Факултет за Драмски Уметности - Скопје
Faculty of Dramatic Arts - Skopje
ФДУ - Скопје
FDA - Skopje
Додипломски студии - Продукција

Студиската програма за ПРОДУКЦИЈА е конципирана врз стручно, занаетско и уметничко образование на профилот: ДИПЛОМИРАН ПРОДУЦЕНТ. Наставата на студиската програма за продукција овозможува образование на менаџери од различни нивоа на институции и проекти од областа на театарот, филмот, телевизијата и радиото како уметнички дејности и медиуми.
Основна цел на наставата на студиската програма за Продукција е обезбедување на сеопфатни познавања на релевантните аспекти на менаџментот во областа на театарот, филмот, телевизијата и радиото. Наставните целини се конципирани на начин кој овозможува примена на познавањата во секој од наведените медиуми на нивоа на проектен менаџмент, како и менаџмент на институциите чија дејност е поврзана со медиумите.
Акцентирани се темите кои се однесуваат на менаџмент и продукција. Но истовремено наставата овозможува стекнување на детални познавања од останатите уметнички дисциплини од областа на наведените уметнички дејности, како и општо-образовни предмети, релевантни за профилот продуцент.
| Предмети |
|---|
| Продукција |
| Филмско и ТВ снимање |
| Филмска и ТВ монтажа |
| Филмска техника и технологија |
| Електронска техника и технологија |
| Театарска режија |
| Филмска и ТВ режија |
| Драматургија |
| Филмско и ТВ сценарио |
| Сценографија |
| Костимографија |
| Историја на филмот |
| Историја на уметноста |
| Македонска драма и театар |
| Историја на светска драма и театар |
| Применета музика |
| Естетика |
| Информатика |
| Финансиски менаџмент |
| Македонски јазик |
Студиска програма - Продукција (2022)