Услови за запишување - Додипломски студии

Прв циклус студии

Факултетот за драмски уметности во Скопје, оваа година ќе врши упис на кандидати за следниве студиски програми:

  • Драмски актери во класата на ред. проф. КИРАНЏИСКА СУЗАНА, Д-р
    и асс. ЛЕЛОВАЦ Кристина, М-р
  • Продукција во класата на ред. проф. ВЕЦОВСКИ ИГОР, Д-р
    и доц. ИЛИЕВ Дејан, М-р

Изборот на кандидатите, кои ќе стекнат право за упис на Факултетот за драмски уметности, се врши со проверка на компетенциите. Текот и содржината на проверката, за секоја Студиска програма подделно, се одредени со општи и посебни услови кои ги одредува Факултетот. Проверката на компетенциите за секоја Студиска програма се изведува пред посебна комисија. Комисијата својата одлука ја донесува со двотретинско мнозинство. Одлуката на комисијата е автономна и конечна.

Право на проверка на компетенциите имаат сите кандидати со завршено средно образование (сите насоки).


I ДЕЛ

  • Тест од општа култура.
  • Писмена работа на зададена тема од областа на драмата, театарот или филмот.
  • Два монолога по избор на кандидатот - еден од комедија и еден од трагедија/драма.
  • Една песна (рецитација) по избор на кандидатот и една песна (рецитација) по избор на Комисијата за проверка на компетенциите.
  • Се проверува осет за ритам и слух на кандидатите.
  • Проверка на гласовен потенцијал, чувствен слој и изговор на гласови на кандидатот.
* Оние кандидати што ќе го положат првиот дел, пристапуваат на полагање на вториот дел.

II ДЕЛ

  • Со нови задачи (дијалози или доработка на избраните монолози на кандидатот), вежби од актерска игра, сценски движења, дикција и техника на говор под раководство на професорите и соработниците од Катедрата по актерска игра, се врши дефинитивна селекција на кандидатите според нивните склоности и способности. Составен дел на оваа проверка може да биде и импровизација на теми зададени од Комисијата.

I ДЕЛ

ТЕСТ ОД ОПШТА КУЛТУРА

ПИСМЕНА РАБОТА

  • Тестот содржи прашања од областа на театарот, филмот и телевизијата, односно културата.Темата на писмената работа e анализа на конкретно филмско/театарско дело во поширок контекст на филмска/театарска продукција.
  • Целта е да се провери степенот на познавање на овие уметности/медиуми и целата област, особено од аспекти на продукција и менаџмент.
  • Дополнително, цел е да се провери и општото ниво на релевантна информираност и писменост на кандидатите.

ОДБРАНА НА ПИСМЕНАТА РАБОТА И РАЗГОВОР

  • Одбраната ќе биде усмена, а целта е пошироко да се елаборираат прашањата наведени во писмената работа.
  • Разговорот во продолжение се однесува на други теми поврзани со наведената област.

II ДЕЛ

ПРАКТИЧНО РЕШАВАЊЕ НА ЗАДАДЕНА ЗАДАЧА

  • Во овој дел на кандидатите ќе им бидат зададени одредени задачи поврзани со филмската/театарската продукција, со цел да се провери нивното знаење и способност во решавањето на конкретна проблематика од областа.

Литература:

  • Јовановиќ С. – „Организација филмске делатности“, ФДУ, Белград, 1982
  • Поповиќ З. – „Основи телевизијске продукције“, ФДУ, Белград, 1990
  • Лукиќ Д. – „Продукција и маркетинг сценских умјетности“, ИТИ, Загреб, 2006
  • Бернс В. – „Менаџмент и уметност“, Клио, Белград, 2009
  • Stern L. – „Stage Management”, Allyn & Bacon, 2005
  • Hotnhaner E. - „The Complete Film Production Handbook”, Focal Press, 2001

Забелешка:

Литературата кандидатите можат да ја најдат во библиотеката на ФДУ и народната и универзитетска библиотека „Климент Охридски“ - Скопје.

Проверката на компетенциите за Студиската програма за Филмска и ТВ монтажа се состои од два дела:

Во ПРВИОТ дел, сите кандидати пристапуваат кон:

  • Решавање на тест од општа култура
  • Проверка на музичката надареност
  • Писмен испит - анализа на филмската монтажа во прикажан игран филм,
  • Усмен испит - одбрана на писмената анализа, како и прашања од областа на филмската, телевизиската, ликовната и музичката култура.

По ПРВИОТ дел, врз основа на резултатите, Комисијата пристапува кон селекција на кандидатите во потесен избор, а избраните кандидати влегуваат во ВТОРИОТ дел од проверката каде што пристапуваат кон:

  • Практични задачи од областа на филмската и телевизиската монтажа,
  • Писмени задачи од областа на филмската и телевизиската монтажа,
  • Усмен испит од областа на филмската и телевизиската монтажа.

Врз основа на резултатите од првиот и вториот дел на проверката, Комисијата ги рангира и одбира кандидатите кои стекнуваат право на упис на Студиската програма за филмска и ТВ монтажа.


Литература за подготовка:

  • У. Грегор и Е. Паталас – „Историја на филм“
  • М. Бабац - „Језик монтаже покретних слика“
  • К. Рејс и Г. Милер – „Филмска монтажа“
  • А. Димитријевиќ – „Гладак рез“
  • М. Медиговиќ – „Дигитални филм“ - од 17 до 74 страна
  • Лексикон на филмски и телевизиски изрази

I ДЕЛ

  • Тест од општа култура.
  • Есеј (писмена работа) на зададена тема (анализа на еден игран филм).
  • Разговор со кандидатите и одбрана на писмената работа.
Оние кандидати што ќе го положат првиот дел од проверката, пристапуваат на полагање на втор дел.

II ДЕЛ

  • Тестови за креативност, имагинација и други задачи сврзани со областа за која се конкурира.
  • Снимање на краток филм - етида на зададена тема (на видео).
  • Експликација и одбрана на филмот.

Литература:

  • Радош Новаковиќ – „Историја филма“
  • Владимир Петриќ – „Развој филмских врста“
  • Марсел Мартен – „Филмски језик“
  • Јежи Плажевски – „Језик филма“
  • Андре Базен – „Шта је филм“ ( I, II, III, IV)

За дополнителни информации обратете се на: amitrikeski@gmail.com.

Со пријавата за проверка на компетенциите и биографијата со осврт на дотогашната фотографска или филмска аматерска или професионална работа, кандидатите се должни во студентската служба на ФДУ да достават 10 свои фотографии, црно бели или во боја, снимени со класична фотохемиска или дигитална технологија. Фотографиите треба да бдат зголемени, односно печатени, на фото хартија со формат 18 х 24 или 20 х 30 см (А4) во сопствена домашна, школска, клубска или комерцијална лабораторија или печатач. Фотографиите можат да бидат залепени на хартиена или картонска подлога, но не поголема од формат 30 х 40 см. Оваа колекција од фотографии треба да претставува самостојна авторска презентација на кандидатот. Од кандидатите се очекува познавање на сите технички и други поединости за приложените фотографии. Кандидатите се должни негативите, односно дигиталните записи за сите фотографии да ги покажат пред комисијата на приемниот испит. Ако кандидатот се бави со филмско или видео снимање, со фотографиите може на DVD да приложи и свој аматерски или професионален филм.

Сите пријавени кандидати решаваат тест од областа на визуелната, филмската и општата култура и прават писмена анализа со осврт на камерата на еден игран филм, кој ќе им биде прикажан на Факултетот за драмски уметности.

Информираноста и мотивираноста за студиите и занимањето филмски и ТВ снимател, знаењето и вештината за фотографирање, сензибилитетот и ликовноста на фото-филмскиот израз, како и увидот во специфичностите на психофизичките и други предуслови за успешно студирање, се битни елементи за избор на кандидатот за вториот круг, што се врши низ разговор со комисијата.


Вториот дел од проверката на компетенциите се состои од изработка, со сопствена дигитална фото и видео техника, на две фото и видео задачи зададени од комисијата. Од успешноста на решенијата, што ќе се утврди низ усмен разговор, зависи изборот на кандидатите кои ќе стекнат право за упис на Студиската програма за филмско и ТВ снимање. Оние кандидати кои не ќе бидат во можност за проверката на компетенциите да понесат сопствена фото и видео техника, ќе бидат сервисирани со техника на Факултетот за драмски уметности.

За да би можеле успешно да ги изработуваат вежбите во текот на студиите, сите студенти треба да ја познаваат класичната фотохемиска црно-бела фотографија и задолжително треба да имаат сопствена фотографска опрема од висока аматерска или полупрофесионална категорија - квалитетен рефлексен SLR 35 мм фотоапарат опремен со широкоаголен, среден и тесноаголен објектив, светломер за мерење на упадно светло и адекватен статив.


За подготовка на кандидатите им се препорачува, барем по еден наслов од секоја група на долунаведената


Литература:

  • Д. Кажиќ: - „Фотографија“;
  • В. Плавевски: - „Фотографија“;

  • А. Трпески – „Филмска и ТВ Камера - книга 1, Основи на снимателската техника“
  • Д. Чишаир – „Снимање камером“;

  • В. Петриќ – „Увоѓење у филм“;
  • Е. Линдгерн – „Уметност филма“;

  • В. Петриќ: - „Развој филмских врста“;
  • У. Грегор и Е. Паталас – „Историја филмске уметности“ I, II и III;
  • Ѓ. Василевски – „Историја на филмот“ I, II, III и IV
  • М. Чепинчиќ – „Македонскиот игран филм“ I и II

  • А. Петерлиќ – „Основи теорије филма“;
  • Д. Стојановиќ – „Теорија филма“
  • М. Мартен – „Филмски језик“;
  • Ј. Плажевски – „Језик филма“;

  • *** „Лексикон филмскиих и телевизиских израза“ I и II
  • *** „Филмска енциклопедија“ А-З
  • (снимател, композиција на кадарот, светло, објективи, позиција на камерата)

I ДЕЛ

  • Писмена работа на зададена тема.
  • Разговор со кандидатите и одбрана на писмената работа.

* Оние кандидати што ќе го положат првиот дел пристапуваат на полагање на втор дел.


II ДЕЛ

  • Пишување драмска сцена или синопсис според зададени параметри
  • Одбрана на напишаната сцена или синопсис
  • Разговор - на кандидатите им се препорачува да се подготват да разговараат за драми, театарски претстави и филмови по сопствен избор.

Се препорачува и следнава литература и филмови:

  • Софокле - „Ојдип тиранин“, Мисла, Скопје, 1991;
  • Молиер - „Тартиф“, Мисла, МК, НК, Култура, Скопје, 1986;
  • Б. Брехт - „Мајката храброст и нејзините деца“, Култура, МК, Мисла, НК, Скопје, 1977;
  • Х. Пинтер - „Домарот“, Детска радост, Скопје, 1996;
  • С. Бекет - „Чекајќи го Годо“, Детска радост, Скопје;
  • В. Шекспир - „Хамлет“;
  • А. П. Чехов - „Галеб“;
  • Г. Стефановски - „Диво Месо“;
  • „Македонска крвава свадба“, игран филм, режија Трајче Попов;
  • „Среќна Нова ’49“, игран филм, режија Столе Попов;
  • „Пред дождот“, режија Милчо Манчевски;
  • „Кум“, игран филм, режија Ф.Копола;
  • „Пијанист“, игран филм, режија Р.Полански;
  • „Изгорени од сонцето“, режија Н.Михалков;

I ДЕЛ

  • Писмена работа на зададена тема.
  • Разговор со кандидатите и одбрана на писмената работа.
  • Проверка на чувството за ритам и слух.

*Оние кандидати што ќе го положат I-виот дел пристапуваат на полагање на II дел.


II ДЕЛ

  • Вежби за креативност, имагинација и други задачи поврзани со областа за која се конкурира.
  • Практична работа на етиди (вежби) по зададени теми, ситуации или ликови.
  • Завршна презентација на најмалку една вежба со одбрана.

Задолжителна литература:

Драми:

  • Софокле - „Антигона“
  • В. Шекспир - „Хамлет“
  • А. П. Чехов – „Вишновата градина“
  • Т. Стопард - „Розенкранц и Гилденстерн се мртви“
  • В. Чернодрински - „Македонска крвава свадба“
  • Г. Стефановски - „Диво месо“

Теорија:

  • К.С. Станиславски - „Систем“
  • Љ. Георгиевски - „Свет сон“
  • Ј. Гротовски - „Кон сиромашниот театар“
  • Р. Греам - „Театар, интензивен курс“
  • кандидатот да биде подготвен за разговор во врска со 3 (три) македонски театарски претстави кои ги гледал во последните 3 години.