Факултет за Драмски Уметности - Скопје
Faculty of Dramatic Arts - Skopje
ФДУ - Скопје
FDA - Skopje
Почесен доктор
Професори носители на титулата почесен доктор (doctor honoris causa) по предлог на Наставно-научниот совет на Факултетот за драмски уметности - Скопје:
Проф. д-р Патрис Павис
На 21.10.2025 година, во Ректоратот на Универзитетот „Св, Кирил и Методиј„ во Скопје се одржа свечена церемонија на која му беше доделена титулата почесен доктор (doctor honoris causa) на проф. д-р Патрис Павис, реномиран професор по театарски студии во пензија од Република Франција.
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како најстара, најголема и најзначајна високообразовна и научна установа во Република Северна Македонија, во текот на своето постоење разви длабока традиција на академска извонредност, меѓународна соработка и вреднување на вистинските придонеси во науката, образованието и општествениот развој.
Титулата почесен доктор Doctor Honoris Causa не е само формален гест на признание. Таа претставува израз на длабока почит и благодарност, но и потврда на вредностите кои нашиот Универзитет ги негува: квалитет, интегритет, посветеност и академска соработка со универзитетите ширум светот.
Професорот Патрис Павис е личност со извонредни научноистражувачки, педагошки и наставно-стручни достигнувања – реномираниот театролог и професор по театарски студии во пензија од Универзитетот Париз 3 – Нова Сорбона, Универзитетот Париз 8 – Винсен Сен Дени од Република Франција и од Универзитетот во Кент, Англија.
Автор е на познати трудови, академски публикации, книги, монографии и драмски пиеси од областа на современата театрологија, но неговото творечко дело е од непроценливо значење и за развојот на високообразовната дејност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Со својата стручност, пристапност и подготвеност за соработка, тој даде значаен придонес во зацврстувањето на врските помеѓу две академски средини, две култури, два театра и многубројна публика.
Биографијата на почитуваниот професор Патрис Павис е на следниот линк.
Одлуката за доделување титула – почесен доктор на науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (doctor honoris causa) е на следниот линк.