалот за приемен испит.
Водител на курсот е Вонр. проф. м-р Горан Трпчевски, професор по Филмско и тв снимање и Фотографија на ФДУ - Скопје.
Курсот започнува на 11.04.2016 година, во 17h на ФДУ.
Број на учесници - максимум 10 во група.
Излезе од печат третиот број на списанието Ars Academica.
Списанието Ars Academica е научно списание што го објавуваат заеднички Факултетот за драмски уметности и Факултетот за музичка уметност – Скопје.
Годинешните студентски средби СКОМРАХИ ќе се одржат во периодот од 6ти до 10ти ноември.
Програмата за СКОМРАХИ 2015 можете да ја погледнете на следниот линк.
Министерството за економија ги известува заинтересираните студенти и млади претприемачи дека рокот за аплицирање по објавениот ЈАВЕН ПОВИК за избор на најдобри бизнис планови и за започнување на бизнис (www.economy.gov.mk/ javni_konkursi/oglasi/4515.html) објавен на 22.06.2015 година, се продолжува до 22.10.2015 година.
Документарниот филм „(Вон)земјанинот Ли“ на Сашко Мицевски е селектиран да учествува на 9от Меѓународен филмски фестивал „Прв кадар - 9 животи“ во Сараево, БиХ.
На овогодишното издание на филмскиот фестивал на организацијата УНИКА (UNICA - Union Internationale du Cinéma), кој се одржа од 5-ти до 12-ти септември, во Санкт Петербург, Русија, Тамара Котевска, студент на катедрата за Филмска и тв режија во класата на проф. д-р Антонио Митриќески со филмот "Кројачи", е наградена со Почесна Диплома во конкуренција од 32 земји ширум светот. (линк до наградените филмови).
УНИКА e независна, невладина и интернационална организација. Таа е непрофитна организација и е членка на Интернационалниот совет за филм, телевизија и аудиовизуелна комуникација (I.F.T.C.), кој ужива консултативен статус во УНЕСКО. Во моментот УНИКА брои 32 земји членки, од кои најголем дел се од Европа. Членките се национални филмски асоцијации, федерации или сојузи кои ја претставуваат својата земја. Македонија е членка на УНИКА од 1996 година, преку Кино сојузот на Македонија.
Краткиот филм „Надвор е ладно“ на Ана Јакимска, студентка на катедрата за Филмска и тв режија во класата на Вон. проф. д-р Антонио Митриќески, влезе во официјална конкуренција на меѓународниот фестивал „Видение“ во Кемерово, Русија.
„Надвор е ладно“ е испитен филм по Филмска и ТВ режија за трети семестар. Директор на фотографија е Бранко Аврамовски, студент на катедрата за Филмско и тв снимање, а монтажата е на Горјан Атанасов студент на катедрата за Филмска и тв монтажа.
На Факултетот за драмски уметности во Скопје, во прва година на прв циклус студии, во третиот уписен рок може да се запише 1 (еден) студент на редовни студии со кофинансирање на студиската програма Драмски актери со познавање на албански јазик.
Од следниот линк можете да го преземете документот во кој кандидатите за запишување во прв циклус студии на ФДУ во новата 2015/16 учебна година, ќе ги најдат потребните информации за пријавување во третиот уписен рок.
На Факултетот за драмски уметности во Скопје, во прва година на прв циклус студии, во вториот уписен рок може да се запишат 3 (три) студенти на редовни студии со кофинансирање на студиската програма Драмски актери со познавање на албански јазик.
Од следниот линк можете да го преземете документот во кој кандидатите за запишување во прв циклус студии на ФДУ во новата 2015/16 учебна година, ќе ги најдат потребните информации за пријавување во вториот уписен рок.
Конкурс за мобилност на студенти и наставници во рамките на ERASMUS+ програмата за академската 2015-2016.
Сите заинтересирани, апликациите ги доставуваат до доц. м-р Кристина Леловац, (lelovac.fda@gmail.com) ERASMUS координатор најдоцна до 20-ти октомвти, 2015 година.
Дополнителни информации побарајте на интернет-страната на Универзитетот:
www.ukim.edu.mk (Меѓународна соработка - ERASMUS +) или обратете се на меил адресите: international@ukim.edu.mk или mcenevska@ukim.edu.mk
Филмот „Зелени ѕидови, црна храна“ на Сандра Ѓоргиева, III година на катедрата за филмска и тв монтажа во класата на вон. проф. м-р Лазар Секуловски и доц. м-р Владимир Павловски на Факултетот за драмски уметности во Скопје е селектиран во официјалната конкуренција на Филмскиот фестивал во Сараево, во категоријата - документарен филм.
Филмот е во продукција на Факултетот за драмски уметности во Скопје, сценариото, режијата и монтажата се на Сандра Ѓоргиева, сниматели се Марко Димитриевски и Кристијан Караџовски, студенти на катедрата за филмско и тв снимање во класата на вон. проф. м-р Горан Трпчевски, извршен продуцент е Јована Мишковска, студент на катедрата за продукција во класата на вон. проф. м-р Игор Вецовски, а музиката е на Трајко Симоновски, студент на Факултетот за музичка уметност, чиј ментор е доц. м-р Дарија Андовска.
Филмот „Зелени ѕидови, црна храна“ го истражува животот и условите во Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, пасивноста, отпорот на студентите, нивните стравови и права.
Својот фестивалски живот, филмот го започна на ДокуМа, филмски фестивал за документарен филм во Макарска, а неодамна беше прикажан и на Фестивалот за креативен документарен филм MakeDox.
Дипломските филмови „Враќање“ во режија на Дина Дума и „Аудиција“ во режија на Лавинија Софрониевска влегоа во селекција на студентската програма на Филмскиот фестивал во Пула.
Сценариото за филмот „Аудиција“ е на Горјан Милошевски, директор на фотографија е Дарио Секуловски, монтажата е на Мартин Иванов, а во филмот играат: Милан Тоциновски, Игор Ангелов, Јордан Симонов, Јаков Ангелов и Ивана Павлаковиќ.
Сценариото за филмот „Враќање“ е на Александар Русјаков и Дина Дума, директор на фотографија е Наум Доксевски, монтажата е на Мартин Иванов, а во филмот играат: Ивана Павлаковиќ, Кристина Леловац, Димитрија Доксевски и Ивица Димитријевиќ.
Филмовите се во продукција на Факултетот за драмски уметности во Скопје, реализирани со поддршка на Агенцијата за филм на Р.Македонија.
Документарните филм „Зелени ѕидови, црна храна“ на Сандра Ѓоргиева, и „На велосипед“ на Горјан Атанасов, студенти на катедрата за филмска и тв монтажа во класата на проф. м-р Лазар Секуловски и доц. м-р Владимир Павловски беа премиерно прикажани на филмскиот фестивал за документарен филм Македокс 2015.
Сандра Ѓоргиева е сценарист, режисер и монтажер на документарниот филм „Зелени ѕидови, црна храна“, а сниматели се Марко Димитриевски и Кристијан Караџовски, студенти на катедрата за филмско и тв снимање во класата на проф. м-р Горан Трпчевски. Извршен продуцент е Јована Мишковска, студент на катедрата за продукција, во класата на проф. д-р Игор Вецовски, а музиката е на Трајко Симоновски, студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Филмот „Зелени ѕидови, црна храна“ е во продукција на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а ја отсликува приказната за животот и условите на студентите во Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.
Горјан Атанасов е сценарист, режисер и монтажер на документарниот филм „На велосипед“, а сниматели се Кристијан Караџовски и Бранко Аврамовски, студенти на катедрата за филмско и тв снимање во класата на проф. м-р Горан Трпчевски. Музиката е на Иво Митковски, студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а за звукот се погрижи Сашко Потер Мицевски.
Филмот „На велосипед“ е во продукција на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а ги третира проблемите на велосипедистите во Скопје, нивната борба за права и простор слободно да возат низ градот, ненасилните активности и организирањето на „Критична маса“.
Од следниот линк можете да го преземете документот во кој кандидатите за запишување во прв циклус студии на ФДУ во новата 2015/16 учебна година, ќе ги најдат потребните информации за пријавување во првиот уписен рок.
На 29 мај 2015 година, на театарската мала сцена „Видра“, (дел од Сатиричниот театар Керембух), на улица Драшковиќева 80, Загреб, се одигра претставата „Различни“. Факултетот за драмски уметности Скопје се претстави со шест едночинки на студентите од Катедрата по Филмска и Театарска драматургија пред Македонците кои живеат во Загреб и пред пошироката јавност. Артин Селмани, Мона Паскалова, Сашо Кокаланов, Марина Трајковска, Ивана Димова и Калија Киселички создадоа шест современи приказни кои се инспирирани од секојдневниот живот и под влијание на политичко општествениот контекст во кој живееме.
Идејата на проектот беше да бидат инволвирани студенти од драматургија, театарска режија и актерска игра од различни катедри и различни возрасти, да се постигне меѓу генерациска соработка.
Координатор на проектот беше м-р Катерина Момева, режисери - Драгана Милошевска Попова, веќе искусен и сериозен режисер, под чија иницијатива во проектот доаѓаат Драгана Стојчевска, која е четврта година и во подготовка на својата дипломска претстава, како и Дамјан Костовски студент на прва година на катедрата по театарска режија.
На штиците од театарот Видра (именуван по прекарот на Марин Држиќ), претставата ја одиграа шест млади актери, некои од нив сè уште студенти, а некои само што дипломираа: Мирјана Трповска, Никола Наковски, Емине Халил, Јеткин Сезаир, Марко Богдановски и Вирџинија Ристевска. Претставата имаше и своја оригинална музика, компонирана од Глигор Кондовски.
Проект се реализираше благодарение на СОВЕТОТ НА МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО МАЛЦИНСТВО НА ГРАД ЗАГРЕБ и по идеја на Г. Лазар Тошанов, претседателот на советот Томе Апостоловски и координаторот на проектот Рената Фирст.
Филмот ВРАЌАЊЕ на Дина Дума доби награда FILM OF THE MONTH НА TMFF (The Monthly Film Festival). ВРАЌАЊЕ е во продукција на ФДУ, поддржан од Агенцијата за филм. Директор на фотографија е Наум Доксевски, монтажата е на Мартин Иванов, а во филмот играат: Ивана Павлаковиќ, Димитрија Доксевски, Кристина Леловац, Софија Куновска, Ивица Димитријевиќ, Владо Јовановски и Никола Ристановски.
Дипломските филмови Враќање во режија на Дина Дума, Аудиција во режија на Лавинија Софрониевска, Шекспирова 9/1 и Карма во режија на Владимир Митревски ќе бидат прикажани на 5-то издание на Short Film Festival of the Cote Bleue, Франција.
Факултетот за драмски уметности во Скопје потпиша меморандум за соработка со Филмскиот фестивал во Пула.
Филмот ВРАЌАЊЕ на Дина Дума е примен на Los Angeles Cine Fest.
ВРАЌАЊЕ е во продукција на ФДУ, со поддршка на Агенцијата за филм. Директор на фотографија е Наум Доксевски, монтажата е на Мартин Иванов, а во филмот играат: Ивана Павлаковиќ, Димитрија Доксевски, Кристина Леловац, Софија Куновска, Ивица Димитријевиќ, Владо Јовановски и Никола Ристановски.
Факултетот за драмски уметности организира подготвителен курс по актерска игра, од 5ти август до 10ти август 2015 година.
Целта на курсот е да им помогне на кандидатите полесно и посигурно да го совладаат материјалот за приемен испит.
Водител на курсот е вонреден професор М-р Мими ТАНЕВСКА-СРБИНОВСКА, професор по актерска игра на ФДУ - Скопје.
Курсот започнува на 05.08.2015 година, во 11h на ФДУ. Пријавувањето е во тек.
Од следниот линк можете да пристапите до информации за постапката за проверка на компетенции и литература за подготовка: Драмски актери.
Документарниот филм „(Вон)земјанинот Ли“ на Сашко Мицевски избран во конкуренција од 2530 филмови од 102 земји на КФФ (Краљевски Филмски Фестивал) кој ќе се одржи од Краљево, Р.Србија.
Од 18ти до 22ри мај 2015 година, во периодот помеѓу 11:00 и 14:00 часот вратите на Факултетот за драмски уметности во Скопје ќе бидат отворени за сите заинтересирани кандидати за упис на катедрите за драмски актери на Факултетот.
Заинтересираните кандидати ќе можат директно да комуницираат со професорите и да им постават прашања во врска со студиите, а ќе можат да се запознаат и со просторните и технички капацитети и услови кои што ги нуди Факултетот.
Краткометражниот документарен филм „(Вон)земјанинот Ли“ ја доби наградата најдобар документарен филм на 16-от фестивал на студентски филм „Будење“.
Филмот е дипломска работа на Сашко Мицевски кој е режисер и монтажер на филмот, директор на фотографија е Наум Доксевски, а извршен продуцент е Илија Циривири.
Филмот е во продукција на Факултетот на Драмски уметности во Скопје.
Талентс Сараево во рамки на 21от Sarajevo Film фестивал објави конкурс за учество на млади филмски професионалци од југоисточна Европа и јужен Кавказ.
Рокот за пријавување е до 30 април 2015.
Краткометражниот документарен филм „(Вон)земјанинот Ли“ влезе во селекција и ќе учествува на 16-от фестивал на студентски филм „Будење“. Проекцијата на филмот ќе биде на 29-ти март во Домот на млади во Белград.
Филмот е дипломска работа на Сашко Мицевски кој е режисер и монтажер на филмот, директор на фотографија е Наум Доксевски, а извршен продуцент е Илија Циривири.
Филмот е во продукција на Факултетот на Драмски уметности во Скопје.
Списанието Ars Academica е научно списание што го објавуваат заеднички Факултетот за драмски уметности и Факултетот за музичка уметност – Скопје.
Идејата е на едно место да се промовира научната мисла на професорите и соработничкиот кадар на факултетите, засилени со научните трудови на нашите уредници од меѓународниот уредувачки одбор. Минатата година беа објавени два броја од списанието, а оваа година го подготвуваме следниот.
Тритментот за долгометражниот игран филм „MIDNIGHT TRAIN“ на Ана Јакимска, студент на катедрата за филмска и ТВ режија во класата на вон. проф. д-р Антонио Митриќески, работено под менторство на вон. проф. д-р Сашко Насев, е добитник на единствената награда на Филмскиот фестивал во Трст, Италија на работилницата EASTWEEK во конкуренција од десет пријавени проекти од различни европски земји. Наградата беше доделена од проф. д-р Павел Јех, Декан на филмската академија во Прага (ФАМУ).
Академијата за драмски уметности од Загреб во соработка со Факултетот за драмски уметности во Скопје, Академијата за уметности во Нови Сад, Академијата за сценски уметности во Сараево, Факултетот за драмски уметности во Белград и Цетиње, распишува конкурс за сценарио за краток игран филм во траење од 15 минути на тема „сведок на неправдата“.
На конкурсот може да учествуваат студентите по драматургија и сценарио и студентите од катедрата за филмска и ТВ режија.
За најдоброто сценарио ќе одлучи меѓународно жири составено од професори од партнерските факултети и академии од регионот. Одбраните сценарија ќе бидат претставени на Академијата за драмски уметности во Загреб, во рамките на студентскиот филмски фестивал ФРКА (Филмска ревија на драмските академии) која ќе се одржи од 17 до 19 април.
Рокот за достава на сценариото е 16 март 2015 година.
„Midnight Train“ - тритментот за долгометражниот филм на Ана Јакимска, студент на катедрата за Филмска и ТВ режија во класата на проф. д-р Антонио Митриќески е избран да учествува на „EASTWEEK- Script Writing Workshop for New Talents“ во рамките на Trieste Film Festival - Alpe Adria Cinema, Италија. Тритментот е работен под менторство на проф. д-р Сашко Насев, професор по Филмско и ТВ сценарио, а ќе биде дипломски филм на Ана Јакимска.
Краткометражните филмови „Chicken Soup“ на Лидија Мојсовска и „Do it yourself“ на Андреј Георгиев, студенти на катедрата за Филмска и тв режија во класата на проф. д-р Антонио Митриќески влегоа во трка за најдобар филм на фестивалот "The Goddess on the Throne“ во Приштина.
Краткометражниот документарен филм „(Вон)земјанинот Ли“, на Сашко Мицевски влезе во трка за најдобар документарен филм на фестивалот EUROSHORTS 2014 во Полска.
Краткометражниот документарен филм „(Вон)земјанинот Ли“, на Сашко Мицевски ја доби наградата за најдобра монтажа на документарен филм на фестивалот Delhi Shorts International Film Festival во Индија.
Филмот е дипломска работа на Сашко Мицевски кој е режисер и монтажер на филмот, директор на фотографија е Наум Доксевски, а извршен продуцент е Илија Циривири.
На осмото издание на фестивалот КРАФ (Kragujevački Festival Antiratnog i Angažovanog Filma) во Крагуевац, Србија, краткиот игран филм „Шекспирова 9/1“ во режија на Владимир Митревски, студент на Факултетот за драмски уметности од Скопје, освои две награди: прва награда од жирито на фестивалот за најдобар студентски филм и признание од публиката за најдобар филм.
На 1 ноември 2014 год. Факултетот за Драмски Уметности – Скопје одбележува 45 години од основањето.
Во рамки на одбележувањето на јубилејот ќе се одржат свечена академија и претставата DIES IRAE, меѓународна конференција во Охрид на тема „Искуствата и перспективите на факултетите за драмски уметности“ и годинешната манифестација СКОМРАХИ.
Фотографии:
Премиерна проекција на дипломски филмови во CINEPLEXX:
„АУДИЦИЈА“
Режија: Лавинија Софрониевска, Директор на фотографија: Дарио Секуловски
Сценарио: Горјан Милошевски, Монтажа: Мартин Иванов
Играат: Милан Тоциновски, Игор Ангелов, Јордан Симонов, Јаков Ангелов, Ивана Павлаковиќ
„ШЕКСПИРОВА 9/1“
Режија и монтажа: Владимир Митревски, Директор на фотографија: Дејан Димески
Сценарио: Димитрија Доксевски, Владимир Митревски
Играат: Димитрија Доксевски, Кристина Леловац, Емил Рубен, Лазар Манасков
„ВРАЌАЊЕ“
Режија: Дина Дума, Директор на фотографија: Наум Доксевски
Сценарио: Александар Русјаков, Дина Дума, Монтажа: Мартин Иванов
Играат: Ивана Павлаковиќ, Кристина Леловац, Димитрија Доксевски, Ивица Димитријевиќ
Филмовите се реализирани со поддршка на Агенцијата за филм на Р.Македонија.
Фотографии:
Факултетот за драмски уметности – Скопје организира курс за јавно говорење. Повеќе информации на следниот линк.
Запишувањето на примените кандидати ќе се врши на 26 и 27 август 2014 година од 8:00 - 15:00 часот.
Информации за докуметите потребни за запишување можете да најдете во документот од следниот линк.
Краткометражниот игран филм „Враќање“ во режија на Дина Дума, на филмскиот фестивал во Херцег Нови е добитник на првата награда во рамките на студентската филмска програма. Наградата ГРАН ПРИ е доделена од жирито на фестивалот за најдобар филм во целост.
На фестивалот во Хергец Нови, беа прикажани уште два играни краткометражни филмови и еден документарен филм во продукција на Факултетот за драмски уметности од Скопје и тоа: “Шекспирова 9/1”, “Аудиција” и “Вонземјанинот Ли”.
Скопската премиера на “Враќање”, но и на “Шекспирова 9/1” и “Аудиција” е закажана за крајот на септември.
Од следниот линк можете да го преземете документот во кој кандидатите за запишување во прв циклус студии на ФДУ во новата 2014/15 учебна година, ќе ги најдат потребните информации за пријавување во првиот уписен рок.
Факултетот за драмски уметности во Скопје на 13.06.2014 (петок) со почеток во 12 часот организира подготвителни часови по театарска режија.
Часовите ќе се одржат само на 13.06.2014 година и ќе бидат бесплатни.
Бројот на посетители е ограничен.
За повеќе информации превземете го pdf документот од линкот.
Факултетот за драмски уметности организира подготвителен курс по актерска игра, со почеток од 16.06.2014, во траење од 7 дена.
Водител на курсот е вон. проф. М-р Зоја БУЗАЛКОВСКА, професор по Aктерска игра на ФДУ.
Бројот на посетители е ограничен.
За повеќе информации превземете го pdf документот од линкот.
Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје - Факултет за драмски уметности во учебната 2014/2015 година како pdf документ можете да го превземете од следниот линк.
Скопскиот филмски фестивал од оваа година во соработка со Факултетот за драмски уметности воведува програма на студентски филмови. Програма, во чии рамки ќе ги претставиме кратките играни и документарни остварувања на најмладите, со цел да ги промовираме, но и да им дадеме можност да го валоризираат својот труд токму онаму каде што треба, во киносала и пред публика. На 17. издание на Скопскиот филмски фестивал имаме дури 17 филма, од кои десет се документарни, а седум се играни.
Влезот е слободен. Повелете!
Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти и наставен кадар за реализирање на студиски престој на високообразовна институција во ЕУ.
Се информираат сите заинтересирани кандидати што ќе конкурираат за стипендиите ЕРАЗМУС МУНДУС + дека контролните испити за проверка на знаењето на странски јазик ќе се одржат на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје во следните термини:
За другите странски јазици испитот ќе се реализира во договор со Деканатот и со соодветниот професор.
По полагање на контролниот испит, кандидатот добива уверение за познавање на странски јазик на соодветното рамниште во согласност со Европската јазична рамка.
За пријавување за испитот и за сите дополнителни информации, обратете се во Архивата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје.
Контакт-телефон: 02 32 40 436.
Информации за кандидатите за запишување во прв циклус студии на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Од следните линкови можете да пристапите до информации за постапката за проверка на компетенции и литература за подготовка:
Од 14ти до 18ти април 2014 година, во периодот помеѓу 11:00 и 14:00 часот вратите на Факултетот за драмски уметности во Скопје ќе бидат отворени за сите заинтересирани кандидати за упис на некоја од катедрите на Факултетот.
Заинтересираните кандидати ќе можат прашањата во врска со студиите директно да им ги постават на професорите на ФДУ, а ќе можат да се запознаат и со просторните и технички капацитети и услови кои што ги нуди Факултетот.
Прегледот на пријавени и прифатени теми за изработка на магистерски труд на Факултетот за драмски уметности во Скопје можете да го превземете како pdf документ од слениот линк.
Прегледот на пријавени и прифатени теми за изработка на докторски труд на Факултетот за драмски уметности во Скопје можете да го превземете како pdf документ од слениот линк.
Факултетот за драмски уметности – Скопје во соработка со
Akademija dramske umjetnosti – Zagreb,
Akademijа za gledališče, radio, film in televizijo – Ljubljana,
Fakultet dramskih umetnosti – Beograd,
Akademija umetnosti - Novi Sad,
Akademijа scenskih umjetnosti – Sarajevo и
Fakultet dramskih umjetnosti – Cetinje
распишува
НАТПРЕВАР ЗА КРАТОК ДРАМСКИ ТЕКСТ
во траење до 15 мин.
на тема: Правда
макс. број ликови: 5
должина на текстот: 10-15 страници драмски дијалог или 3-5 страници драмски монолог
жанрот и стилот на делото не се одредени.
Во рамки на Факултетот за драмски уметности – Скопје формиран е центар за кариера кој има за цел да ги подготви студентите при преминот од академскиот живот до професионално вработување, да ги поврзе со работодавачите и да им понуди поддршка во стекнување на знаења и вештини кои се потребни во модерниот професионален свет.
За повеќе информации превземете го pdf документот.
Списокот на задолжителна литература која студентите на прв циклус студии ќе ја користат за полагање на испитите во учебната 2013/2014 година во pdf формат можете да го превземете од следниот линк.
Годинешните студентски средби СКОМРАХИ ќе се одржат во периодот од 9ти до 15ти ноември.
Програмата за СКОМРАХИ 2013 можете да ја превземете и како pdf документ.
Факултетот за драмски уметности – Скопје организира курс за јавно говорење. Повеќе информации на следниот линк.
Од следниот линк можете да го превземете документот со информација за слободни места за упис на кандидати за запишување во прв циклус студии на ФДУ во новата 2013/14 учебна година.
Од следните линкови можете да ги превземете документите со листата на примени студенти во новата 2013/14 учебна година:
Од следниот линк можете да го превземете документот со информација за слободни места за упис на кандидати за запишување во прв циклус студии на ФДУ во новата 2013/14 учебна година.
На ден 23.05.2013 година донесен е правилникот за АЛУМНИ КЛУБОТ на Факултетот за драмски уметности. Документот можете да го превземете од следниот линк.
Од следните линкови можете да ги превземете резултатите од првиот круг со освоени бодови на кандидатите за запишување во прв циклус студии во 2013/14 учебна година:
Соопштение за кандидатите за упис на ФДУ - Скопје.
Се молат сите кандидати за упис на ФДУ - Скопје, своите електронски пријави во iKnow системот да ги пополнуваат со КИРИЛИЧНА ПОДДРШКА. Во продолжение имате и напатствија за уписисте од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје.
Од следниот линк можете да го превземете документот во кој кандидатите за запишување во прв циклус студии на ФДУ во новата 2013/14 учебна година, ќе ги најдат потребните информации за пријавување во првиот уписен рок.
Факултетот за драмски уметности, во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје ве информира за можноста за електронска регистрација на престојните уписи на УКИМ. Заинтересираните кандидати за упис на ФДУ - Скопје, задолжително треба да се пријават (регистрираат) по електронски пат и да ги следат инструкциите објавени на www.upisi.ukim.mk.
Со цел да им помогне на кандидатите да се подготват за примениот испит по Актерска игра Факултет за драмски уметности – Скопје ќе организира консултативни средби со заинтересираните кандидати. Кандидатите кои сè уште се двоумат околу изборот на монологот за приемниот испит, низ заеднички разговор во кој ќе имаат можност да ги претстават своите афинитети и интереси, ќе добијат препораки за да полесно го направат конечниот избор. Оние пак кои веќе одбрале со што ќе се претстават ќе добијат насоки за анализа и разработка на текстот.
Заинтересираните кандидати ќе имаат можност да поминат и некои вежби за ослободување, концентрација, координација, како и развој на фантазијата.
Консултативните средби ќе се одржат на 3 јули и на 5 август на Факултет за драмски уметности - Скопје со почеток во 17 часот. Времетраењето на средбата ќе зависи од бројот на кандидатите, со цел на секој кандидат да му се посвети индивидуално време но и време потребно за некои групни вежби.
Заинтересираните кандидати можат да се јават на следниве е-маил адреси: fdu@ukim.edu.mk или lelovacfda@gmail.com
Информации за кандидатите за запишување во прв циклус студии на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Од следните линкови можете да пристапите до информации за постапката за проверка на компетенции и литература за подготовка:
Факултетот за драмски уметности, во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, склучи мултилатерален договор за соработка при размена на уметнички, педагошки и научни искуства, взаемно подлабоко разбирање и запознавање со постоечките традиции, како и развојот на новите трендови во сите споменати области со драмските академии/факултети од Западен Балкан.
Договорот за соработка е потпишан во Нови Сад, на ден 22.04.2013. година, при Средба на драмските академии/факултети од Западен Балкан, од страна на деканите или нивните претставници.
Фотографии:
Почитувани кандидати за Подготвителниот курс по Филмска и театарска продукција.
Ве информираме дека Подготвителниот курс по Филмска и театарска продукција ќе започне на 9-ти Мај во 15 h, наместо во претходно најавениот термин. Корекцијата на терминот е поради првомајските и велигденските празници.
За повеќе информации превземете го pdf документот од линкот.
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје организира активности по повод денот на високото образование, 24 април.
Факултетот за драмски уметности организира подготвителен курс за приемен испит на филмска и театарска продукција: „ВОВЕД ВО ФИЛМСКА И ТЕАТАРСКА ПРОДУКЦИЈА“.
За повеќе информации превземете го pdf документот од линкот.
Од следниот линк можете да го превземете документот со термини за консултации на ФДУ.
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје објавува конкурс во рамки на програмата за мобилност ERASMUS LLL за академската 2013/2014 година.
Oтворен конкурс во рамки на програмите за мобилност ERASMUS MUNDUIS ACTION 2 за академската 2013/2014 година
ШТО ПРЕТСТАВУВА ЗА ВАС ЕЛЕКТРОНСКО ЗЛОСТАВУВАЊЕ?
Зборови и слики во cyber просторот.
Што претставува за Вас Електронско злоставување?
Кликнете овде!
Благодариме на соработката,
- истражувачки тим на ИСППИ
Дополнителен конкурс за запишување на студенти на втор циклус студии на студиските програми на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. PDF документот можете да го превземете од следниот линк.
ЕРАЗМУС кординатор на ФДУ Скопје: асс. м-р Кристина Леловац
lelovacfda@gmail.com
Од следниот линк можете да го превземете СКОМРАХИ 2012 - Билтен бр.1 како pdf документ.
Факултетот за драмски уметности – Скопје организира курс за јавно говорење. Повеќе информации на следниот линк.
Годинешните студентски средби СКОМРАХИ ќе се одржат во периодот од 5ти до 10ти ноември.
Програмата за СКОМРАХИ 2012 можете да ја превземете и како pdf документ.
Списокот на основна литература која студентите на прв циклус студии ќе ја користат за полагање на испитите во учебната 2012/2013 година во pdf формат можете да го превземете од следниот линк.
Конкурс за избор на заменик на Студентски Правобранител на Факултетот за драмски уметности.
Продолжување на роковите за реализација на Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на УКИМ Факултет за драмски уметности во Скопје во учебната 2012/2013 година. PDF документот можете да го превземете од следниот линк.
Од следниот линк можете да ја превземете универзитетска листа на слободни изборни предмети за прв циклус на студии на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Им се соопштува на студентите дека Владата на Република Македонија донесе Закон за издавање на вредносни бонови-ваучери во номинална вредност од 15.500 денари, за набавување на компјутери за редовните студенти државјани на Република Македонија во учебната 2012/2013 година.
Вредносните бонови-ваучери важат до 15 декември 2012 година.
Од следниот линк можете да го превземете документот во кој кандидатите за запишување во прв циклус студии на ФДУ во новата 2012/13 учебна година, ќе ги најдат потребните информации за пријавување во третиот уписен рок.
Од следните линкови можете да ги превземете резултатите од вториот уписен рок за запишување во прв циклус студии на ФДУ во 2012/13 учебна година:
Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2012/2013 година како pdf документ можете да го превземете од следниот линк.
Од следниот линк можете да го превземете документот во кој кандидатите за запишување во прв циклус студии на ФДУ во новата 2012/13 учебна година, ќе ги најдат потребните информации за пријавување во вториот уписен рок.
Сите кандидати што сакаат да се запишат на втор уписен рок ќе мора да креираат нов профил на www.upisi.ukim.mk, без разлика на тоа дали веќе имаат креирано профил за првиот уписен рок.
Дополнително, оние кандидати кои имаат креирано профил за првиот уписен рок, ќе мора да се регистрираат на системот со нова електронска адреса (различна од онаа што ја користеле за првиот уписен рок.)
Проверката на компетенциите за студиските програми: Филмска и ТВ режија, Филмска и ТВ монтажа и Филмско и ТВ снимање ќе се спроведува од 18ти август (сабота) до 24ти август (петок), 2012 година.
Деатлниот распоред ќе биде истакнат на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Пријавените кандидати за запишување на првиот циклус студии на ФДУ задолжително треба да поседуваат документ за идентификација (лична карта или пасош) при проверка на компетенциите.
Од следниот линк можете да го превземете документот во кој кандидатите за запишување во прв циклус студии на ФДУ во новата 2012/13 учебна година, ќе ги најдат потребните информации за пријавување во првиот уписен рок.
Информации за кандидатите за запишување во прв циклус студии на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Од следните линкови можете да ги пристапите до информации за постапката за проверка на компетенции и литература за подготовка:
Превземете го документот со информации за кандидатите за запишување во прв циклус студии на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Упис на зимскиот семестар во учебната 2012/13 год. ќе се врши од 10ти до 15ти септември 2012 год.
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје воведува систем за електронско спроведување уписи на УКИМ. Заинтересираните кандидати за упис на ФДУ - Скопје кои сакаат да се пријават по електронски пат треба да ги следат инструкциите објавени на www.upisi.ukim.mk.
Почитувани кандидати за запишување на Факултетот за драмски уметности,
со цел да се запознаете со дел од македонската филмска продукција, Факултетот за драмски уметности во Скопје ќе организира проекции на македонски играни филмови од 30 мај до 30 јуни 2012 година (понеделник-петок), од 10-12 h и од 12-14 h.
Почитувани,
Ве известуваме дека на 25 април (среда) во весникот Дневник беше објавен Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2012/2013 година.
Конкурсот е достапен во електронска форма на интернет-страницата www.ukim.edu.mk
Пред претстојните уписи на нови студенти, Факултетот за драмски уметности во Скопје организира ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ НА ФДУ на 27 април 2012 год. со почеток во 10 часот. Повелете, посетете нè.
Факултетот за драмски уметности во Скопје, оваа година ќе врши упис на кандидати за следниве студиски програми:
Во рамките на 15от Меѓународен саем за образование и кариера - ДЕНОВИ НА ОБРАЗОВАНИЕ И КАРИЕРА 2012, Факултетот за драмски уметности ќе одржи презентација на 28.04.2012, сабота, со почеток во 10 часот.
Списокот на основна литература која студентите на прв циклус студии ќе ја користат за полагање на испитите во учебната 2011/2012 година во pdf формат можете да го превземете од следниот линк.
Списокот на основна литература која студентите на втор циклус студии ќе ја користат за полагање на испитите во учебната 2011/2012 година во pdf формат можете да го превземете од следниот линк.
Одбележувањето на Светскиот ден на театарот започна со читањето на меѓународната и национална порака, која ја пренесе великанот на македонското глумиште, Мето Јовановски.
Во продолжение следуваше трибината по повод 60-годишнината од дипломирањето на првите македонски режисери, некогашни професори на ФДУ и големи театарски дејци: Тодорка Кондова-Зафировска и Димитрие Османли.
Фотографии:
Во рамки на програмата Еразмус ЛЛЛ која е дел од програмта за Доживотно учење на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти и наставен кадар за реализирање на студиски престој на високообразовна институција во ЕУ. Повеќе информации на следниот линк.
Факултетот за драмски уметности – Скопје организира SANFORD MEISNER APPROACH ДВОМЕСЕЧЕН КУРС ПО АКТЕРСТВО по пристапот на Санфорд Мајснер - САД. Повеќе информации на следниот линк.
Превземите ја веста како pdf документ.
Факултетот за драмски уметности – Скопје организира курс за јавно говорење. Повеќе информации на следниот линк.
Дополнителниот конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2011/2012 година како pdf документ можете да го превземете од следниот линк.
Листата на одбранети докторски трудови на Факултетот за драмски уметности во Скопје можете да го превземете како pdf документ од слениот линк.
Листата на одбранети магистерски трудови на Факултетот за драмски уметности во Скопје можете да го превземете како pdf документ од слениот линк.
Факултетот за драмски уметности организира подготвителен курс по Филмска и ТВ монтажа под водство на вон. проф. м-р Лазар Секуловски, професор по Филмска и ТВ монтажа на ФДУ - Скопје.
Курсот започнува на 01.03.2012 година, во 17h на ФДУ.
За повеќе информации превземете го pdf документот од линкот.
Факултетот за драмски уметности организира подготвителен курс по Филмско и ТВ снимање под водство на вон. проф. м-р Горан Трпчевски, професор по Филмско и ТВ снимање и Фотографија на ФДУ - Скопје.
Курсот започнува на 01.03.2012 година, во 17h на ФДУ.
За повеќе информации превземете го pdf документот од линкот.
Се известуваат студентите од Факултетот за драмски уметности во Скопје дека ќе можат да ги пријават испитите од 24 до 29 декември, 2011 година, а заверка на зимски и упис на летен семестар ќе биде од 25 до 31 јануари, 2012 година.
Превземете го соопштението како pdf документ.
На ден 20.12.2011 година (вторник) со почеток во 11,00 часот на Сцената на Факултетот ќе се одржи состанок со деканот, вон.проф.м-р Лазар Секуловски и продеканот, вон.проф.м-р Горан Трпчевски, во врска со актуелните прашања поврзани со студиите и студентските активности.
Превземете го соопштението како pdf документ.
Програмата на јубилејните 20ти студентски средби СКОМРАХИ можете да ја превземите во pdf формат од следниот линк.
Оваа година Фестивалот „Скомрахи“ слави јубилеј 20 години постоење, Академска сцена во чест на тоа организира 10 дневен уметнички Маратон!
Нема се да откриваме за да биде публиката во исчекување, но она што може да го гарантираме се незаборавни моменти!!!
Маратонот започнува во четврток 24ти ноември во 21ч со првиот и единствен мјузикл на ФДУ - „Срешта“ во режија на Саша Нацевски, продолжува на 25ти ноември повторно во 21ч кога ќе се случи драмското читање на текстот „Тетовирање“ кој доби посебно признание од конкурсот за оригинален текст на МНТ. А во сабота на 26ти во 21ч ќе се оддигра дипломската претстава „Дон Жуан се враќа од војна“ на Е.Ф.Хорват.
Фестивалот „Скомрахи“ ќе се одвива од 27ми ноември до 1ви декември. Публиката ќе има можност да погледне претстави и филмови на студенти од факултетите за драмски уметности од Софија, Љубљана, Белград, Сараево, Загреб, Салзбург и Скопје! Фестивалот ќе се одвива во Драмски театар и секако на Академска сцена - ФДУ.
Четврток, петок и сабота маратонот продолжува!!!!
Затоа им препорачуваме на пријателите да земат воздух и да му се препуштат на Академскиот уметнички бран!!!
Следат многу изненадувања!!!
Ве очекуваме!!!
Прегледот на пријавени теми за изработка на магистерски труд на Факултетот за драмски уметности во Скопје можете да го превземете како pdf документ од слениот линк.
Прегледот на пријавени и прифатени теми за изработка на докторски труд на Факултетот за драмски уметности во Скопје можете да го превземете како pdf документ од слениот линк.
Јубилејните 20-ти студентски средби СКОМРАХИ 2011 ќе се одржат од 27 ноември до 1 декамври 2011 година.
Добитникот на наградата за животно дело „Златна КАМЕРА 300“ Данте Спиноти во среда, на 19.10.2011 во 11 часот ќе одржи предавање на ФДУ - Скопје.
Прегледот на пријавени теми за изработка на магистерски труд на Факултетот за драмски уметности во Скопје можете да го превземете како pdf документ од слениот линк.
На 6ти oктомври во 20ч. ќе започне новата сезона на Академската сцена на Факултетот за драмски уметности. Репертоарот до 15ти oктомври можете да го превземете како pdf документ.
Повеќе информации за press конференцијата по повод отварањето новата сезона на Академска сцена прочитајте во документот на следниот линк.
Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2011/2012 година како pdf документ можете да го превземете од следниот линк.
Списокот на основна литература која студентите на прв циклус студии ќе ја користат за полагање на испитите во учебната 2011/2012 година во pdf формат можете да го превземете од следниот линк.
Списокот на основна литература која студентите на втор циклус студии ќе ја користат за полагање на испитите во учебната 2011/2012 година во pdf формат можете да го превземете од следниот линк.
Свеченото доделување на индекси на студентите запишани на прва година отсек драмски актери со познавање на Македонски, Албански и Турски јазик ќе се одржи во четврток, на 15 септември 2011 год. на академската сцена на ФДУ со почеток во 19:30 часот.
По доделувањето следува политичкото кабаре "Оркестар ББ" - испит по Актерска игра на студентите во класата на проф. Владо ЦВЕТАНОВСКИ и проф. Мими ТАНЕВСКА - СРБИНОВСКА. Повеќе информации на следниот линк.
Прегледот на пријавени и прифатени теми за изработка на докторски труд на Факултетот за драмски уметности во Скопје можете да го превземете како pdf документ од слениот линк.
Прегледот на пријавени теми за изработка на магистерски труд на Факултетот за драмски уметности во Скопје можете да го превземете како pdf документ од слениот линк.
Прелиминарна ранг - листа на кандидатите за запишување во I година на УКИМ - Факултетот за Драмски Уметности - Скопје, студиска програма: драмски актери на македонски јазик за учебната 2011/2012 година
Прелиминарна ранг - листа на кандидатите за запишување во I година на УКИМ - Факултетот за Драмски Уметности - Скопје, студиска програма: драмски актери на албански јазик за учебната 2011/2012 година
Прелиминарна ранг - листа на кандидатите за запишување во I година на УКИМ - Факултетот за Драмски Уметности - Скопје, студиска програма: драмски актери на турски јазик за учебната 2011/2012 година.
Резултатите од првиот круг од проверката на компетенции за пријавените кандидати за учебната 2011/12 - драмски актери како pdf документ можете да ги превземите од следниот линк.
Списокот на пријавени кандидати на УКИМ, Факултет за Драмски Уметности – Скопје за учебната 2011/2012 год во pdf формат можете да го превземете од следниот линк.
Во рамките на реализацијата на Конкурсот за запишување студенти во акдемската година 2011/2012, Ве известуваме дека согласно член 12 од Законот за изменување и дополнување на Законот за високото образование, примените кандидати при запишувањето добиваат бесплатни индекси и студентски легитимации.
Превземите го соопштението како pdf документ.
Со оглед дека 30 август (вторник) е државен празник и е неработен ден, примените кандидати ќе се запишуваат само на 31 август (среда).
Превземите го соопштението како pdf документ.
Прегледот на пријавени и прифатени теми за изработка на магистерски труд на Факултетот за драмски уметности во Скопје можете да го превземете како pdf документ од слениот линк.
Согласно со условите за запишување во првиот циклус на студии за 2011/12 година кандидатите треба да припремат рецитација на песна по избор на комисијата.
Песните (рецитациите) можете да ги превземите како pdf документ.
Повеќе информации за условите за запишување на следниот линк.
Врз основа на конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2011/12 година на Факултетот за драмски уметности ќе се запишат вкупно 24 студенти.
Конкурсот е објавен на официјалниот сајт на универзитетот, а можете да го превземете во pdf формат и од следниот линк.
Факултетот за драмски уметности организира подготвителен курс по актерска игра под водство на доц. м-р Мими Таневска, професор по Актерска игра на ФДУ.
Курсот започнува на 03.08.2011 година, во 11h на Академската сцена на ФДУ.
Бројот на посетители е ограничен.
За повеќе информации превземете го pdf документот од линкот.
Факултетот за драмски уметности во Скопје, оваа година ќе врши упис на кандидати за следниве студиски програми:
Од Октомври 2010 година, Факултетот за драмски уметности во Скопје организира втор циклус (постдипломски) студии по следниве области:
Ќе се врши упис на кандидати со завршено високо образование (прв циклус студии со 240 кредити и минимум просек 8) на ФДУ, но и кандидати од сличен факултет или Академија И други области со комплетирано високо образование (прв циклус универзитетски студии со 240 кредити и минимум просек 8) кои ќе треба да исполнат одредени услови.
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” го распиша конкурсот за упис на вториот циклус. Пријавувањето и интервјуата со кандидатите ќе биде од 10 до 20 септември.
Подетални информации можат да се добијат од раководителите на студиските програми и од вон.проф. мр. Лазар Секуловски, продекан на ФДУ.