Факултет за Драмски Уметности - Скопје
Faculty of Dramatic Arts - Skopje
ФДУ - Скопје
FDA - Skopje
Центар за кариера на ФДУ
Центарот за кариера при Факултетот за драмски уметности во Скопје има за цел да ги подготви студентите при преминот од академскиот живот до професионално вработување, да ги поврзе со работодавачите и да им понуди поддршка во стекнување на знаења и вештини кои се потребни во модерниот професионален свет. Тоа ќе го постигнеме со тоа што:
Клучната улога на Центарот за кариера е:
Заради обезбедување на делотворен систем за поддршка на студентите и дипломците во развојот на знаења и вештини кои ќе им бидат од значење при вработувањето или при продолжување на образованието, основан е Центар за кариера при Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Задачи на Центарот за кариера се:
Корисници на Центарот за кариера се:
Можности за Вработување
Факултетот за драмски уметности во Скопје е во постојан контакт со останатиот деловен свет со цел да им овозможи на студентите соодветно да ги задоволат потребите на компаниите кои регрутираат идни кадри од областа на сценско-изведувачките и аудиовизуелните уметности. Центарот за кариера обезбедува соработка со бизнис секторот и ги упатува студентите на практична работа, ги следи информациите за стипендии, а по завршување им нуди помош при вработување и го следи нивниот развој во кариерата.
Студентите имаат можност низ практична работа да се здобиваат со знаење и лично да ги запознаат своите идни партнери и работодавачи. Со тоа се отвораат неограничени можности секој студент да го тестира своето теоретско и практично знаење во разни домашни и странски компании, не само во Македонија, туку и во странство.
Практична обука
Факултетот за драмски уметности во Скопје ќе склучи договори за соработка односно согласност за изведување на практична обука со бројни компании и институции. Повеќе информации за практичната обука ќе бидат дополнително ажурирани.
Работодавци
Заради остварување на подобра соработка со компаниите во Р.Македонија и поврзување на студентите и дипломираните на Факултетот за драмски уметности во Скопје, како Центар за кариера при Факултетот за драмски уметности Ви ги предлагаме следните активности:
Презентација на компанијата
Претставете им се на студентите и на дипломираните кои бараат работа, кажете им на сите зошто сте подобар работодавец од другите. Ви нудиме презентација на:
Студентски проекти
Пронајдете студенти кои ќе работат на одреден проект - ќе добиете квалитетна услуга, нови идеи и можност прв да одберете некој од најдобрите уметници и индивидуалци.
Конкурси и натпревари
Дајте им на студентите одредена задача или проблем кој ќе треба да го решат. Пронајдете го најталентираниот играч за својот тим.
Работилници и предавања
Поделете го своето знаење со студентите. Одржете им предавање, работилница, семинар... Влијателно сугерирајте какво знаење и вештини ќе имаат Вашите идни вработени.
Програмска пракса и волонтирање
Извонредна можност на дело да ги видите своите потенцијални вработени, да ги обликувате според своите потреби и да го промовирате општествено одговорното работење на својата компанија.
Хонорарна и привремена работа
Вам ви се потребни млади, вредни луѓе за хонорарна и привремена работа, а на нашите студенти им е потребно практично искуство - Центарот за кариера на ФДУ е тука да ви поврзе.
Огласување на слободните работни места
Можете да ги огласите своите потреби за висококвалификуван кадар на нашата web страна, со директен e-mail до нашите студенти, на огласната табла во Центарот за кариера на Факултетот.
Спонзорство
Бидете спонзор на активностите кои ги реализира Центарот за кариера на ФДУ. Вашите идни вработени ќе го ценат вниманието кое сте им го посветиле додека биле на студии. Дајте малку и тоа ќе Ви се врати со камата преку квалитетни млади луѓе кои ќе ја водат Вашата компанија во иднина.
Услуги за работодавците
Воспоставување партнерство на високо ниво е клуч за успешно вработување. Центарот за Кариера нуди опширна листа на услуги за да им помогнат на работодавците во воспоставување односи со студентите. Работодавците кои ги користат нашите услуги ја ценат работата и ефикасноста со која ние им излагаме во пресрет на нивните барања.
Сите услуги на Центарот за кариера се бесплатни за регистрираните студенти и работодавачи.