Факултет за Драмски Уметности - Скопје
Faculty of Dramatic Arts - Skopje
ФДУ - Скопје
FDA - Skopje
Услови за запишување - Додипломски студии
Факултетот за драмски уметности - Скопје, во учебната 2024/2025 година ќе врши упис на идни филмаџии. Ако сте во филм да правите филмови, тогаш сте на вистинското место. Имате можност да конкурирате за следниве студиски програми:
(Повеќе информации за конкурсот можете да прочитате во документот со соопштението од следниот линк.)
Изборот на младите филмаџии кои ќе станат дел од нашиот ФДУ ќе се врши преку проверка на нивните знаења, афинитети и таленти за раскажување приказна преку јазикот на филмот. За сите заинтересирани ќе има можност и за подготвителни курсеви.
Подготвителен курс по Филмско и ТВ снимање Подготвителен курс по Филмска и ТВ монтажа
ЗАБЕЛЕШКА: Заради термините за полагање на државната матура, термините за почеток на подготвителните курсеви по Филмска и ТВ камера и Филмска и ТВ монтажа СЕ ПОМЕСТУВААТ, ПА НАМЕСТО НА 05.06.2024, КУРСЕВИТЕ ЌЕ ЗАПОЧНАТ НА 10.06.2024 ГОДИНА.
Право да се пријават на приемните испити за секоја од трите класи имаат сите кандидати со завршено средно образование (сите насоки), а сите поединости ќе бидат објавени во Конкурсот за упис на студенти за 2024/2025.
Вообичаената структура на приемниот испит може да ја најдете подолу ако кликлете на програмата за која сте заинетерсирани:
Проверката на компетенциите за Студиската програма за Филмска и ТВ монтажа се состои од два дела:
Во ПРВИОТ дел, сите кандидати пристапуваат кон:
По ПРВИОТ дел, врз основа на резултатите, Комисијата пристапува кон селекција на кандидатите во потесен избор, а избраните кандидати влегуваат во ВТОРИОТ дел од проверката каде што пристапуваат кон:
Врз основа на резултатите од првиот и вториот дел на проверката, Комисијата ги рангира и одбира кандидатите кои стекнуваат право на упис на Студиската програма за филмска и ТВ монтажа.
Литература за подготовка:
I ДЕЛ
II ДЕЛ
Литература:
Препорачани филмови:
Со пријавата за проверка на компетенциите и биографијата со осврт на дотогашната фотографска или филмска аматерска или професионална работа, кандидатите се должни во студентската служба на ФДУ да достават 10 свои фотографии, црно бели или во боја, снимени со класична фотохемиска или дигитална технологија. Фотографиите треба да бидат зголемени, односно печатени, на фото хартија со формат 18 х 24 или 20 х 30 см (А4) во сопствена домашна, школска, клубска или комерцијална лабораторија или печатач. Фотографиите можат да бидат залепени на хартиена или картонска подлога, но не поголема од формат 30 х 40 см. Оваа колекција од фотографии треба да претставува самостојна авторска презентација на кандидатот. Од кандидатите се очекува познавање на сите технички и други поединости за приложените фотографии. Кандидатите се должни негативите, односно дигиталните записи за сите фотографии да ги покажат пред комисијата на приемниот испит. Ако кандидатот се бави со филмско или видео снимање, со фотографиите може на DVD да приложи и свој аматерски или професионален филм.
Сите пријавени кандидати решаваат тест од областа на визуелната, филмската и општата култура и прават писмена анализа со осврт на камерата на еден игран филм, кој ќе им биде прикажан на Факултетот за драмски уметности.
Информираноста и мотивираноста за студиите и занимањето филмски и ТВ снимател, знаењето и вештината за фотографирање, сензибилитетот и ликовноста на фото-филмскиот израз, како и увидот во специфичностите на психофизичките и други предуслови за успешно студирање, се битни елементи за избор на кандидатот за вториот круг, што се врши низ разговор со комисијата.
Вториот дел од проверката на компетенциите се состои од изработка, со сопствена дигитална фото и видео техника, на две фото и видео задачи зададени од комисијата. Од успешноста на решенијата, што ќе се утврди низ усмен разговор, зависи изборот на кандидатите кои ќе стекнат право за упис на Студиската програма за филмско и ТВ снимање. Оние кандидати кои не ќе бидат во можност за проверката на компетенциите да понесат сопствена фото и видео техника, ќе бидат сервисирани со техника на Факултетот за драмски уметности.
За да би можеле успешно да ги изработуваат вежбите во текот на студиите, сите студенти треба да ја познаваат класичната фотохемиска црно-бела фотографија и задолжително треба да имаат сопствена фотографска опрема од висока аматерска или полупрофесионална категорија - квалитетен рефлексен SLR 35 мм фотоапарат опремен со широкоаголен, среден и тесноаголен објектив, светломер за мерење на упадно светло и адекватен статив.
За подготовка на кандидатите им се препорачува, барем по еден наслов од секоја група на долунаведената
Литература:
I ДЕЛ
II ДЕЛ
I ДЕЛ
* Оние кандидати што ќе го положат првиот дел пристапуваат на полагање на втор дел.
II ДЕЛ
Се препорачува и следнава литература и филмови:
Оваа година (2022/23), за првпат, Факултетот за драмски уметности ќе отвори мешана класа по Актерска игра и Театарска режија.
I ДЕЛ
*Оние кандидати што ќе го положат I-виот дел пристапуваат на полагање на II дел.
II ДЕЛ
Задолжителна литература:
Драми:
*Кандидатите треба да имаат широки познавања од македонската и светската драмска и прозна литература.
Теорија:
*Кандидатите треба да бидат подготвени за разговор во врска со 3 (три) македонски театарски претстави кои ги гледале во последните 4 (четири) години.
Согласно Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2021/22 Факултетот за драмски уметности ќе оддржи приемен испит за запишување на нова класа на студиската програма Продукција. Целта на приемниот испит е да ги провери предзнаењата на кандидатите на релевантните аспекти на менаџментот во областа на театарот, филмот, телевизијата и радиото.
Предвидено е приемниот испит да се изведе во два круга, кои ќе бидат елиминациони. Поточно, во првиот круг ќе учествуваат сите пријавени кандидати, а во вториот само оние кои ќе освојат доволно поени во првиот.
Првиот круг од приемниот испит ќе се состои од два дела:
Поради следење на препораките за превенција од ширење на заразата кандидатите на приемниот испит во живо само ќе го решаваат тестот и ќе ја напишат анализата на делото според нивниот личен избор.
Првиот круг завршува со дискусија за напишаната анализа и интервју со кандидатот од страна на Комисијата за спроведување на испитот.
Во вториот круг кандидатите кои ќе го поминат првиот ќе реализираат кратка вежба - продукциска анализа на дадена ситуација од продукција на театарско или филмско дело според нивни афинитет.
Право на упис на ФДУ имаат оние кандидати кои успешно ќе ги поминат двата круга од испитот.
Задолжителна литература:
Дополнителна литература:
Контакт меил:
Забелешка:
Литературата кандидатите можат да ја најдат во библиотеката на ФДУ и народната и универзитетска библиотека „Климент Охридски“ - Скопје.
Приемен испит за запишување на нова класа на студиската програма Продукција