FDU Logo
1969 50 2019

Факултет за Драмски Уметности - Скопје

Faculty of Dramatic Arts - Skopje

ФДУ - Скопје

FDA - Skopje


Додипломски студии

Во рамки на првиот циклус студии - Додипломски студии се изведуваат студии по Актерска игра, Театарска и филмска драматургија, Продукција, Театарска режија, Филмска и ТВ монтажа, Филмска и ТВ режија, Филмско и ТВ снимање.

АКТЕРСКА ИГРА

Наставната програма за Актерска игра се базира врз универзалните принципи на К. С. Станиславски и неговите ученици и следбеници, дополнети со теоријата и праксата на Брехтовиот театар, како и на Јежи Гротовски, Питер Брук и другите режисери - педагози на XX век.

повеќе...

ТЕАТАРСКА И ФИЛМСКА ДРАМАТУРГИЈА

Современата професија Драматург е поставена како мултимедијален занает, која на завршениот студент му овозможува стручни драматуршки познавања, неопходни во процесот на производство на проекти од областа на драмските уметности: театарот, филмот, телевизијата, радиото и операта.

повеќе...

ТЕАТАРСКА РЕЖИЈА

Наставната програма се базира на ставот дека режија се учи режирајќи под супервизија на наставникот...

повеќе...

ПРОДУКЦИЈА

Студиската програма за ПРОДУКЦИЈА е конципирана врз стручно, занаетско и уметничко образование на профилот: ДИПЛОМИРАН ПРОДУЦЕНТ. Наставата на студиската програма за продукција овозможува образование на менаџери од различни нивоа на институции и проекти од областа на театарот, филмот, телевизијата и радиото како уметнички дејности и медиуми.

повеќе...

ФИЛМСКА И ТВ МОНТАЖА

Организирањето на студиите по ФИЛМСКА И ТВ МОНТАЖА во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за своја примарна цел го имаат едуцирањето на идните стручњаци кои ќе умеат соодветно да го разберат / протолкуваат филмскиот и телевизиски јазик и своето акумулирано академско знаење и умеење да го изразат во сите форми на филмското и телевизиско творештво. Студиите по монтажа се организирани според ЕКТС како осумсеместрални, четиригодишни академски студии.

повеќе...

ФИЛМСКА И ТВ РЕЖИЈА

Програмата за Филмска и ТВ режија се базира врз ЕКТС а низ предавања и вежби, заеднички и индивидуални, за изучување и совладување на стручните програмски основи од областа на ФИЛМСКАТА И ТВ РЕЖИЈА.

повеќе...

ФИЛМСКО И ТВ СНИМАЊЕ

Додипломските студии по ФИЛМСКО И ТВ СНИМАЊЕ се организирани според ЕКТС како осумсеместрални, четиригодишни, академски студии за едуцирање на идни стручњаци со цел формирање на креативни и самостојни личности, кои ќе ги имаат сите предиспозиции да прераснат во авторски личности од уметнички профил, кои своето акумулирано академско знаење и умешност, соодветно ќе го изразат во филмското и телевизиското творештво.

повеќе...