Факултет за Драмски Уметности - Скопје
Faculty of Dramatic Arts - Skopje
ФДУ - Скопје
FDA - Skopje
Додипломски студии - Филмско и ТВ снимање

Додипломските студии по ФИЛМСКО И ТВ СНИМАЊЕ се организирани според ЕКТС како осумсеместрални, четиригодишни, академски студии за едуцирање на идни стручњаци со цел формирање на креативни и самостојни личности, кои ќе ги имаат сите предиспозиции да прераснат во авторски личности од уметнички профил, кои своето акумулирано академско знаење и умешност, соодветно ќе го изразат во филмското и телевизиското творештво.
Предавањата, вежбите, семинарите и практичната работа се само дел од образовниот модел. Главна и основна окосница е индивидуалната, менторската и тимската работа врз остварувањето на практичните и уметничките задачи на наставната продукција од подрачјата на Филмското и ТВ снимање, Фотографијата и делумно од подрачјата на Режијата, Монтажата и Продукцијата. Реализацијата на наставната филмска продукција, како и на емисии на телевизиските програми, представува значајна компонента во практичната работа на студентите по Филмско и ТВ снимање.
Дипломирањето на оваа студиска програма е условено со полагање на дипломски испит. Правото за полагање на дипломскиот испит, студентот го стекнува откако ќе ги положи сите задолжителни предметни програми и ќе освои најмалку 240 кредити. Со дипломирањето на оваа студиска програма, студентот добива диплома за завршено високо образование и високостручно звање ДИПЛОМИРАН ФИЛМСКИ И ТЕЛЕВИЗИСКИ СНИМАТЕЛ, со сите права според законот.
| Предмети |
|---|
| Филмско и ТВ снимање |
| Технологија на филмската слика |
| Технологија на електронската слика |
| Дигитална постпродукција |
| Снимање и обработка на тон |
| Филмско и ТВ сценарио |
| Филмска и ТВ режија |
| Филмска и ТВ монтажа |
| Актерска игра пред камера |
| Основи на продукција |
| Основи на драматургијата |
| Теорија на филмот |
| Историја на филмот |
| Историја на уметност |
| Компаративна книжевност |
| Естетика |
| Применета музика |
| Психологија и психопатологија |
| Македонски јазик |
Студиска програма - Филмско и ТВ снимање (2022)